Правев анализа на крв и во резултатите кај MCHC каде што нормални вредности се од 320-360 мене ми е 280...Дали некој знае да ми каже што значи ова и колку е опасно?
Јас колку што знам MCHC е средна вредност на хемоглобинот во црвените крвни зрнца. Ако имаш помала вредност од дозволеното или имаш недостаток на железо во крвта или имаш знаци на анемичност. Ама за секој случај прашај некој постручен со сигурност да ти каже. Поздрав
MCHC ја покажува концентрацијата на хемоглобин во еден литар еритроцити( не во 1 литар крв ). Да нормалните вредности се од 320-360 грам на литар. Е сега твоето мислам дека не е алармантно, незнам што ти кажал докторот треба него да го прашаш. Мислам дека се работи за анемија може ќе треба да земаш витамини
доколку некој знае би сакала совет. Серумското железо ми беше тројка (3), што беше многу ниско. Пиев тотхема, семе од коприви и слични работи, па се покачи на 12, се до следниот менструален циклус кога нагло ми падна овој пат на 4. Хемоглобинот и еритроцитите се покачија и се во нормални граници но серумското железо упорно ми паѓа. Имал ли некој сличен проблем и како го решил?
Само со семе од коприва,а зашто нагло ти паќа незнам,исто така јади повеќе боранија(знам дека е гадна ама тоа е ) и спанаќ. Поздрав
И јас го имав истиот проблем. Докторот ми кажа дека е тоа од преобилните менструални крварења, затоа што јас навистина обилно крварам при менструација, и тоа првите три дена, се случуваше две до три пакетчиња влошки да потрошам првите денови. Гинекологот ми препиша Дабростон таблети кои ги пиев 6 месеци, заедно со терапија на база на железо, и имаше резултати. Ако е кај тебе истиот случај, т.е крвариш многу обилно, консултирај се и со гинеколог, на своја рака немој да ги земаш, сепак се работи за хормонски таблети.
за намалено количество на железо и хемоглобин ве молам не користете само лекарстав потрудете се и со богата исхрана со тие недостатоци....лекарствата оставете ги за на крај
Денеска правев анализа на крв,матичната ми е на одмор,има некој работи што не ги разбирам а ми се покачени ке може ли некој да ми ги протолкува RDW 14.7 H% PDW 17.5 H% MO 12 WBC 10.8
КРВНА СЛИКА Правев крвна слика ама докторката ништо не ми кажа нити ја виде убаво.Па сакав некого да прашам ако знае да ми каже холестеролот ми е 5,8 дали е нормално или е висок и триглицеридите ми се 2,2.Исто така во диференцијална крвна слика има ознака Li(%) тоа ми e31.7 дали и тоа е нормално,Инаку сум 35недела бремена па ако може некој да ми каже фала однапред
КРВНА СЛИКА Обично, ги има границите на нормала за сите работи од страна, пример ако холестеролот ти е 5,8 од лева страна треба да стои од колку до колку е нормално, па така и сама ќе можеш да си оцениш дали се е нормално или има нешто покачено или намалено
Има ли некој што се разбира од имунолочки анализи на крвта? Што значи ЦРП? И што би значела покачената вредност на ЦРП ако вредностите се од 0-10, а во случајов е дури 60,310! Молам за помош, однапред благодарам.
Јас колку што знам ЦРП покачено значи дека се работи за некаква инфекција... Некој што подобро знае нека ме поправи ако грешам Spoiler Еден пример (другарка се сомневаше дека има кламидија, и на гинеколог и рекоа пред да правиме микробиолошки испитувања, испитај крв, ако ти се покачени ЦРП и леукоцити, тогаш дефинитивно се работи за инфекција (немора да значи дека твоево е нешто вакво, само пример беше ова)
Ц-реактивен протеин е главен индикатор за акутна инфекција или инфламација. Исклучок е бременост кога CRP има секогаш високи вредности.
Фала на сите многу. Се работи за моја многу блиска особа, па некако ме опуштија одговориве. Благодарам!
imam problem so masnotii te , i dobrite i losite mi se zgolemeni, pa ve molam za nekoj sovet, vo vrska so ishranata i nesto slicno. [mod-kirilica:551yk2ol][/mod-kirilica:551yk2ol]
zgolemeni masnotii Види ја табелаат тука, мислам ќе ти помогне http://www.me-chitash.com/zdravje/ishra ... l-vo-krvta
Железото пред 2 месеца ми беше 4,2. Сега на овие резултати, знам дека докторот ми заокружи се да се испита од крвта, а посебно железото. Мене ми земаа крв од прст, и на овие резултатите, ама баш нигде јас не гледам железото да ми се спомнува. Има хемоглобин нормално, а железото ... Каде е?!?!
Железо не се испитува преку прст само венски,јас бев анемична и постојаного испитувам железото.Само хемоглобин и обична крвна слика преку прст.
Па знам дека и мене претходниот пат од вена ми земаа крв. На овие резултати гледам дека нема. Добро, дали е идиот докторов или што го треснало не знам, јас отидов за железото да ми го проверат!