Донирање на органи

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од RainBow, 18 јули 2010.

  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    постоело една реченица која ден денес се користи во сите такви друштва за донирање на органи а таа е-подобро тоа што е здраво да се извади и даде на тие што им е потробно отколку да оди под земја

    тоа е точно,се согласувам :) би дарувала органи,доколку ми се здрави
    и најново е тоа што сега последниве години тие се даваат бесплатно,но многу се чека и немаат само приоритет богатите и познатите како што било претходно....
    а најмногу сум за дарувањето на органите кај малите деца,тие невини суштества треба да им се пружи живот каков што заслужиле :( ;)
     
  2. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Би донирала орган додека сум жива, на пример на мој близок член од семејството да му треба бубрег би донирала со задоволство, но кога еден ден нема да бидам меѓу живите, органи не сакам да ми се чепкаат...Ако сум умрела со два здрави бубрега, здраво срце и црн дроб - така и ќе го напуштам светов...Во никој случај не би сакала на судска медицина касапница да ме прават, па после од моите органи да се богати некој и да се шверцуваат на црно |(
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Има еден проблем, сите кажавте дека сакате органите после смртта да ги донирате, но не е така лесно.
    Секој орган определен број часови е функционален, потоа е за во отпад да не речам.
    Не знам точно минути ни часови, пример срцето помалку од 2 часа или тука некаде е функционирално, а за да се трансплатира треба донаторот да живее во близина на заболениот за да може да се изврши операција над умрениот, да се изврши транспорт па операција на оној кој ќе го прими новото срце, заболениот да е на список за трансплатација, потоа да се иста крвна група и уште неколку работи да се поклопат за да може да се трансплатира.
    Тоа е толку комплицирано, да кај нас има трансплатација на органи од живи личности, а на мртви за жал сеуште не, дури и Жан Митрев има извршено трансплатација но во странство не кај нас, а и воопшто во светот трансплатацијата од мртов на жив е комплицирана и тешка, треба многу работи да се поклопат.
    Кај нас постои закон за донирање, но исто ко да не постои, новиот 10 години еве се донесува и никако да се донесе.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Морам да кажам дека е многу дискутабилна и чувствителна темава. Имам размислувано и еве до каков заклучок имам дојдено.

    Да бидам во ситуација во која мојот мозок нема да функционира а сите органи ми се здрави би донирала буквално се` што имам во себе.
    Јас ништо нема да знам, ништо нема да чувствувам. Барем ќе спасам еден па можеби и неколку животи. Откако ќе умрам веќе ништо нема да ми биде битно. И онака сите знаеме дека органските материи се распаѓаат. Што ќе ја нахранам земјата вака барем ќе бидам од корист и ќе спасам нечиј живот.

    При здрава свест би донирала орган но само ако станува збор за некој член од моето семејство.
    Тука се наметнува прашањето: Зошто не и за некој друг?
    Од проста причина што сите сакаме да функционираме нормално и да бидеме комплетни. Некои на овој начин и заработуваат. Мене ниту едни пари на светов не ми се по вредни од здравјето, но за моето семејство не би ни размислувала секако дека би го сторила тоа, а кој не би?
     
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Имам желба по смртта да ги донирам. И онака мене нема да ми бидат вредни тогаш, а на некој буквално живот ќе му значат.
    Иако до сега кај нас тоа не е развиено на високо ниво, се надевам додека ми дојде време ќе биде се во ред и ќе можам слободно да помогнам некому додека ме нема на овој свет.
     
  6. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
     
  7. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Ај малку да ја освежиме темава. Утре е Денот на бубрегот.
    Целта на годинешново одбележување на овој ден (а не празнување како што се изрази еден таканаречен доктор утринава на една емисија) е подигање на јавната свест за потребата од донирање органи односно развој на кадаверична трансплантација (од мртов донор).

    Малку ми се смешни исказите и објаснувањата дека проблемот зошто не функционира овој вида на трансплантација кај нас е во народот, ниската свест, во законот или црквата.

    Нека кажат јасно и гласно колку тимови за бубрежна трансплантација функционираат, колку асални трансплантолози постојат (јас знам 1 до 2), колку сали операциони имаат и какви услови. Колку млади луѓе (пазете кои имаат веќе жив донор) чекаат веќе доло време да се трансплантираат. Резултатите се поразителни.
    Која е логиката да се зборува за кадаверична транслантација, кога немаат услови да ги трансплантираат и оние кои имаат жив донор???

    Сепак мојот став кон кадаверичната трансплантација е позитивен и јас би потпишала донорска картица. Едноставно треба да се размислува дека оваа болест не се случува на некој друг, утре може да бидам јас таа што ќе ми биде потребен орган, или било кој од нас или нашите сакани.
    Но, пред тоа многу, многу работи треба да се средат. Да се обучат хирурзи, да се создат подобри услови што бара финансии....и да се врати изгубената доверба на народот кон здравствениот систем, што ќе биде најтешко.
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Едно гооолемо НЕ! Постојат и духовни, медицински и етички причини! На оваа тема владее голема неинформираност во целиот свет!

    - Дали знаевте дека органи се вадат само и само од живи луѓе?

    Терминот „мозочна смрт„ е само правен термин со кој се легализира убивањето на оној кој умира. Смртта на мозокот меѓутоа никогаш не може до крај да се докаже. Од навистина умрени луѓе органите се неупотребливи бидејќи процесот на распаѓање почнува речиси веднаш по смртта.

    изјавa на професор Пихлмаер во 1985 год.: „Доколку ја информираме јавноста правилно, нема да бидеме повеќе во можност да набавуваме органи

    - Дали знаете дека при вадењето органи на тнр. мозочно-мртви понекогаш им се дава анестезија, или им се врзуваат рацете со каишеви за да не претаат? Еве вака: :sweat:

    [​IMG]

    Ќе пренесам битни уште битни унформации на оваа тема, во меѓувреме разгледајте го веб сајтов кој го создале група родители чии деца биле жртви на трансплантациската медицина:

    http://www.initiative-kao.de/kao-about-us.html
     
    На cresa-jagoda и Sara123 им се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Ова е потресната исповед на една мајка чиj 15-годишен син после сообраќајката заврши во канџите на трансплантациската медицина ;( :

    Исповед на Рената Грајнерт

    Син ми Кристијан имаше 15 години кога одејќи на школо му се случи сообраќајна незгода. Неговото срце престана да чука и докторите од итна помош го реанимираа со електрошок. Беше испратен спасувачки хеликоптер кој го однесе на Хановерскиот медицински универзитет.
    Докторот јасно ни стави до знаење дека Кристијан е сериозно повреден и дека шансите за негово преживување се мошне малечки. Па и покрај тоа јас сеуште се надевав дека некакво чудо ќе го спаси неговиот живот.
    Кристијан не изгледаше тешко повреден, имаше само посекотина кај усните, гребнатина на лицето и челото. Раните не беа покриени и престанаа да крварат. Кристијан изгледаше како да заспал. Дишеше со помош на респиратор, околу неговиот кревет се наоѓаа различни монитори покажувајќи различни дијаграми. Покрај него можевме да видиме и катета која се полнеше толку бргу што мораше да биде заменета со кофа. Горниот дел од неговото тело не беше прекриен и гледајќи го кај мене се јави одвнатре чувство на студ. Нежно ја допрев неговата рака. Кристијан беше топол.
    Мислев дека сета таа нега се прави за да му се помогне на моето дете. Но грешев. Докторите се обидуваа да го одржат во живот со цел да спасат животи на други луѓе со неговите живи органи. Тие го спречуваа да умре бидејќи само живите органи можат успешно да бидат трансплантирани. Изобилието инфузии кои му беа давани за време на неговиот пат до болницата за да не почине, мораа да бидат извлечени од телото како не би предизвикале штета кај примателите на органи. Најголемата грижа на докторите беше како да го спречат умирањето пред вадењето на органите. Некое време подоцна нè замолиа да ја напуштиме собата бидејќи сакаа да направат електро-енцефалограм. Освен тоа, како што бевме информирани, тие чекаа на тим неврохирурзи. Наместо очекуваните 20 минути, енцефалограмот одзеде час и половина. Во досиеата меѓутоа немаше ништо за електо-енцефалограм, туку наместо тоа електро-кардиограм. Не видовме никакви неврохирурзи иако според протоколот во неговото досие беа наведени двајца неврохирурзи дека биле присутни токму во она време додека ние чекавме надвор од болничката соба. Наместо неврохирурзите дојдоа болничките негуватели и ни објасниа дека Кристијан е „мртов и исчистен од барбитуратите„ и дека ќе бидеме замолени за донирање на неговите органи, а тоа ни се соопштува сега за да размислиме за таа можност. Тоа беше сè. Светот за мене запре. Минатото беше отидено, сегашноста неподнослива, а иднината ја немаше.
    Нè воведоа во темна собичка, осветлена само со светилките од уличното осветлување. Таму чекавме неподвижно, смрзнати од ужас. Наеднаш се појави заменикот на директорот, “Кристијан сигурно беше заинтересиран за добробитта на сите?„ Беше ли? Во тој миг не умеев да кажам. “Постојат други деца на кои им предстои смрт доколку не добијат навремено нов орган„. Бев скаменета од ужас и мојата единствена мисла беше, “Готово е.„ Докторот нè наговараше да дадеме согласност бидејќи постоеа други родители кои се наоѓаа во очајание поради своите деца како и ние самите, но дека ние сме барем во можност да им помогнеме ним! Не сакав никој да умре, ниту моето дете ниту нечии туѓи деца. Бев неспособна да одговорам. На крајот сопругот одлучи, “Ако можеме со тоа да помогнеме, што би му извадиле?„.
    “Или срцето или црниот дроб или бубрезите, можеби `рскавицата.„ Не можев да размислувам правилно и не сфаќав дека органите можат да бидат извадени само преку операција. Моравме да ја напуштиме надежта. Бевме одвоени од нашето дете, не можевме да го задржиме и моравме да го пуштиме да оди. Требаше да се збогуваме со него засекогаш додека сеуште беше негуван, додека сеуште беше топол, додека сеуште мониторите беа вклучени и додека сеуште примаше инфузии. Не успеав да видам дека е ``мртов``, но го прифатив оноа кое лекарите го кажаа и им верував.
    По пет дена Кристијан беше префрлен во Волфсбург. Имав потреба да го видам за последен пат, да го почуствувам неговото присуство, да го допрам, одложувајќи го за миг бесконечното време, она кое предстои подоцна, без него. Персоналот од погребалното претпријатие нè предупредиа дека е можно изгледот да биде мошне променет. Во тој момент не разбирав на што мислат тие. Дали изгледаше грдо? Не ми беше важно бидејќи кога имаше мали сипаници лицето му беше толку отечено што одвај можев да го препознаам. Ништо не можеше да ме спречи. Наредното утро ми беше кажано дека Кристијан ќе се наоѓа во малата капела на нашите гробишта. Кога пристигнав таму погребалниот службеник заминуваше позади објектот. Опирајќи се, се врати. На моето инсистирање, тој го отвори ковчегот. Во него лежеше Кристијан – мртво блед, ладен како камен, неподвижен. Иако претходно немав видено мртво тело, немаше сомнеж дека е мртов. Имаше засек од подбрадокот до гушата, немаше очи. Моето дете изгледаше како изобличена гуска.
    За што всушност дадовме ние согласност?
    Читајќи низ медицинскиот извештај сфатив дека му го извадиле срцето, црниот дроб, очите, дури и дека ги извадиле карличните коски и ги продале. Нашата согласност за отстранување на орган беше променета во мулти-органско отстранување без да нè прашаат за дозвола. Последната глетка ми се втисна во душата. Кога ќе помислам на него морам да се борам со ужасниот впечаток дека тој беше обесчестен и искористен. Таа глетка на мојот син сеуште ме прогонува низ соништата.
    Меѓутоа имаше нешто друго кое ме загрижуваше подоцна. Како беше можно мојот син да биде мртов кога изгледаше жив и беше третиран како жив пациент? Ниту тој ниту неговиот третман се беа измениле.
    Во медицинскиот извештај за него, најдов трипати различно регистрирано време на на смрт: првото во 17:00, кога беше утврдена неговата мозочна смрт и го прогласиа за мртов. Втората смрт беше регистрирана по вадењето на органите, и третата ден потоа. Колкупати може човечкото суштество да умре, колку починувања може тој да умре? Јас мислев дека пости само една смрт.
    За првпат тогаш го имав слушнато терминот ``мозочна смрт``. Ми беше тешко како нестручно лице да го сфатам значењето на мозочната смрт. Таа е наречена и како ``смрт на лицето`` или ``смрт на индивидуата``. Ако мислите дека тоа значи оти лицето или индивидуата умрела, тогаш грешите. Тоа значи само дека персоналните односно индивидуалните аспекти на човечкото битие се вон функција. Автономијата на системите за контрола престанала да функционира. Умирањето е процес, а не настан од само една точка. Мозочно мртвиот е некој кој ќе умре. Нема начин да се поврати во живот. Мозочната смрт е лекарска дефиниција да се нарече некој мртов кога мозокот ќе престане да функционира. Само под услов лицето да биде прогласено за мртво може да се пристапи легално кон вадење на органите а при тоа респираторот(за вештачко дишење - заб.прев.) сеуште да биде вклучен.
    Можеби не разбирате на што мислам. Можеби мислите дека тој и онака ќе умреше, па зошто да не се направи некаква корист од него? Тоа не е мојата поента. Она на кое сакам јасно да укажам е дека лицата кои умираат не се мртви. Нив им предстои сеуште малку живот кој тие требаат да го комплетираат. Менталните и духовните процеси сеуште се во тек. Човечкото битие има потреба од сопствената смрт исто како и бродот што има потреба од вратите на докот за да вплови во различни води безбедно. Моето чедо немаше можност да почине на овој начин, наместо тоа бродот на неговиот живот беше потопен нагло. Каква трауматична смрт мораше да пропати откако трансплантните хирурзи го расчеречија! Мојот син беше човечко битие, индивидуа – не некаков објект, а уште помалку рециклирачки материјал.

    според книгата:
    Несквернавено умирање - борбата на една мајка
    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda и Sara123 им се допаѓа ова.
  10. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Многу тешка тема размислувам за ова незнам. Стварно.
     
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Го делам мислењето со тебе.Многу убаво,и јас сакам така. :) Се надевам дека желбата ќе ми се исполни.
     
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Актуелни политички настани

    Следи нешто морничаво: :sweat:

    „Ако не кажеш НЕ кај нотар, тогаш си потенцијален донатор на органи?„

    Воопшто не ми се допаѓа оваа луда идеја за “претпоставена согласност„ но јас дефинитивно ќе се погрижам да заверам едно огромно и енергично НЕ на нотар, ако треба и на сто јазици ќе го преведам документот со апостил печат.

    Зошто трансплантирањето органи е нехумано и не-етички пренесов некои информации во истоимената тема:
    http://forum.femina.mk/zdravstveni-problemi/doniranje-na-organi-t2499/20.html
    И тука би ја повторил исповедта на една мајка која фрла сосема поинаква светлина врз вадењето органи од тнр. „мозочно мртви„ луѓе.
    Вреди да се разгледа и сајтот:
    http://www.initiative-kao.de/kao-about-us.html
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Актуелни политички настани

    Дејлајт,зошто енергично и толку ревносно НЕ?!

    Мислам дека веќе кога животот е ставен на свршен чин многу малку е важно како тоа изгледа личноста кога завршува 2 метри под земја,а многу е важно кога некое болно дете или човек го добива тој орган веќе кога другиот неминовно умира. Еве младото момче Кристијан,што е актуелно кај нас,зарем не сметаш дека заслужува да добие срце од некој кој повеќе секако нема да живее?!
    Многу неблагородно и нечовечно е ова НЕ! Веројатно не си ни свесен што значи да живееш во неизвесноста и полека да умираш додека сите креваат раце од тебе. Не му го посакувам никому. Ама тука некаде започнува идејата колку ние се грижиме едни за други.

    Приказната за оваа мајка на која и била врежана лоша слика за нејзиниот починат син е секако трогателна, но секако дека многу мајки потоа ќе бидат среќни што нивните имаат втора шанса. Животот секако е неправеден,неправдата е нанесена во моментот кога ова момче настрадало во несреќа,а се потоа се само начини како да се облагороди тоа и да ја намали болката,а не зголеми.

    По која теорија или пак научно докажано ти ќе докажеш дека е нехумано и неетички?! Според мене е многу хумано и етички,а спротивно на тоа однесување е проста себичност.

    За нас само ваков начин затоа што важиме за религиозен и не толку образуван народ,а и пред се себичен,да умре козата на комшијата. Тоа може и поинаку да се реши,со повеќе простор за избор,но сепак... Сите заслужуваме шанса за живот. Според твоето неетички се и секаков вид на лекови, антибиотици,обиди да се создадат органи од матични клетки итн итн...

    Моментот кој мене ме тревожи е што на добрата воља на роднините на починатиот, практично без никаков надомест (кој не е ни важен,но другата страна сега ќе ја напишам...) ги донираат органите, а за тоа некоја си болница и некој си хирург ќе добие баснословна сума вклучувајќи ја и цената на органот. Треба да постои благородност и во тоа. Па ете,за трансплантација на срце 330 000 евра...Кои се тие пари,грдни пари?! Не знам како спијат по поднесената хипократова заклетва, па чисто се сомневам во хуманоста на докторите како луѓе,но тоа е друга тема,а е токму таа која ме тревожи во рамките на оваа тема. Што се однесува до донирањето на органи, силно ДА! Огромно да! Небитно е какви ќе си заминеме од светов,дали ќе си одиме без бубрег или око,небитно,завршена е таа приказна,но може да продолжи нечија.
     
    На Sara123, bittersweet, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Актуелни политички настани

    Е за тоа се работи: „умира„ - значи несвршен глагол е во прашање
    Ајде да го поставиме обратно тоа: дали сме свесни низ што поминува некој кого го убиваат во име на тоа да спасат друг?
    За медицинските аспекти можете повеќе да прочитате тука:
    http://www.initiative-kao.de/kao-topics.html

    Тоа е она што сакам да кажам. Затоа велам НЕ за кадаверичната трансплантација која таа шанса ја отстранува.
    Не напишав такво нешто. Тие не се вадат од луѓе ниту поради тоа мораат да умрат луѓе-донатори.
    Проблемот е во тоа што тнр.„починат„ воопшто не е починат!!! Тој ќе почине дури откако ќе го искасапат трансплантационите хирурзи! Органите се вадат од живи луѓе кои само формално-правно се прогласуваат за мртви.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Актуелни политички настани

    Ако е несвршен глагол не значи дека науката не треба да земе во свои раце. Не ти е во категорија на аргумент,ами граматика. Ако биде умрел...тогаш веќе органите се неупотребливи.
    Тој што *умира* ништо не чувствува,затоа што веќе е мртов.Клинички мртов. При клиничка смрт и неактивност на мозокот,без соодветни апарати,секако дека ќе настане смрт во наредните неколку минути. Малку проучија темата,особено за вакви случаи.
    Сајтов како што видов е составен од слични активисти кои се борат против абортусот. Составена е од луѓе кои емотивно биле повредени од истото (што не значи дека при рационално размислување се во право со ова контра движење). Се работи само за канализирање на својата болка од загубата во погрешна насока. Некои се помируваат зошто немаат за што да се фатат,овие имаат...и се така во круг, не мислејќи дека себично го одземаат правото на живот на некои други дечиња. Колку што има органи,ковчиња во телото,толку животи можат да бидат подобрени. Ајде да размислиме тогаш и за кремирањето како опција за удостојување на починатиот?! Нон сенс ми е логиката дека треба да се оди против. Јасна ми е потребата за надеж,но таа надеж некогаш знае и тивко да убие и длабоко да разочара живеејќи многу години како билка и на крајот почине. Во најголем дел од случаите тие луѓе по одреден број години умираат,има и такви кои се будат после 20 години и тогаш...веќе настанува чудната ситуација... Не е црно-бела сликата,не е сеедно.
    А ако е веќе мртов,тие органи се веќе неупотребливи. Мислам...логично.
    Темава е нешто слична како за абортусот.
    Секогаш сум на страна на науката и се што го поддржува човечкиот развој и го унапредува човечкиот живот и се што го спречува истото,се спротиставувам на истото. Моралниот апсект ме кочи само за парите,кои можат да бидат иницијална каписла кон не-дела,а се останато не смее да се осуди.
     
    На Idonea, Annath, ludoto19 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Законот за трансплантација сеуште не е изгласан, така што можеби нема да се прифати претпоставената согласност. Сеуште се размислува за тоа.
    Јас правев проект на оваа тема, па во склоп на проектот му направив интервју на Чадиковски кој учествуваше во креирање на законот.
    Па еве ќе објавам извадок од интервјуто. Човекот многу убаво ми ги објасни работите.
    • Со која правна регулатива моментално се регулира трансплантацијата во Република Македонија?
    Сега имаме нов Закон којшто е изгласан во април годинава, со консенсус. Претходно имавме Закон од 1995 година којшто исто така беше во функција. Но, откако ја отворивме Фондацијата утврдивме дека тој закон е нефункционален, бидејќи беше стар. До 2000 година, постоеја Протоколи за трансплантација но, од 2000 па наваму, сосема друг беше Правилникот за трансплантација општо во светски рамки. Поради тоа, решивме стариот Закон од 1995 година да го смениме и да направиме нов, современ Закон каде што точно ќе бидат прецизирани голем дел од работите. Откако го направивме тој Закон во драфт верзија, го испративме во DG SANCO, т.е. базата во Брисел одговорна европска комисија за здравство. Од таму добвме печат дека Законот е во согласност со последните Директиви на Европската Унија од 2011. Го приложивме до Владата на Република Македонија, потоа помина на Парламент каде што го изгласаа. За да бидеме комплетно административно спремни, се од големо значење подзаконските акти. Во нив се прецизира сé.
    • Што можеме да очекуваме од овој Закон? Кои правни празнини ќе се потполнат со него?
    Законот е многу општ, практично кажано е изработен во форма на Устав. Но, деталите од типот како ќе се извади органот, каде и како ќе се пренесе, каде ќе се чува, што треба да се испита пред да се трансплантира, што треба да потпише донаторот пред да може да донира орган и слично, сето тоа се регулира во правилниците. Тие правилници, како и Законот, се пропишани според Директивите на Европската Комисија. Тие работи треба да ги потпише Министерот за здравство и нема потреба од изгласување во Собрание. Ние моментално сме во таа фаза. Министерот треба да ги добие Правилниците, да ги потпише, а со тоа да ја имаме крајната верзија на Законот. Ние во Законот поставивме и т.н. Национален координатор кој ќе биде одговорен за целиот процес.
    • Која ќе биде функцијата на Националниот координатор и како би изгледал целиот тој процес на трансплантација?
    За секој проблем кој што би се јавил, а е поврзан со оваа тема, ние треба да му се обраќаме нему. Главниот проблем кој порано постоеше, не беше да се најде донатор, туку проблемот беше кому ќе му се трансплантира тој орган. Моќта да го имаш списокот на пациенти во рака е огромна! Тука веќе се остава голем простор за манипулација и потплатување. Затоа, се појави потреба од назначување на еден ваков Национален координатор, кој ќе формира свој тим. Паралелно со Националниот, постојат и Болнички координатори кои се анестезиолози, што значи дека тие доаѓаат во контакт со пациентот кој е во мозочна смрт. Болничките координатори мораат да ги направат сите истажувања кај пациентот, почнувајќи од артериографија, ЕЕГ и слично, за да утврдат мозочната смрт кај истиот. Откако тоа ќе се направи, доколку пациентот потпишал согласност за донаторство, се свикува Комисија. Таа Комисија е составена од тројца членови, невролози, нервохирурзи, анестезиолози итн. кои потпишуваат извештај дека пациентот е во мозочна смрт и може да биде донатор. Болничкиот координатор, мора претходно да разговара со семејството. Тоа е чувствителна тема, и доколку блиските роднини на донаторот не дозволат, ние не можеме да извршиме трансплантација иако тој претходно потпишал согласност. Тоа всушност е најконтрадикторното во целата оваа работа, и најголема дебата се разви токму за тоа. Од правен гледан аспект, тука нема ништо спорно. Донаторот потпишал согласност, и никој друг не може да одлучува во негово име. Меѓутоа, во пракса ситуацијата е сосема поинаква. Некогаш семејството е спротиставено на таа одлука на нивниот близок член. Идеата на тоа е колективно да се прифати суштината на добрина и солидарност. Тоа значи, пациентот кој ја потпишал согласноста, да разговара дома со семејството на таа тема и да ја изрази неговата желба да биде донатор по смртта. Дури и во САД, каде што правната регулација е најригорозна, семејството на пациентот има право да каже дали ќе дозволи органите на починатиот да бидат трансплантирани. Во тој момент кога семејството ќе се согласи, на пациентот му се зема крв и се испитува неговата конфигурација. Оној кој има потреба од некој негов орган и е најкомпатибилен, се искачува како прв на софтверската листа и веќе може да му се изврши трансплантација. Тоа е сликата како функционира целиот систем. Ние моментално едукацијата ја насочуваме кон матичните лекари кои потоа на своите пациенти ќе можат да им го објаснат целиот процес на донорството.
    Постојат Протоколи, кои исто така се напишани во Директивите, каде што точно и прецизно се пишуваат критериумите за трансплантација на различни органи. Самиот софтвер според тие критериуми ја прави листата на пациенти. Секој пациент под шифра ќе може да види на кое место се наоѓа на таа листа. Сега кај нас, начинот на донирање органи е со потпишување. Претходно беше на претпоставена согласност, како на 60% од државите во светот. Тоа значеше дека пациентот треба да оди кај матичниот лекар, и да потпише ако не сака да ги донира органите по смртта. Значи дека пациентот сé додека не го потпише тој документ, тој е потенцијален донор. Меѓутоа, тука имавме голема дебата, и моравме да го смениме тој принцип со оној кој го имаме сега. Сега, секој кој сака да донира орган, ќе треба да потпише согласност кај матичниот лекар.
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Актуелни политички настани

    Тогаш зошто му се дава анестезија(која не секогаш е успешна)? Зошто му се врзуваат рацете со каишеви? Зошто сеуште има телесна температура? Зошто може да уринира, ејакулира(ако е машко) и сл.? Едноставно затоа што сеуште е живо битие и чувствува.

    А мозочната смрт никогаш неможе во потполност да се утврди.
    Но дали навистина се подобруваат? Или страдањето се продолжува? Имено, телото се бори да го отфрли туѓиот орган. По некое време потребно е ново пресадување.
    А од тоа логично произлегува дека донаторот го убиваат...
    Конкретно јас пред сè се спротивставувам на идејата дека сите луѓе по закон требало да се сметаат за преќутно согласни донатори. Ми се допадна тоа што Чадиковски го кажа во интервјуто со AнаКаренина дека моментално вадење органи се прави само ако била дадена изричита согласност од порано. Секој има слобода да одбере како ќе постапи во дадена ситуација, но добро е да бидеме информирани и за другата страна на проблемот бидејќи владее недоволна информираност што всушност се сè случува при трансплантирањето.

    Инаку темава има и неколку духовни аспекти: кој е нашиот вистински живот - овоземскиот или оној како душа? Дали се судбинските удари случајност или последица од нешто? Како реагира душата на донаторот за време на вадењето? Каде и како продолжува неговата душа да егзистира - во радост или болка? Воопшто не е така едноставно и безопасно како што на прв поглед изгледа(демек направив добрина, одам во рајот, или, едноставно ме нема а ако ме нема нема ниту болка и тн...) но повеќе за тоа во некој друг пост, а можеби и тема.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Трансплатацијата би требало да користи само доколку се има согласност за истата, доколку може да спаси нечиј живот, каде нема друг излез за спасување на истиот, доколку може еден орган да се донира и истиот биде прифатен од медицински аспект, во однос на тоа колку ќе служи за здравјето кај човекот и доколку може донаторот да живее без донираниот орган.Зошто да не би се донирало, ако станува збор за спасување живот? А сепак е давање дел од себе, само за да се спаси друг.Тоа е само правење некому добро и човечки во вистинска смисла на зборот,нема ништо лошо во тоа.Денес има луѓе кои се борат со тешки болести за кои и многу тешко е да се најде лек, но има и вакво нешто кое може да направи човек да преживее.Што ако не би била трансплатацијата, што ако не би се нашло лек за тешка болест? Трагедија.Страшна е бројката на луѓе кои умираат, млади, стари, па дури и деца.Не го знам ова од што сум прочитала некаде по нет или слично, туку од секојдневието, од кое слушав/м вакви страшни работи, кои искрено само невидлив шамар ми врзуваат само за да се освестам по незнам кој пат дека лошо е тоа што се случува и дека би било добро да се стори нешто кое ќе овозможи човек да преживее.Луѓето маки доживувале/доживуваат, страшно, излегува повеќе има умерни, отколку живи, не зборам само за кај нас, туку и во светов.Не сакам да звучам песимистички, но тоа е реалноста. Не можам да измислам нешто што нема. Ова со трансплатацијата е само подигнување на свесноста кај човекот за да помогне најдобро што може.Затоа нема ништо лошо во трансплатацијата.
     
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Актуелни политички настани

    Daylight кога те читам, се сложувам со секој твој збор. Не сакам некој да ме касапи , ниту пак да доживем некој близок да биде искасапен.
    Но не мислиш дека тоа е себичност?
    Еве само на овој пример дај ми свое мислење и одбрани го твојот став.
    Да речеме дека една мајка има две деца. Ако едното од нив е болно и потребна му е трансплантација да речеме на срце, а другото настрадало во сообраќајна несреќа, при што срцето е здраво....
    Дали треба мајката да дозволи трансплантација?
    Дали ти како мајка истото би го сторила?

    Посакувам никогаш никој од нас да не се најде во таква ситуација.
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Актуелни политички настани

    сум размислувала на оваа тема, и да, сите органи би ги дала на донација :) сигурно таму кај што ќе одам (2 метра под земја) воопшто нема да ми бидат потребни.

    би оставила ваков аманет на моите :)