ТЕМА: Магнетна резонанца

Мислење 07 Фев 2012, 23:41

Значи мене одамна ми е покачен пролактинот и се симнува по малку со бромергонот, но пак не доаѓа во граници. Сега на последната контрола кај ендокринологот ме испрати да направам магнетна на хипофизата. Може ли некој да ми го опише целиот процес? Што е со тој контраст што се става? Имам многу проблематични вени :( . А и голем паничар сум и имам фобија од игли :tmi: . Плус ми е страв и од тесна просторија и стварно паника ме фаќа. Магнетната ќе ја правам во државна болница. Е сега има и друго нешто што ме буни. Закажана ми е во април и тоа во 15.15 часот. На ливчето кое ми го дадоа со датумот и часот ми пишува ГЛАДНА, значи јас ќе треба да бидам гладна. Е сега тоа значи дека од претходниот ден не треба ништо да јадам? :?: Не дека ќе умрам од глад цел ден да не јадам, ама кога прегладнам почнува да ми се гади и да имам страшни главоболки. Па ако некој знае нека сподели совет. А вода смеам да пијам? Или доколку некоја феминка има телефонски број од онаму кај што се закажува нека ми даде број да прашам таму.
Аватар на корисникот
ana-banana

Зелено цветче
 
333456
Мислења: 868
Зачленет: 27 Јан 2011, 02:17
Слика

Мислење 08 Фев 2012, 01:37

devojce jas dosega tri pati su pravela magnetna na hipoviza i nikogas ne mi rekle da bidam gladna.stom ti rekle ne jadi samo toj den i ne se plasi ne e nisto strasno.
Аватар на корисникот
bllakce

Сино цветче
 
2210
Мислења: 100
Зачленет: 04 Мај 2011, 00:41

Мислење 08 Фев 2012, 02:04

sweet-cherry напиша:Треба да одам на магнетна резонанца на главата поради големи мигренозни болки и несвестици, ама многу ми е страв бидејќи сум клаустрофобична, а ќе морам да го направам прегледот.Да не знае некој случајно колку време би траело одприлика?

Јас правев магнетна резонанца. Исто поради страшни главоболки и дезориентираност.
Не е ништо страшно, околу 10тина- 15 мин. се наоѓаш во посебна просорија. Легнуваш и ти ја ставаат главата во еден ,, калап ''. Потоа те ставаат во скенерот. Предност е што е отворен и нема да се чувствуваш клаустрофобично.

И да напоменам дека ќе слушаш цело време глупав звук од скенерот.
Аватар на корисникот
Tinna2

Фем почетничка
 
315
Мислења: 19
Зачленет: 05 Авг 2010, 15:09

Мислење 09 Фев 2012, 16:54

АНА-БАНАНА ЕВЕ ТИ БРОЈ ОД ДРЗАВНА НА ПРИЕМНО КАЈ СО СЕ ЗАКАЗУВА ПА ПРАШАЈ ШТО ТЕ ИНРЕРЕСИРА
3147-582
eva11

Сино цветче
 
8518
Мислења: 133
Зачленет: 23 Јун 2011, 01:34

Мислење 24 Фев 2012, 02:37

ana-banana напиша:Значи мене одамна ми е покачен пролактинот и се симнува по малку со бромергонот, но пак не доаѓа во граници. Сега на последната контрола кај ендокринологот ме испрати да направам магнетна на хипофизата. Може ли некој да ми го опише целиот процес? Што е со тој контраст што се става? Имам многу проблематични вени :( . А и голем паничар сум и имам фобија од игли :tmi: . Плус ми е страв и од тесна просторија и стварно паника ме фаќа. Магнетната ќе ја правам во државна болница. Е сега има и друго нешто што ме буни. Закажана ми е во април и тоа во 15.15 часот. На ливчето кое ми го дадоа со датумот и часот ми пишува ГЛАДНА, значи јас ќе треба да бидам гладна. Е сега тоа значи дека од претходниот ден не треба ништо да јадам? :?: Не дека ќе умрам од глад цел ден да не јадам, ама кога прегладнам почнува да ми се гади и да имам страшни главоболки. Па ако некој знае нека сподели совет. А вода смеам да пијам? Или доколку некоја феминка има телефонски број од онаму кај што се закажува нека ми даде број да прашам таму.

ас три години по ред одам да ме синимат нахипофизата и а си гладнае задолжително, вецерта пред да одиш ќе се најадиш и не е страшно, наредната ден ќе изджиш, а вода, можеш да пииш, и не се паничи не е ништо страшно, инекција мора да ти стават дека таков е процесот кога станува збор за хипофиза, снимањето не е многу долго15 - 20 минути се во прашање ќе издржиш. Јас бев пред некој ден, па сегачекам резултати, пздрав и пиши како ќе поминиш. Со среќа! :)
Аватар на корисникот
Saraa

Зелено цветче
 
65180
Мислења: 880
Зачленет: 17 Јан 2010, 02:03
Работите кои најмногу вредат, немаат цена!!!

Мислење 02 Мар 2012, 21:38

Има апарат за магнетна во Охрид? Не е важно дали на приватна или државна клиника, ако знае некој нека сподели, ве молам. :)
Аватар на корисникот
Flow

Фем почетничка
 
1926
Мислења: 42
Зачленет: 19 Јан 2011, 22:04

Мислење 20 Апр 2012, 23:13

Flow напиша:Има апарат за магнетна во Охрид? Не е важно дали на приватна или државна клиника, ако знае некој нека сподели, ве молам. :)

Нема апарат во Охрид туку само професор кој чита снимки и тоа приватно.
Последниве 2-3 месеци е донесен нов апарат во државната болница во Битола, а на приватно има и во Дијагностичкиот центар во Кравари (моментално е расипан). Има и во Систина.
Аватар на корисникот
IvanaMkd

Жолто цветче
 
24372033
Мислења: 3291
Зачленет: 29 Јан 2012, 01:15
Локација: Во неговите мисли...
Сеедно ми е , што тажно се случува во моето срце... јас го сакам животот!

Слика

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 17 гости

Site Meter