Лапароскопија

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Dr.Trajkovski, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    Д-р Владимир Трајковски одговара на прашања поврзани со лапароскопија.
     
    На Vase89, Lavica 344, medena147 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. varsa

    varsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    3
    јас имам ендометријални цисти на јајниците на десен 5 см а на лев 3 см и треба да се правам лапараскопија, дали од двата јајника ке ми ги извадат цистите и дали ке ми бидат сочувани јајниците.
     
  3. sunshineline

    sunshineline Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас правев хистеро и лапараскопија,на која ми бесе отстранет мал септум на матката и ми беше левиот лигамент затегнат , бидејки матката ми беше малку на десната страна и правеше притисок на јајоводот, поради што тој беше непрооден. Операцијата беше успешна двата јајовода проодни, и по операцијата имав терпаија циклопрогинова еден месец. Но , кога за прв пат добив после операцијата и земената терапија имав страшно големи менструални болки какви до сега никогаш не сум имала, не ми помагаше ниту кетонал ниту спазмек форте, дури од болките имав и 37 температура. Ме интересира дали болките се последица од операцијата или се од хормонската терапија, и дали е тоа нормално после таков захват?
     
  4. maca22

    maca22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Почитуван Др.Трајковски
    Пред три години при рутинска контрола ми беше откриен миом на матката.Миомот е од надворешната страна на матката и е со средна големина .Оттогаш го следам и не е пораснат ,немам никакви проблеми и воопшто немав никакви симптоми пред да го откријат.Имам редовен менструален циклус не сум анемична и би сакала да ве прашам дали миомот е пречка за забременување( иако матичниот доктор ми вели дека не е) и дали доколку е по операцијата би можела да забременам ?
    Инаку правев и хормонални испитувања и беа во ред ,сопругот правеше спермограм и тој беше во ред ,правев и фоликулиметрија и сеуште не можам да забременам ????
    Ве молам и да ми кажете кои денови се приемни кај вас за да можам да дојдам на преглед и каков тип на упат ми е потребен??
    Однапред благодарна Марија
     
  5. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Почитуван Др.Трајковски
    Имам циста на лев јајник односно јајникот веќе го нема, бидеќи цистата е зголемена до 6,5 цм.
    Дали постои друг начин на отстранување на цистата освен лапараскопски и хируршки ?
    И доколку не постои , да ми ја објасните постапката на лапараскопија, и всушност што значи лапараскопија ?
    Дали се прави со анестезија и дали анестезијата е локална ?

    Благодарам однапред, поздрав !
     
  6. ivona83

    ivona83 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Pocituvan Dr.Trajkovski
    Jas vo septemvri 2011 godina pravev laparaskopska operacija...imav cista so mrezi okolu nea(cista vo cista) i bese okolo 10cm...doktor koj me operirase stori se za da go spasi jajnikot....no pred mesec dena pocnav da cuvstvuvam pregolemi bolki i leva noga pocna da mi trne ( cistata bese na lev jajnik) se konsultirav so povece ginekolozi i site rekoa deka najdobro reseni e da se odstrani jajnikot . No sega sum vo konfuzija...zatoa sto poveceto preporacuvaat ovoj pat operacija da bide klasicna a ne laparaskopski..a Doktorot koj me operirase veli deka e podobro laparaskopski bi ve zamolila da me sovetuvate koja spored vas operacija e posigurna za mene bez rizik...i samo da napomnam od histopatoloska dijagnoza bese Ovarian mucinous borderline tumor (intestinal type ) with intraepithelial carcinoma
     
    На Vodolija87 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kutre

    kutre Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Pocituvan D-r.Trajkovski.Jas imam 23 godini i mi e otkriena cokoladna cista na desniot jajnik.Eden doktor mi vika deka treba da se pravi laparaskopija a drug doktor mi vika ne.Gledaj da si ostanes bremena vo bremenosta taa pukala. Cistata mi e okolku 3mm.Sakam da go slusnam vaseto mislenje.
     
  8. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Почитуван Д-р Трајковски,
    истото сакам да го прашам. Ние и така планиравме втора бременост па кога тргнав на редовните контроли пред да забременам на левиот јајник имам 3мм чоколадна циста. Сепак останав бремена и сега сум 6месец па баш ме интересира дали ќе се изгуби или сепак е потребна операција? Д-рот мој ми вели дека ако сум пак царски да кажам на тој што ќе го извршува царскиот па воедно да се направи и тоа?!
    Со почит,
    Regenbogen
     
  9. pandevci

    pandevci Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Д-р Трајковски откриена ми е циста на левиот јајник ендометриоза (чоколадна циста) бев во државна и ми рекоа дека треба да се отстрани лапароскопски би сакала да прашам дали со присуство на истата може е да се остане брменеа и дали би била ризична за бременоста бидејки чекам еден месец да ми се јаваат од клиника за лапароскопија и сеусште нема нишо. Благодарам!
     
  10. ivona83

    ivona83 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    драги Фемники ме интересира дали Др.Трајковски ви има одговорено на некоја од вас? затоа што јас сум во исчекување на одговор
     
  11. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    Да, обете цисти може да се отстранат со зачувување на јајниците
     
  12. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    Наредните циклуси ќе покажат дали симптомите навистина се во релација со изведениот оп.зафат
     
  13. elenka88

    elenka88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    4
    На ехо ми открија полип на матка...ми рекоа да се обратам кај вас за хистероскопија..па како иде процедурата,кој ден сте на клиника??? И уште нешто дали е морално да се отстрани,иако сите викаат да,сеа за се не ми прави проблеми никакви,али ми рекоа може да ми засмета за време на бременост здравјe...Што би ми препорачале вие?? Благодарам однапред..
     
  14. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    Да, обврзно потребен Ви е уште еден оп.зафат со оглед на симптомите и хистопатолошката дијагноза. За прашањето како да се изведе (класично или лапароскопски) одлучува гинекологот што Ве оперирал и што претпоставувам повторно ќе ве оперира. Тоа зависи делумно и од текот на претходната операција и начинот на кој е отстранет туморот, како и од Вашиот сегашен наод (резултати од одредени испитувања). За мислење обратете се и кај Д-р Алулоски, кој работи на одделот за посочената патологија. За адекватен одговор на Вашето прашање треба да дојдете со комплетната документација во амбулантата бр.35
     
  15. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    Ви советувам да се јавите во нашите амбуланти со специјалистички упат и претходните наоди. Се разбира дека секоја хируршка интервенција се изведува со анестезија.
     
  16. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    Треба да дојдете со специјалистички упат во амбулантите на нашате клиника за преглед. Се надевам дека сте мислеле на 3 цм а не 3 мм. Ако навистина е така и перзистира подолг временски период треба да се изведе лапароскопија. Како и да е потребен е прво преглед па адекватно мислење.
     
  17. Suzeto

    Suzeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    19
    почитуван др.Tрајковски
    имам цисти на двата јајника во 2003 се оперирав лапараскопски ми се повторија одма на 3 месеци.......димензиите на цистите се исти како тогаш на десен јајник 2-2.5см,а на лев јајник се три цисти но ги мерат заедно и се 5-6см...бев кај двајца др.од еден др.понудено ми е лев јајник да се отстрани хируршки....а од друг др.немора да се оперирам.....ова беше пред 2 год. а сега бев на KT димензиите на цистите се исти ама сум имала и прираслици...незнам дали пред 2 год ги имав прираслиците или не се гледаа или ги немав .......ви благодарам многу и се извинувам на долгиот пост....а иначе немам никакви болки,циклусот ми е редовен....
     
  18. Kamelija2115

    Kamelija2115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Здраво,
    Имам две цисти на едниот јајник, кои после една хормонална терапија не пукнаа. Циклусот ми е сосема нормален на точно 28дена секој месец. Ми правеа тумур маркери и се беше во граници на нормала. Исто така имам и мал миом на внатрешниот ѕид на задната страна на матката кој сосема малку расте (по некој милиметар годишно). Ме интересира дали цистите и миомот пречат при забременување (затоа што другиот јајник пак сосема нормално функционира) дали ќе треба и понатаму да продолжам со хормонална терапија и што ако не пукнат цистите?
    Однапред благодарам.
     
  19. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За SUZETO:
    Најдобро е да дојдете во нашата амбуланта со целата документација. Натамошните одлуки во многу зависат од вашата возраст и дали имате потомство. Добро е што немате болки, но и јас предлагам повторна лапароскопија со цел на зашувување на јајниците, не отстранување (кое некогаш е неизбежно)
     
  20. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За Kamelija 2115:
    Во колку цистите се одржуваат и покрај терапијата и период подолг од 8 недели т.е. 2 последователни циклуси, потребно е адекватно да се евалуираат и потоа да се одлучува за ев. лапароскопска интервенција. Дојдете во нашите амбуланти
     
    На Kamelija2115 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.