ТЕМА: Бомбици

Мислење 10 Дек 2010, 14:34

Се ближи годишнина од брак на моите дома,па знам дека омилени им се бомбициве од слатки па ајде домаќинки предложете некој така полесен,едноставен рецепт за бомбици.Сакам да ги изненадам моиве дома мислам дека заслужуваат :) ако во случај има ваква тема слободно во канта множе да иде,разгледував па мислам дека нема :?:

Слика
Аватар на корисникот
TheCandy880

Жолто цветче
 
60543986
Мислења: 3982
Зачленет: 20 Авг 2010, 18:24
Локација: behind the curtains
..face without freckles is like sky without stars...
Слика

Мислење 10 Дек 2010, 15:43

Kенди најдов овде
Скриен текст: покажи
http://www.coolinarika.com/recept/bombici
Аватар на корисникот
wolf4e

Жолто цветче
 
17821601
Мислења: 2276
Зачленет: 16 Јан 2010, 16:56
Слика

Слика

Мислење 10 Дек 2010, 16:13

Имаш неколку рецепти за бомбици тука во оваа тема Колачи. Се надевам дека ќе најдеш некои што ќе ти се допаднат, а сите се многу лесни за правење ;)
Annath

Црвено цветче
 
549110414
Мислења: 5334
Зачленет: 09 Јан 2010, 16:01

Мислење 10 Дек 2010, 16:17

Бомбици од Банани



Потребно



3 банани

100 грама мелени бадеми

100 грама мелени лешници

50 грама кокос

100 грама мелени ореви

100 грама чоколада за готвење

100 грама урми

50 грама сусам



Начин на подготовка

Сусамот го ставаме во тенџере, тенџерето го ставаме на рингла и го пропржуваме. Бананите ги лупиме и ги ставаме во подлабок сад, а потоа со вилушка ги гмечиме. Во садот ги годаваме и мелените бадеми, мелените лешници, мелените ореви исто така ги ставаме и урмите предходно исецкани. Откако е готов и сусамот и него го додаваме во садот, потоа мешаме со лажица се додека не добиеме хомогена смеса. Чоколадата за готвење ја рендаме на ренде од покрупната страна на рендето во тањир, кокосот го ставаме во тањир и земаме од смесата правиме топчиња средно големи и ги валкаме во чоколадата или пак во кокосот. Бомбиците ги ставаме во книжни корпици.



Добар апетит!
Аватар на корисникот
maja8

Жолто цветче
 
1332575
Мислења: 2248
Зачленет: 03 Јан 2010, 22:46

Мислење 10 Дек 2010, 16:56

Еве едни од мене, од време навреме ги правам

200гр чоколада за готвење
2 јајца
200гр мелени бадеми (непечени) или мелени ореви
100гр шеќер во прав
50мл рум
кокос

На ситната страна од рендето ги рендаме чоколадите. ( Со оваа постапка ќе се набилдате :rofl: )
Во садот ги додаваме мелените бадеми/ореви и промешуваме.
Ги додваме само жолтките, пак промешуваме.
Го додаваме румот и тогаш смесата ќе се соедини.
Направените топчиња ги валкаме во кокос или нешто друго, по желба.

Ако го сакате вкусот на румот - преубави се ;)
Аватар на корисникот
Blanca

Зелено цветче
 
478420
Мислења: 725
Зачленет: 25 Ное 2009, 13:58
Слика

Мислење 10 Дек 2010, 18:45

БОМБИЦИ ОД БАНАНИ
3 банани
100 грама мелени бадеми
100 грама мелени лешници
50 грама кокос
100 грама мелени ореви
100 грама чоколада за готвење
100 грама урми
50 грама сусам


Начин на подготовка
Сусамот го ставаме во тенџере, тенџерето го ставаме на рингла и го пропржуваме. Бананите ги лупиме и ги ставаме во подлабок сад, а потоа со вилушка ги гмечиме. Во садот ги годаваме и мелените бадеми, мелените лешници, мелените ореви исто така ги ставаме и урмите предходно исецкани. Откако е готов и сусамот и него го додаваме во садот, потоа мешаме со лажица се додека не добиеме хомогена смеса. Чоколадата за готвење ја рендаме на ренде од покрупната страна на рендето во тањир, кокосот го ставаме во тањир и земаме од смесата правиме топчиња средно големи и ги валкаме во чоколадата или пак во кокосот. Бомбиците ги ставаме во книжни корпици.

ммммммммм многу фкусно ДОБАР АПЕТИТ!
Аватар на корисникот
trendy

Сино цветче
 
16069
Мислења: 285
Зачленет: 24 Ное 2010, 15:04
Локација: in you're dreams
Слика
Слика

Мислење 10 Дек 2010, 20:37

Рафаело

300гр шеќер да зоврие со 2 dl вода, малку оладено
Се додава:
1 маргарин
400 гр млеко во прав
200 гр кокос

Смесата треба да одстои 3-4 саати или наредниот ден се формираат топчиња. Во средина се става лешник и се валкаат во кокос.


Урмашици

6 лажици вода и 6 лажици шеќер се оставаат да зовријат како за слатко.
Друго потребно:
1 чаша ореви ( мелени)
3 реда чоколадо
Урми

Урмата се дели на 4 дела ( по должина). Се прават топчиња, се расплескуваат и во средина се става урма. Одозгора се преливаат со шпикован шеќер.

:mm:
Аватар на корисникот
O.l.i.v.a

Сино цветче
 
115114
Мислења: 160
Зачленет: 26 Ное 2010, 22:02

Мислење 11 Дек 2010, 17:23

БОМБИЦИ СО КИКИРИКИ
* 200 грама Шеќер
* 100 грама Чоколадо
* 80 милилитри Млеко
* 100 грама Маргарин
* 200 грама кикиритки
* 200 грама Бисквити

ПОДГОТОВКА
На пареа растопете ги чоколадото и шеќерот, а потоа додајте ги изронетите бисквити, кикириките и млекото.
Во разладената смеса додајте го маргаринот.
Убаво измешајте ја смесата и формирајте бомбици, кои ќе ги ставите во хартиени ќеси.
Слика
Аватар на корисникот
trendy

Сино цветче
 
16069
Мислења: 285
Зачленет: 24 Ное 2010, 15:04
Локација: in you're dreams
Слика
Слика

Мислење 13 Дек 2010, 22:27

trendy напиша:БОМБИЦИ СО КИКИРИКИ
* 200 грама Шеќер
* 100 грама Чоколадо
* 80 милилитри Млеко
* 100 грама Маргарин
* 200 грама кикиритки
* 200 грама Бисквити

ПОДГОТОВКА
На пареа растопете ги чоколадото и шеќерот, а потоа додајте ги изронетите бисквити, кикириките и млекото.
Во разладената смеса додајте го маргаринот.
Убаво измешајте ја смесата и формирајте бомбици, кои ќе ги ставите во хартиени ќеси.
Слика

Многу интересни ми се овие, тренди а и ефтини се може да ги пробам овие денови,
колку броја излегуваат така од прилика,
а како тоа на пареа:o, кикириките печени или не, и тие нели се рендаат или се сечат на парчиња? И ова со маргаринот во разладена смеса ме зачудува
Последна редакција: Zaljubena111 на 13 Дек 2010, 22:45; редактирано еднаш.
Аватар на корисникот
Zaljubena111

Жолто цветче
 
492185
Мислења: 1544
Зачленет: 20 Фев 2010, 00:09
08.02, 13.03, 05.05, 12.06, 31.08, 01.10, 01.11, 07.12, 05,01, 13.02, 14.03, 16,04. 18,04, 15.05, 17.06.22.07

Мислење 13 Дек 2010, 22:36

^ е и јас сакав да прашам колку излаваат одприлика... :)
Аватар на корисникот
TheCandy880

Жолто цветче
 
60543986
Мислења: 3982
Зачленет: 20 Авг 2010, 18:24
Локација: behind the curtains
..face without freckles is like sky without stars...
Слика

Врати се на Рецепти

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 28 гости