
Сите што немате отидено на гинеколошки преглед ВЕДНАШ да сте се нацртале на гинеколог

. Колку подолго велите „Страв ми е“ или „Срам ми е“ толку полошо за вас. Одете кај жена-гинеколог така нема да ви е толку срам и откако еднаш ќе одите нема да ви е срам никогаш повеќе

Ќе се опуштите. А и не е ништо страшно, нив не ги интересира дали вие се шетате гола пред нив или не, нив им е важно да си земат парички. Никој нема да гледа дали имате целулит или стрии или...
И мене првиот пат ми беше срам и страв да не ми најдат нешто, но сепак преживеав и сега си одам редовно на преглед. Со тоа што се плашите да не ви најдат нешто само си правите полошо. Иначе има работи што не се гледаат, а што може да ги има таму внатре. Не мора да значи ако немате инфекција дека немате раничка или циста или не знам што друго. Сепак сме жени и треба утре другиден да раѓаме, па мора да се чуваме.
Закажете преглед уште утре (не утре-недела е

) - понеделник и само така ќе се решите да одите. Поздравче до сите и ви посакувам се најдобро.