rezultati od PAP test na moja draga osoba - intraepitelna lezija od nizok stepen znaci ima prisustvo na HPV.... znae li nekoj da mi kaze nesto poveke posto HPV e virus znaci lecenje nema nekoe iskustvo....sovet.... prognoza znaci sigurna opasnost od rak na grlo na matka sto moze da napravi da se zastiti samata sebe fala odnapred. sekoje iskustvo e dobredojdeno....
Има слична тема за кондиломи - брадавички предизвикани од ХПВ. http://forum.femina.mk/zdravstveni-problemi/kondilomi-t1325/ Во суштина исто е објаснувањето за самиот вирус, сеедно кој тип е(ги има преку 100 типа ХПВ) и дали предизвикува кондиломи или не. Без разлика што кај другарка ти сеуште не е со сигурност потврдено присуството на ХПВ туку само преку ПАП тестот се дијагностицирани промени на клетките дефинирани како лесна дисплазија - ЦИН1, 90% е веројатноста дека има присуство на ХПВ затоа што тој е главен причинител на промени во клетките (лесни, средни, тешки и предканцерогени). Не треба да се паничи лесните промени се лесни затоа и така се викаат, не е старшно, се повлекуваат кај 90% од жените, само треба да се работи на поттикнување на имунолошкиот систем на девојката, самиот организам да го реши тоа. Лесните прмени не се третираат поинаку, за тешките, напредни фази постојат третмани(прочитај во другата тема има убаво објаснето) Во продолжение, правам копи на она што јас го напишав таму: ХПВ (human papiloma virus)- има преку 100 типови од тој вирус. Антивирусен лек не постои, самиот ораганизам - имунолошкиот систем се справува со него. Значи треба да пореаботиш на јакнеење на имунолошкиот систем- Преку храната, а и дополнително да земеш препарати што го јакнат ИС. Најчесто препорачуваат алое вера, мултивитамини и минерали- На пример од А до З од АБО фарм... А што се однесува до самите брадавички гинекологот треба да ти каже дали треба да се преземе нешто за нивно отстранување или ќе се повлечат сами по себе. Дополнително, покрај ПАП тестот треба да си направиш и типизација за ХПВ и пожелно е колпоскопија. Ова би требало самиот гинеколог да ти го предложи во случајов. За ХПВ типизацијата се носи ДНК примерок во МАНУ и се чека до 10 дена, а колпоскопијата е визуелен преглед и ти ги соопштува рез. веднаш. За паника нема потреба, се се лечи доколку е навреме откриено, а посебно што имаш брадавички- тоа е знак дека доколку имаш ХПВ вирус тогаш тоа е некој од помалку опасните типови. Опасни се оние кои доколку не се лечат предизвикуваат промени во клетките и евентуално(значи доколку не се лечи рак на грло на матка) Но ти немаш потреба од грижи, само да си ја следиш ситуацијата. И во иднина секслуални односи со кондом, без разлика што имаш само еден партнер. Сепак да не с енадоврзат дополнителни инфекции од бактериска или габична природа па да ја влошат состојбата. И само да додадам не е ХПВ од низок степен туку дисплазијата- промените на клетките се од низоок степен - значи лесна промена ЦИН 1
fala sto se potrudi Nina...ama..... objasneto i e promena na kletkata od tipot LEZIJA. CIN e neoplazija, znaci HPV virusot e prisuten, pricinitel ima....nema posledica ( CIN 1,2). kondilomi ne mi spomna... ne mi spomna i tipizacija. i dal vaginaleti kantarion, vitamini da pie za imunitet bla bla.... toa e toa? osven vitamini i vaginaletki nemoze da napravi nisto drugo za sebe??
Лезија, дисплазија, тоа е тоа само се менувал описот на промените низ годините. Еве линк за тоа да си прочиташ http://www.zaharievski.com/page.php?id=188 А како мислиш нема последица не те разбирам? Па промените на клеткита се последицата од ХПВ-то. А типизација се вика испитувањето за да се утврди кој точно тип на ХПВ е присутен (нели ги има многу типови- некои опасни некои не, некои предизвикуваат кондиломи, некои не) А терапијата при лесна промена е таа - добра терапија добила. Значи првенствено е важно да го зајакне имунитетот и што помалку стрес, тоа е многу битно. И најважно без паника. Навистина не е тоа ништо страшно.
ХПВ инфекцијата Сексуално преносливи ХПВ инфекција предизвикана од човечки папилома вирус (ХПВ). Човековите papillomavirus е име за семејството на вируси, која вклучува повеќе од 100 различни генетски типови (генотипи). Најдобро познати како предизвикувачи брадавици на кожата. Повеќе од 30 видови на овие вируси се пренесуваат со сексуални односи и тие можат да се појават на гениталии на жените и мажите: на кожата на пенисот, вулвата (областа околу вагината), а perineal областа околу анусот, на вагината мукозни мембрани (вагина), цервиксот (грлото на матката) и уретерот. Повеќето заразени луѓе немаат никакви симптоми и нивните тела се успешно решени инфекција сопствени одбранбени механизми. Некои од видовите на сексуално преносливи ХПВ може да предизвика бенигно генитални брадавици (condyloma) и се наведени како видови на "мал ризик". Други видови може да предизвика рак на матката и затоа се нарекува видови на "висок ризик". ШТО е значењето на генитален ХПВ инфекција Најважните компликации на HPV инфекцијата е можноста за рак на матката кај жените инфицирани со висок ризик типови. HPV инфекции на видови на нискоризичен нема значење, освен ако не е предизвикан од појавата на генитални брадавици. Овие промени се бенигни, се видливи и може да се отстрани. Фреквенција Генитален ХПВ инфекцијата е најчесто сексуално преносливи инфекции во светот. Се проценува дека најмалку 50% од сексуално активните жени и мажи се над нивните животи ХПВ инфекција, гениталии органи. Се проценува дека во Хрватска, инфицира околу 60% од сексуално активните жени, повеќето возраст од 20 и 24 година, а по 40 години бројот на инфицирани жени се намалува. Како можам да стапам генитални ХПВ Типови на HPV, кои се појават во гениталните области се шири пред се преку сексуален контакт. Повеќето HPV инфекции не предизвикуваат нарушувања или знаци на инфекција и затоа повеќето инфицирани лица не се свесни за својата инфекција. Сепак, тие може да се пренесува вирусот на нивните сексуални партнери. А одлика на вируси кои можат да се истрае во инфицираните клетки за неколку години. По долго време, вирусот спонтано да ги отстраните сопствено тело одбранбени механизми. Лицето на било која возраст може да се ре-инфицирани откако секс со инфициран партнер. Кои се знаци генитални ХПВ Повеќето луѓе кои имаат генитален ХПВ инфекција не знаат дека се заразени. Вирусот се наоѓа во клетките на кожата или мукозните мембрани и обично предизвикува никакви симптоми. Некои луѓе се појавуваат повеќе недели или месеци по сексуален однос со заразено лице видливи генитални брадавици (condyloma). Овие се од по еден или неколку розева израстоци од различни големини и форми во областа околу вагината, на вагината, грлото на матката, на пенисот или на скротум. Дали постои лек за ХПВ Не постои лек за ХПВ инфекција. За среќа, поголемиот дел од заразените лица води кон само-лекување. Постоечки третман методи се во насока на отстранување на видливи промени на кожата и мукозните мембрани. Успехот на овие методи е различно од случај до случај. Тие често не успеваат целосно да се елиминира инфицираните клетки и се бара повеќе повтори процедури. Како може човек да се намали ризикот од генитален ХПВ Парењето е една од најчестите и неизбежните форми на контакт помеѓу луѓето и ризикот од сексуално преносливи ХПВ инфекција не можат да бидат целосно отстранети. Сепак, најуспешна начин да се спречи инфекцијата е долготрајна, взаемно моногамен однос партнери, кои не се заразени. Меѓутоа, додека за жените не е сигурен дијагностички тестови за откривање на ХПВ инфекција, такви тестови, не постојат за мажи. Ризикот од генитален ХПВ инфекција може да се намали со намалување на бројот на сексуални партнери. Ефектот на користење на кондоми за спречување на ХПВ инфекција не е позната, но се смета дека заштитата не е завршено, бидејќи ХПВ се најде во области не се опфатени со кондоми.
Jas vo tri meseci napraviv 2 pati PAP testovi. Na prviot kako i na vtoriot rezultat potvrdeno e prisustvo na HPV no od kolposkopijata i rezultatot od pap nema promeni na tkivoto na matkata. Isto taka Imam polip na matkata, tri meseci piev vitaminska terapija imunace kapsuli. Doktorot mi preporaca samo sledenje, toa za HPV-to nebilo nisto strasno. Na moja inicijativa posle ciklus ke odam da napravam tipizacija, sakam da si znam koj tip e. Sto mislite vie za ova, ima li mesto za panika? I sto da zemam za imunitet, preporacajte nesto?
Јас мислам штом е утврдено присуство на вирусот, а нема сеуште промени на клетките на грлото на матката од кој било тип, тоа значи дека е скорешна инфекцијата со ХПВ, т.е. дека од неодамна си заразена и сеуште не се случиле никакви промиени, бидејќи нели треба време за тоа да се случи. Или едноставно си заразена од некој тип кој не е опасен и не прави промени или не се манифестира на тој начин. Но добро е што на време е откриено присуството на ХПВ, добро е што си инсистирала да направиш типизација, ќе бидеш сигурна за кој тип се работи и дали е опасен или не. Така да според мене нема место з апаника, само следи ја ситуацијата преку редовни контроли (на 4 месеци), пиј витамини и минерали и други поттикнувачи на имуноитетот и се надевам дека самиот организам ќе го сузбие вирусот на некој начин пред тој да направи било каков проблем.
Најдов многу убава статија на еден сајт, па сакав во оваа тема да ја споделам со вас. ХПВ инфекцијата е најчестата полово пренослива болест, од која се заразени повеќе од 440 милиони луѓе ширум светот. Ја предизвикува хуманиот папилома вирус – ХПВ. Постојат повеќе од 1000 различни типови на ХПВ од кои 30-40 типа се причинители на гениталните инфекции. Се проценува дека најмалку 80-100% од девојките на возраст меѓу 18-25 години доаѓаат во контакт со вирусот при половиот однос, од нив 30% развиваат симптоми на инфекција.Причината за тоа е спонтаното елиминирање на вирусот – природно самоизлекување, кое најмногу зависи од состојбата на имунолошкиот систем на инфицираните индивидуи. Доколку се работи за ниско ризични типови на ХПВ вируси (6, 11, 41, 43, 44) се јавуваат генитални брадавици (кондиломи). Високо ризичните типови на вируси (16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56) се опасни затоа што се поврзуваат со појава на абнормалности на епителот на грлото на матката (цервикална дисплазија), во отсуство на било какви други симптоми. Хроничната ХПВ инфекција го зголемува ризикот за настанување на рак на грлото на матката за 65 пати, а кај онкогените високо ризични типови за 130 пати. Повеќето од жените со позитивен ХПВ тест сепак нема да развијат генитални брадавици или цервикална дисплазија, иако кај останатите жени ХПВ инфекцијата се поврзува со развојот на рак на грлото на матката. Истражувањата покажуваат дека хроничниот стрес и одредени ставови во врска со сексот го менуваат дотокот на крвта во грлото на матката и влијаат на лачењето на неговите жлезди, што не упатува на органска генеза помеѓу стресот и промените во овој дел од телото. Слабеењето на имунолошкиот систем поради хроничен емоционален или друг вид на стрес, неправилна исхрана, употреба на алкохол и цигари, може да бидат причина за промена на имунолошкиот одговор, кои може да ја потикнат активноста на вирусот. Симптоми: Кај мажите гениталните брадавици се јавуваат на главата на пенисот и препуциумот, а кај жените на малите усни, по целата површина на вагината, околу анусот или на меѓичката (кожата помеѓу вагината и анусот). Ако бројот на кондиломите е умерен, пратени се со лесен јадеж. Во случај на поголем број на кондиломи, т.е. доколку се во збирови, можни се крварења и тогаш кондиломите се болни. Инфекцијата со високо ризичните типови може да биде придружена или да се јави изолирано, главно се открива случајно преку рутинските ПАП-тестирања. Лекување: Постапката на лекувањето е сложена. Кондиломите се острануваат по хируршки пат, ласерски, и со криоелектро-терапија или постапка наречена LEEP. Друг начин е премачкување на израстокот со подофилин, кој претставува хемиска смола добиена од плодовите на бел глог, и спаѓа во редот на растителни цитостатици. Во лекувањето обично се користи 3-5% алкохолен раствор на подофилин или 0,5% подофилокс (Condylox). За надворешна употреба може исто така да се користи и три-хлор-оцетна киселина (TCA). Новост во лекувањето на кодниломите е imiquimod (Aldara) кој се вбројува во имуномодулирачките материи, додека точниот механизам на делување на овој лек не е познат. Поседува антивирално како и антитуморско дејство при што е значајна стимулацијата на целуларниот тип на имунолошкиот систем. Се применува во вид на крема, која се нанесува на промената три пати неделно, а за разлика од хируршкото отстранување или криотерапијата на кондиломите каде рецидивот е до 75%, процентот на рецидивите кај примената imiquimod е помал од 20%. Истражувањата покажуваат дека дури 50-80% од благите промени во Пап тестот со позитивен наод на ХПВ (високо-ризични типови) се враќаат на нормала и без лекување. Но понекогаш овие промени брзо се влошуваат. Поради тоа, кај позитивен наод на ХПВ инфекција на грлото на матката најважен совет е редовна ПАП контрола. Повторуваниот наод на дисплазија поради ХПВ инфекцијата е индикација за проширена колпоскопија со идентификација на промените. По потреба се спроведува хистолошка дијагностика (биопсија), а зависно од резултатите на располагање за понатамошно лекување ни стојат хируршки методи на конизација (ласер, класична конизација, LLETZ), со кои се отстранува нездравото ткиво на вратот на матката, заедно со вирусот. Кај ниски степени на дисплазија опишани се извонредни резултати на лекување со ниски дози на природен интерферон, со успех од 80-100%. Главна цел на локалното лекување со интерферон е инхибиција на вградувањето на ХПВ вирусот во геномот на сеуште неинфицираните клетки. Алтернативна можност: Со оглед на фактот дека е можно спонтано излекување на вирусот, се препорачува заштитен сексуален однос (кондом), иако презервативот не обезбедува апсолутна заштита од ХПВ (вирусот е епидермотропен, и кожата која не е заштитена со презервативот содржи ХПВ), сепак на овој начин се смалува количината на вирусот, кој се пренесува меѓу партнерите во текот на сексуалните односи. За стимулација на имунолошкиот одговор покрај правилната исхрана, улога има и откажувањето од некои штетни навики: алкохол, цигари, редукција на стресот, правилен распоред на дневните активности и дневен одмор односно правилна дневна рутина. Стимулација на локалниот имунолошки одговор на вагината се постигнува со регенерација и јакнење на природната вагинална флора.
veke 3 godini se lecam od visokorizicen HPV i CIN1 i dosega dvapati na kontrola bev negativna.Kontrola pravam na sekoi 4 meseci i obavezno baram biopsija koja ja pravam paralelno i na Klinika i na Prirodnomatematicki fakultet.Prviot pat bev negativna otkako koristev Aldara krema koja ja nabaviv od Avstrija i so nea me premackuvaa sekoi vtor den na Klinika , a posle toa povtorno se pojavi infekcijata i toa HPV 16.Inaku 3 godini uporno pijam vitamini i caevi za HPV a otkako se pojavi HPV16 pocnav da upotrebuvam Gynex forte i na poslednata kontrola nemase HPV no ostana samo CIN1. Sega pak koristam Gynex forte , pijam A,C,E + se NA PRIRIDNA BAZA ( GERMANSKI VITAMINI) ,i sekoj den jadam salata so morkovi, jadam ovosje.Stresot koj vo golema mera go imav go neutralizirav so sedativi zatoa sto morav .Neznam veke sto se ne sum probala od aloe,razni imunostimulansi,vitamini,caevi....i uporno i ponatamu se trujam so niv....no stresot koj go dozivuvam koga ke odam na kontrola so nisto nemozam da go eliminiram.A tek koga cekam rezultati..... Ne me plasi tolku HPV-to bidejki od tolku poloso nemoze da bide, ama me plasi CIN-ot i se trudam da go odrzam barem status kvo kako sto e do sega CIN1 .Mozebi nekoja sreka vo celata situacija e sto veke 3 godini nemam seksualni odnosi bidejki se razvedov pa ne dolevam dopolnitelno infekcija. Slusnav za edni vaginaleti od maslo od Ravensara ama neznam kade mozam da gi najdam Ako nekoj ima informacija ke zamolam da mi kaze kade mozam da gi nabavam.A i gyneksov neznam kolku dolgo moze da se upotrebuva.Jas eden mesec koristam gynex a posle uste 3 meseca betadine pa odam na kontrola. Ako ima nekoj iskustvo okolu gynexot i Ravensarata neka pise. Blagodaram
Уфф ми треба очајно одговор на мн прашања.Пред некој ден бев на гинеколог,ми констатира раничка на грлото на матката,не ја нарече ни така,некаков мозаик....Но без пап тест утврди дека се работи на хпв цин 1,резултатите уште не се ни готови,а тој веднаш ја знаеше дијагнозата.Значи буквално човекот ме извади од памет,не знам што да мислам,прочитав преку 100 форуми,и не знам кај да се обратам.Кажа дека ке направи типизација и само ке има следење со прегледи.Ми кажа дека се работи за постаро заболување само што ме виде,дека немам кандида,дека имам плодна матка и здрави јајници...Едно со едно не ми се спојуваат.Ме интересира дали можеби таа раничка е резултат на последен однос(после кој што прокрварев име болеше многу)и дали е можно да има грешна претпоставка гинекологот.Help
Можно е да има грешна дијагноза. Оди да бараш мислење кај втор гинеколог.А, во која ординација ова ти го кажаа?
nemoj da se nerviras pred vreme. ODI KAJ DRUG GINEKOLOG-OD ISKUSTVO TI KAZUVAM. ne mi e jasno, kako dijagnosticiral taka bez laboratoriski testovi be??? pa i da s esomneva nema taka da ti plesne, ke ceka rezultati prvo. bog da cuva od doktorive denes ne panici, i baraj vtoro mislenje
Uff neizvesnosta ubiva,da definitivno ke se konsultiram so dr doktor,ama mislam deka pap-ot se ke pokaze,dali ima ili ne, ama sepak ne e nacin da se kaze vakvo nesto..koja e taa profesionalnost??..denovive mi se rezultatite...ke spodelam iskustvo...Fala ipak za se!!
ne se plasete nema nisto strasno. jas sum operirana od hpv 16 pred 2 god do sea se e ok koa doznav prviot pat na testot mi pokaza samo deka imam cin 1 i doktorot od sk mi rece deka na taa dijagnoza nema da me operira no mi rece ajde da napravime tipizacija i mi izleze na tipizacijata deka imam hpv 16 bev ispanicena celata mislev gotovo e so mene.neznaev sto mi se slucuva .pomina i operacijata vsusnost toa ne e bese operacija toa bese zafat od pola saat so spinalna .po 2 dena me pustija od bolnica .posle toa se do den denesen mi e se ok samo zdrava iskrana i bez stresovi se resava problemot.zatoa site sto ke imaat slicen vakov problem nemoj da se plasat i da panicat.ako ima nekoj prasanje slobodno neka prasa. [mod-kirilica:19t60a1w][/mod-kirilica:19t60a1w]
ХПВ инфекција не се лечи со лекови туку само со подобрување на имунитетот, организмот сам треба да се избори. Мене преку ПАП тест ми открија ХПВ од низок степен и мојот гинеколог ми препорача подобрување на имунитетот и да ствам 3 месеци вагитории од Равенсара. ПАП тест е препорачливо на секои 6 месеци. Се надевам овој пат кога ке отидам нема да постои никаква инфекција. П.С. дали некој знае, дали може да се пренесе на партнерот(при сексуален однос)?
^^Да, се пренесува при незаштитен сексуален однос. Инаку кога веќе еднаш ќе се заразиш, не можеш да се ослободиш од вирусот. Само мора да го јакнеш имунитетот, фактички да не му дозволиш на вирусот да делува.
Значи ако јас имам, значи веќ сум го заразила и парнерот???? Како да провери дали има тој инфекција? Зошто ако јас се излечам а тој не(или обратно), тогаш само ке си ја пренесуваме еден на друг. П.С. Со дечко ми сме заедно 4год и имаме редовни сексуални односи 3 години и не користиме кондоми Како тој да провери???
Па веројатно си му го пренесла вирусот. А како да открие - нека оди на уролог, тие ќе му кажат што и како треба. Двајцата треба да работите на зајакнување на имунитетот. Повеќе информации има во едно претходно мислење на истава тема, од членката Nina24, прочитај го, па ќе ти даде некоја информација плус.
нискоризичен хпв ве молам девојки ...дали некоја од вас имала нискоризичен хпв?без цин промени,,,само присуство на вирусот....?ве молам што испаднало понатаму,,,?каква терапија примавте?...мене штотуку ми јавија дека имам нискоризичен хпв....многу се плашам...
нискоризичен хпв Mene na rezultatite od papot mi stoese benigni kletocni promeni , pa zaokruzeno kletocni promeni koi asociraat na virusni infekcii i inflamacija ( vklcuva tipicna obnova). Napraviv tipizacija na moja inicijativa i sega cekam rezultati, nekoj sovet , slicno iskustvo ?