Конизација

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Dr.Aluloski, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Д-р Игор Алулоски одговара на прашања поврзани со конизација.
     
    На tinavip му/ѝ се допаѓа ова.
  2. omara-sk

    omara-sk Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Почитувани!!
    имам 31 година и пред 6 месеци правено конизација во ремедика... со наод HPV 18 и CIN 2 во моментов сум 5 недела бремена, па би сакала да ми кажете дали има некакви последици и проблеми во бременоста со ваков наод... матичниот лекар ја води мојата бременост во ризична :((

    однапред ви благодарам
     
  3. BELONG69

    BELONG69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Почитувани,

    Нова сум на Форумот, и навистина ме радува што и на ваков начин може да се комуницира со стручни лица од различни области како и споделување на искуства со другите членови, знаејки дека не сме сами во проблемот кој во моментот не мачи. Имено, пред еден месец на ПАП добив резултат високоризичен ХПВ, ЦИН3/ЦИС кој што прилично ме изненади, имам 42 години, 20 годишен син, и покрај редовните контроли на кои не сум имала ниту ЦИН1, се соочив со ваков резултат. Нејсе, одма следуваше киретажа/биопсија со која се потврди резултатот, за да после една недела направам Конизација со ултра соничен нож,класична....помина одлично, резултатите ја потврдија дијагнозата , и според нив, резот егзо и ендоцервикално завршува во здраво.
    Поминаа 3 недели, јас се чуствувам добро, за една недела треба да одам на контрола да видиме како заздравува раната и по 3 месеци повторно следува ПАП тест.
    Ме интересира какви се шансите од повторување на ваквиот резултат, со толку изменети клетки,на што највеќе да обрнам внимание за да се заштитам ?

    Ви благодарам
     
  4. elena1234

    elena1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Почитуван Д-р Алулоски

    Имам 29 години, пред 8 месеци правев конизација со ултразвучен нож (резулатат од ПАП: цин 3). На 10-от ден од конизацијата имав обилно крварење, кое траеше цели 12 дена (мислам дека се спои со циклус). Резултатите од конизација беа во ред, но кај мене се јавува дилема какви се контролите после операцијата, имајќи предвид дека редовно сум правела ПАП тестови и секогаш биле нормални, а одеднаш завршив со дијагноза ЦИН 3. Дали покрај пап треба дополнително и други тестови?
    Инаку за овие 8 месеци имам правено два пап теста, од кој на вториот се појави само ХПВ. И дали во случај на бременост, редовно се препорачува серклаж и царски рез?
     
  5. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Во васиот случај индикацијата за конизација е соврсено јасна и тука нема дилема. Вообичаено првата контрола после операцијата е на еден месец постоперативно, потоа 4 месеци постопоеративно кога се зема контролен ПАП, на 8 месеци со повторна контрола на ПАП и на една година од операцијата. Тоа што ПАП тестовите биле нормални а одеднаш се појавил ЦИН 3 е малку зачудувачки, предпоставувам дека се работи за некој вид на превид, или несоодветно земен брис или лабораториска грешка при читањето на тестот (на воков вид на лажно негативни резултати во просек отпаѓаат ~30% од резултатите кои се читаат во цитолошките лаборатории, тоа важи за сите цитолошки лаборатории ширум светот, прифатен процент на грешка. Ниедна дијагностичка метода не е идеална.). Тоа што Ви се појавил ХПВ на контролниот брис не е ништо чудно. Со операцијата се отстранува промената што ја предизвикал вирусот но не и самиот вирус. Тој може и понатаму да перзистира или пак да се работи за реинфекција. Потребно еда работите на вашиот имунитет кој ќе го елиминира вирусот. Во случај на бременост не постои апсолутна индикација за серклаж или пак за породување со царски рез. Овие оперативни интервенции се спроведуваат само доколку за тоа постои јасно утврдена индикација.
     
    На AngIv му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Главниот етиолошки причинител на преканцерозни лезии на грлото на матката како и на самиот карцином представува перзистентна инфекција со високоризичен тип на ХПВ. Со операцијата се одстранува промената предизвикана од вирусот но не и самиот вирус. Според тоа да постои можност од повторување на промени на грлото на матката доколку вирусот перзистира или дојде до реинфекција. Она што вие може да го направите како превенција тоа е зајакнување на имунитетот со конзумирање на имуностимулаторни препарати како С витамин, бета каротен, А витамин, фолна киселина, Цинк, Селен, Зелен чај, Алое вера итн., забрана за пушење, заштитени сексуални односи (ХПВ е сексуално пренослива инфекција), редовни гинеколошки прегледи со земање на ПАП тест и колпоскопски преглед. Стимулација на имунитетот важи и за вашиот сопруг, евентуален преглед од дермато-венеролог за присуство на промени на пенисот предизвикани од ХПВ.
     
    На BELONG69 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Со право вашиот матичен гинеколог ја води вашата бременост како високоризична. Пре рано сте останале бремени после операцијата. Обично се препорачува да не се забременува најмалку една година после ваков тип на операција. Од самиот наод не би требало да се секирате дека би имал некаков ефект врз брменоста, проблемот е во самата операција, односно краткото време од операцијата до забременувањето. Треба да внимавате на опасноста од спонтан абортус во тек на раната бременост како последица на инкомпетенција на цервиксот, може да се јави и потреба од пласирање на серклаж (пдврзување на грлото на матката) доколку за тоа се јави потреба. Тука секако е и опасноста од предвремено породување. Но ова не треба да ве обесхрабри и уплаши. Тоа никако. Јас само ви ги предочувам евентуалните опасности со кои може да се соочите, но тоа не значи дека и ќе се случат. Верувам дека ќе биде се во ред ;)
     
  8. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    POCITUVAN DALI MORA DA SE PRAVI KONIZACIJA AKO POSTOI CIN 2 ILI TOA MOZE DA SE LEKUVA I SO VITAMISKA TERAPIJA ILI NEKOJA DRUGA?
     
  9. embrion

    embrion Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Pocituvan Doktore imam 25 godini pred 8meseci se praves konizacija imav CIN3 (HPV18 i 53 visoko rizicni) mi ostranija del od grloto na matkata sega sum dobra na narednite pregledi na PAP testovite i HPV nemam nisto.Dali e mozno HPV-virusite da isceznale sami po sebe zosto znam deka tie ne se lecat?Megvremeno zemam vitamini

    Women's Ultra Mega Energy and Metabolism

    [urlhttp://www.google.com/products/catalog?q=women's+ultra+mega+energy+and+metabolism&hl=en&prmd=imvns&bav=on.2,or.r_gc.r_pw.r_cp.r_qf.,cf.osb&biw=1024&bih=649&um=1&ie=UTF-8&tbm=shop&cid=16667635891778052280&sa=X&ei=Z1WgT73yEorsggf47r2BDg&ved=0CEoQ8wIwAA][/url]
    i toa ovie se nadevam deka se dobri pijam aloe vera i jadam med,ne pusam,mazena sum i sakam da prasam koga e najdobar period posle operacijata da zabremenam i dali bremenosta bi mi bila rizicna .Vi blagodaram mnogu pozdrav :)
     
  10. zokapoka12

    zokapoka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    pred tocno 4 god bev uspesno napravena konizacija od vas doktore.se pomina vo najdobar red.imav dijagnoza cin2 ihpv 56 .posse onizacijata rezultatite bea dobri .na posledniot pap test pred 6 meseci imav imav 2 infecii kandida i uste edna.prim av terapija no ne uspesna.sega imam golemi bolki vo desnaata noga i vo matkata.dali moze da se pojavi odnovo istiot problem posle 4god.pozz i golemo blagodaram bideji i posle uspesnata konizacija si dobiv prekrasno since
     
  11. nemampojma

    nemampojma Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    mislenje...

    Interesira me dali posle napravena konizacija moze da mi se pa povtori sve toj... t.s. cin3 i hpv 16+... a inace posle konizaciju napravi svi potrebni testovi i sve bese ok nemase ni cin ni hpv...i dali mozu da ostanu bremena i ako mozu kolko ke e toj rizicno,,,ne sam bila do sga bremena niti sam imala abortusi ,,,, pozdrav i fala :D
     
  12. BELONG69

    BELONG69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Почитуван Др.Алуловски,
    Ви благодарам на корисниот и исцрпен одговор, се трудам да внесувам мн витамини,здрва исхрана, ова со тотално прекинување на цигарите ми оди малку потешко. Имам уште едно прашање, имено,дали ХПВто како главен етиолошки причинител на проблемот кој е во моментов одстранет,може да ми предизвика проблеми и со други органи, во интерес на нивно подетално испитување.
    Поздрав
     
  13. BELONG69

    BELONG69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Почитуван Др.Алуловски,
    Ви благодарам на корисниот и исцрпен одговор, се трудам да внесувам мн витамини,здрва исхрана, ова со тотално прекинување на цигарите ми оди малку потешко. Имам уште едно прашање, имено,дали ХПВто како главен етиолошки причинител на проблемот кој е во моментов одстранет,може да ми предизвика проблеми и со други органи, во интерес на нивно подетално испитување.
    Поздрав
     
  14. crnaaa

    crnaaa Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    ke ve molam pomognete nekoi poiskusni
    inaku pravev konizacija pred edna nedela imav cin 3 i hpv16 po edna nedela mi se javi doktorot da mi gi kaze rezultatite od biopsijata po konizacijata i mi rece" deka se dobri toa e cin 3 no najvazno od se ednocervikalniot del e cist " sto toa znaci pomognete VE MOLAM kako se dobri rezultatite koga mi rece deka toa e cin 3 ,a ednocervikalniot del e cist ne razbiram navistina- na kontrola mi rece po eden mesec da vidime kako zarasnuva sluzokozata a inaku za konsultacii e nedostapen .....
     
  15. crnaaa

    crnaaa Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    ke odgovori li nekoj ....???
     
  16. marjanco

    marjanco Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    доктроре дали имате вевчанско потекло? :)

    го молам докторот да е поактивен на форумот

    имаме конкретна ситуација:
    цин3,направено биопсија,препорака е итно да се направи конизација.
    резултатот е dysplasia epithelii cervicis uteri gradus gravis(исплазија епителот на грлото на матката одделение тешки)
    najintenzina promena najdena vo dostaveniot materijal odgovara na teska displazija na cervikalniot epitel


    докторе ве молам за одговор што да правиме во ваква ситуација?
    колку се чека кај вас за ваква интервенција?

    п.с.Дали ако се изолира нервозата и стресот како секундарен причинител на цин,а првичен ХПВ вирусот,тогаш се многу мали шансите да се појави пак после конизацијата?
     
  17. tinavip

    tinavip Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    53
    поздрав докторе....пред 2 години вие ме опериравте од цин3...немам прашанја само голема благодарност до вас....најдобриот гинеколог до сега што сум го сретнала.... :) :) :)
     
  18. kalimero38

    kalimero38 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Pocituvan doktore,

    Pred 1 godina imav naod HPV 16 i CIN1/2. Pravev klasicna konizacija. Ottogas veke 2 pati pravam PAP test i ne pokazuva prisustvo na virusot. rabotam na imunitet. Mnogu citav za HPV virusot i bi sakala i od vas da cujam, dali ovoj virus se prenesuva isklucivo po seksualen pat ? Koi se drugite faktori sto vlijaat na dobivanje/aktiviranje na ovoj virus?
     
  19. marisol

    marisol Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo jas sum nova na forumov,gledam mn zeni so slicno iskustvo..mn pozitivni licnosti kako i po isplaseni...
    Jas imam mesana infekcija hpv ..pravev kolposkopija mi rece Dr deka e leukoplakia ne e cin,pravev biopsija seuste gi cekam rezultatite..kolkava e moznostoa ,bidejki koga prethodniot bris stigna vo septemvri bese ureden ,ovoj vo april pokaza infekcija so visokorizicni tipovi,megutoa kolposkopijata ne pokaza nisto premnodu strasno,da vidime biopsijata sto ke rece,e sega mene me kopka dali moze za toa vreme da se smenat kletkite i da progresiraat vo kancer i dali toa veke ke bilo vooceno na napravenata kolposkopija ? ?
    blagodaram ...
     
  20. Nicole19

    Nicole19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Isto i kaj mene se slucuva, prvo ke pravam mikrobioloski analizi- bris pa posle menstruacija biopsija. E sega ja kolku so sum informirana za da dojde do tolkava promena na kletkite da preminat vo aktivini onkogeni-tumorski misilam deka treba mnogu vreme.....da se nadevame pozitivno,paa sega toa e toa.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.