Стерилитет

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Dr.Trajkovski, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    Д-р Владимир Трајковски одговара на прашања поврзани со стерилитет.
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zenabalkanska

    zenabalkanska Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Pocituvan Dr.Trajkovski,dijagnosticirana mi e cista na desniot jajnik so golemina nekade okolu 5cm,pred mesec dena mi se javija silni bolki niz celiot abdomen,se javiv kaj maticniot ginekolog toj mi predlozi vednas da me izoperira zatoa sto cistata bila zamotana okolu jajnikot.bev primena na klinika vo Skopje posle dva dena dr.koja me primi rece deka cistata e namalena,a bolkite sosema isceznaa.Ostana na toa deka cistata sama ke prsne so ciklusot.Posle dva meseci dr.mi zakaza kotrola.Tumor markerite bea mirni,koga gi dobiv bolkite leukocitite bez malku pokaceni megutoa podocna se bese vo red.Bi sakala da go slusanam vaseto mislenje,jas imam edno dete rodeno so carski rez pred dve godini,dali e pametno cistata da se izoperira dokolku seuste e tamu,dali e mozno dolku se otstrani pak da se pojavi i dali pri ovulacijata e mozno povtorno da dobijam takvi strasni bolki.Vi blagodaram odnapred
     
    На moja-mesecinka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macorka

    macorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Јас би сакала да прашам какви испитувања постојат и дали постојат испитувања со кои ке може да се открие зошто веќе два пати имав спонтан абортус точно на 7 недели и 6 дена. Досега имам испитувано хормони - резултатите беа добри, проодност на канали-(после кое испитување ми правевте лапароскопија и хистероскопија и ми беше отстранета преграда на матката) афа и д-димери афа испитував еднаш во систина и два пати во државна во систина ми пишуваше дека афата е покачена а во државна два пати ми пишуваше дека афата е во границите на нормалата. Сакам само да кажам дека првиот спонтан ми беше пред операцијата а вториот после. Инаку кога останав по втор пат бремена пиев аспирин матичниот ми рече за секој случај поради резултатите за афата, и утрогестан два пати дневно по 100мг, и лежев цело време и повторно на истиот ден како претходната отидов на преглед и веќе немаше срцева акција. Доколку можете да ми кажете кои испитувања треба да ги направам за да ми се открие што ги предизвикува спонтаните абортуси се плашам да останам бремена и по трет пат поради тоа што постојано ми се случува на истиот термин а толку сакам да имам деца. Ве молам доколку можете посоветувајте ме што да правам. Ви благодарам.
     
  4. wildflower

    wildflower Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Pocituvan bi sakala da prasam za podobruvanje na podviznosta na spermatozoidite.Dali ima nekoj lek po moznost na prirodna baza i kolku posto e efikasen.
    Vi Blagodaram
     
    На BIANCA08 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sladurana

    sladurana Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Докторе, сакам да прашам, се обидувам да забремена веќе 18 месеци, имаме направено спермограма со диагноза, нормоспермија, Hsg снимка со нормална диагноза хормони Ok , samo Progesteron немам проверено. Од овој месец започнав со мерење на ректална базална температура , овулација засечена 36.1 и на следниот ден 36.5 па се така се покачи температурата до 36.8 , ама не помина 37.
    Пред 2 години имав раничка на грлото на матката, беше ласерски обработена.
    Сега прашањето ми е . Дали треба да се направат уште иследувања и кои?
     
  6. draga

    draga Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво,имам 29 години,во брак сум веќе три години од кои две интензивно се обидуваме да добиеме принова.Имам полицистични јајници и понекогаш имам многу болки и при самиот однос.Би сакала да направам и дополнителни испитувања па Ве молам да ме упатите или пак доколку сте во можност да ми закажете преглед кај Вас.Однапред Ви благодарам
     
    На nuriya му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marina27

    marina27 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    sakam da prasam:4 godini se obiduvam da zabremenam,probav so insemenacija bez uspeh,imam policisticni jajnici i ne redoven ciklus.imam praveno hsg,se bese vo red isto i so soprugot odnosno spermogramot e dobar.Dali postoi nekoe ispituvanje sto se dokazuva dali voopsto sum plodna toa mnogu me zagrizuva ;(
     
  8. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    Почитуван Д-ре..ве поздравувам...

    1.Дали може да ми кажете со што може да се подобри плодноста кај жената...?исхрана.лекарства..

    2.Кога треба да сум во овулација...јас имам по 2 сосема мали фоликули,,нема доминантен.,,а потоа по с еизгледа нема ни овулација....како да го подобрам тоа,,да имам повејќе фоликули,една доминантна..и да имам овулација на време како што е предвидено?

    3.Што влијаело на мене да нема фоликули и овулација?

    Ви благодарам
     
  9. 09101977

    09101977 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Pocituvan bi sakala nakratko da vi go opisam mojot problem;jas sum 12 god.vo brak dosega sum imala tri bremenosti od koi site zavrsile so spontani abortusi,inace jas imam policisticni jajnici megutoa imav redovna menstruacija koja nebese problem za zabremenuvajne.Mojot problem bese toa sto nedovolno sozrevaa folikulite a i endometriumot mi bese tenok,pa zatoa so mojot maticen ginekolog probavme so tabletite CLOMIFEN nekolku ciklusi ali ne dojdovme do nekoi rezultati,posle toa probavme so inekcii GONAL F postignavme uspeh ostanav bremena.Megutoa vo cetvrtiot mesec dobiv bolki koi go predizvikaa abotusot,sakam da vi napomenam deka krvarev cela bremenost i bev na teapija so DABROSTON i PROGSTERON- DEPO inekcii.Na patoloskiot naod pisuvase narusena fetoplacenatalna cirkulacija poradi hematomi,mi bese izvrsena revizija.Posle toa napraviv brisevi,pap test,histersalpinografija se bese vo red,mejgutoa menstrulaniot ciklus mi se poremeti pocna da ne mi bide redoven a i ciklusot oskuden t.s krvaram premnogu malku mozebi vo kapki dolzinata e ista pet dena samo sto krvarejneto ne e normalno,se prasuvam dali e mozno da se nesto pogresilo so revizijata zatoa sto do den denes mene ciklusot mi e takov.Megutoa toa ne bese precka da ostanam bremena i po vtor pat se razbira so stimulacija GONAL F ali povtorno za zal imav spontan ovaj pat vo porana bremenost 4 nedela,ali ovaj pat ne mi praveaa kiretaza zatoa sto vo krvarejneto se se iscistilo.Posle toa napraviv pogolemo ispituvajne kao na pr;spermogram NORMOSPERIJA,hormoni treti den od ciklus PROLAKTIN 13,08 FSH 6,01 LH 11,98 ESTRADIOL 119 ;vo osmi den od ciklus FSH 11,87 ;LH 4,89; ESTRADIOL 281,33;PROLAKTIN 8,73.LUPUSANTIKOALUGANT,IMUNOGLOBOLINI(G,A,M)TROMBOCITI,OSNOVNI TESTOVI NA HEMOSTAZA(KOMPLET)HLA FENOTIPIZACIJA,HLA-DR FENOTIPIZACIJA,rezultot:naod ureden.serum za herpes immulite HSV I i II qualitative IQG (pozitivno) ELISA HSV I,II qualitative IGM (negativno).tohoplazma negativno: CMV IQM( NEGATIVNO) CMV IQG( POZITIVNO)EHO pvu dolg za clanok cilindricen uterus RVF VUZ Uterus RVF so L tip na tip endometrium,obata jajnici so povejke od 10 folikuli PCO. PT,APTT I TT VO GRANICI NA NORMALATA,VREME NA KRVAREJNE 110'' VREME NA KOAGULACIJA 540''DIDIMERI < 500 CRP <6,0. ANALIZI: PV 11,3 :INR 0,94: ACT 111,3 : PTT 32,7 :FIB 4,29.NATRIUM 140:KALIUM 4.9:VKUPEN BILIRUBIN 11.0 AST 28:ALT 28:REZULTATI OD ABTOPROTIVTELA SEVO GRANICITE NA NORMALATA.REZULTATI OD MUTACII :MUTIRAN E F.V(R2) I MTHFR A 1298C,ENOS-786 T>C ,ENOS G894T,I SEGA NAPRAVIV NOVI ISPITUVAJNA OD KOI NEMAM REZULTATI .TOA SE ANALIZI ZA ANTITROMBIN 3 :PROTEIN C: I PROTEIN S :AFA :LUPUSANTIKOAGULANT.seuste gi nemam dobieno.neznam vejek sto uste treba da se ispita vo mojov slucaj mislejnata na mojot ginekolog i transfuziolog e deka izgleda so dosegasnive rezultati se zaklucuva deka mozebi ke treba da bidam cela moja bremenost pod terapija so KLEKSAN inekcii ili mozebi so ASPIRIN.jas sakav da ve prasam dali postoi uste nekoe ispituvajne koe ke mozam da go napravam za da ja doznaam pravata pricina za abortusite i sekako vi pisuvam zaradi toa sto sakam da go slusnam vaseto strucno mislejne vo vrska so mojot problem,i dali spored dosegasnive rezultaiti go delite istoto mislejne kako i mojot doktor ili mislite deka ima se uste nesto koe treba da se ispita vo vrska so mojot proeblem.ve molam za sovet odnapred vi blagodaram i se izvinuvam za moevo popsirno prasajne.POZDRAV.
     
  10. Gardenia

    Gardenia Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Почитуван Д-р Трајковски,

    Оптрилика 7-8 месеци се обидуваме да останам бремена. За да имам сигурна бременост направивме тестови, целосен гинеколошки преглед, крвна анализа со повеќе од 20 испитувања, се беше одлично. Менструален циклус, плодни денови, не се сеќавам некогаш да ми задоцни дури ни ден.
    Но, мојот сопруг пред 6 години беше дијагностицирано тромб на левата нога и опериран (грутката беше сопрена скоро до препоните), па бидејќи тогаш има правено многу испитувања, докторот рече дека сега нема потреба, штом тогаш било се ок. Одтогаш секојдневно пие по едно апче за регулирање на крвта. Покрај тоа, веќе со години пуши и пие многу кока кола. (сигурна сум дека и ова има удел во целата ситација)

    Искрено, би сакала да Ве прашам, колку може сето ова да влијае на квалитетот на спермата, и на неуспешните одбиди за забременување?

    Ви благодарам,

    Имајте пријатен викенд
     
  11. aleksandra1992

    aleksandra1992 Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    doktore so deckoto veke 2 godini se obiduvame da ostanam bremena se mi e vo red samo od koga trgnavme pa se do pred 2 meseca imav problemi so ciklusot sega pred edna nedela pravev ispituvanja na hormonite pap brisevi i se e vo red
    kako da znam koj mi se plodni denovi kako da gi presmetam navistina sakame da imame bebence i mn ni e tesko ve molam za nekoj sovetgi piev i klomifenot apcinjata no ne bese uspesno

    ve molam za odgovor
    aleksandra1992
     
  12. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За ZENABALKANSKA:
    Доколку немате тегоби може да се сочекаат 4-8 седмици за спонтано разрешување на цистичната формација. Можно е да се јави повторно и не секогаш ќе биде забележана се до оној момент кога ќе дојде до појава болки или други тегоби. Се разбира обратете се кај лекарот кај кого веќе сте биле
     
  13. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За MACORKA:
    Да, се може да се испита, но би Ве замолил да дојдете во амбуланта со сите наоди, отпусни листи и резултати од претходно
     
  14. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За Wildflower:
    Да, постојат секакви препарати. Одете кај вашиот матичен гинеколог, тој сигурно ќе знае што да Ви препише
     
  15. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За SLADURANA:
    Според тоа што го велите изгледа се во ред, но Ве советувам да се јавите во амбулантата со сите резултати
     
  16. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За DRAGA:
    Синдромот на полицистични јајници, ако навистина е присутен кај Вас, доведува до потешкотии во забременувањето, но сепак е решлив проблем. Мислам дека треба да се обрати внимание и да се испитаат и болките кои ги опишувате. Како што и самата рековте дојдете во нашата амбуланта, таму сум во петок
     
  17. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За Marina27:
    Малку е веројатно дека е во прашање вашата плодност. Не знам колку точно инсеминации сте направиле, но Ве советувам да дојдете во амбуланта со сите наоди. Треба да се изведат неколку инсеминации, и доколку не се успее, без губење на дополнително време потребно е да се направи IVF
     
  18. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За hrizantema007:
    Некогаш овулацијата настапува подоцна во однос на онаа очекувана во срединана циклусот. Не можам во целост да сфатам што точно се случува кај Вас од тоа што сте го навеле. затоа дојдете во амбулантата на нашата клиника со сите претходни резултати
     
  19. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За 09101977:
    Ви препорачувам да направите хистероскопија за да се види состојбата на матката и дали постојат евидентни причини за промената во количината на менструалното крварење. Како и да е посетете ги нашите амбуланти со комплетната документација од досегашните испитувања.
     
  20. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За GARDENIA:
    Се толерира период од 12 месеци а потоа се правата испитувања по соодветен редослед, така што според ваше кажување имате уште неколку месеци. Но како што рековте сте направиле доста. Не забележа дека наведовте СПЕРМОГРАМ и ХИСТЕРОСАЛПИНГОГРАФИЈА. Ако не сте ги направиле сторете го тоа. Се разбира повелете обајцата во нашите амбуланти за се што Ве интересира повеќе
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.