ТЕМА: Проблеми со желудникот

Мислење 10 Мар 2011, 22:18

Девојки драги и мили дали некој имал проблеми со желудникот со дуење после оброк или абдоменални болки??? Ако сте имале такво искуство ве молам кажете ми мене често ми се случува и денес не сакајќи најдов една статија за карцином на желудник и некако ги читав статиите и страв ме фати ;( ;( ;(

Карциномот на желудникот може да се појави во било кој дел од желудникот и може да се прошири и на останатите органи, претежно во хранопроводот (езофагус), белите дробови, лимфните јазли и црниот дроб (хепар). Желудочниот карцином е причина за околу 800.000 смртни случаи годишно во светски размери.

Причини

Инфекцијата со Хеликобактер пилори се верува дека е причинител за повеќето случаи на карцином на желудникот, додека автоимуниот атрофичен гастритис, интестиналната метаплазија и многу генетски фактори се поврзани со зголемен ризик за појава на овој карцином. Диететскиот режим исто така има огромна улога во појавата на желудочниот карцином – димена храна, солена риба и месо.

Нитратите и нитритите се најчести супстанци кои се наоѓаат во чадените меса. Тие се претвораат од страна на одредени бактерии како Хеликобактер пилори во компоненти кои директно предизвикуваат желудочен карцином. Од друга страна, конзумацијата на свежо овошје и зеленчук кои содржат антиоксидантни витамини (А и Ц) се поврзани со намален ризик од желудочен карцином.

Многу важен но превентибилен фактор е употребата на цигари – го зголемува ризикот за 40% (кај лесните пушачи), до 82% кај тешките пушачи. Друг важен фактор е конзумацијата на алкохол, пред се, жестоки пијалоци.

Желудочниот карцином почесто се јавува кај мажите отколку кај жените со однос 3:1.




Знаци и симптоми

Желудочниот карцином е често асимптоматски (не покажува симптоми) или предизвикува само неспецифични симптоми во најраните фази. Со тек на време со појавувањето на симптомите најверојатно е дека карциномот достигнал напредната фаза и обично има лоша прогноза.

Желудночниот карцином ги дава обично следниве симптоми:

Фаза 1 (ран стадиум)

- Индигестија или жаречка сензација
- Губиток на апетит, особено за месо
- Абдоминална непријатност (дискомфорт) или иритација

Фаза 2 (среден стадиум)

- Слабост и замор
- Дуење на стомакот, особено после оброците

Фаза 3 (доцен стадиум)

- Абдоминална болка во горниот дел од стомакот
- Гадење и понекогаш повраќање
- Дијареа или опстипација
- Губиток на тежина
- Крварење (повраќање на крв или постоење на крв во столицата) – темна крв – мелена. Ова може да доведе до анемија.
- Дисфагија (отежнато голтање) – овој знак посочува на тумор во кардијата или ширење на желудочниот карцином во хранопроводот.

Овие симптоми може да се појават и при други проблеми, како стомачен вирус, улкус на желудникот или целијакија.

Дијагноза

Се поставува врз основа на анамнезата и целокупната историја, физикалното испитување, гастроскопски испитувања, горно-дигестивна рентгенографија (со контраст), компјутеризирана томографија.

Од абнормалното ткиво кое се гледа со гастроскопија се зема биоптичен материјал и се испитува хистопатолошки. Може да се земе примерок од столицата со цел испитување на окултно крварење.

Хистопатологија

Желудочниот аденокарцином е малиген епителен тумор, кој потекнува од жлездениот епител на желудочната слузница. Најголемиот дел (90%) од желудочните карциноми припаѓаат на аденокарциномите. Постојат два типа на аденокарциноми – интестинален и дифузен тип. Аденокарциномите имаат тенденција кон агресивна инвазија на гастричниот ѕид, инфилтрирајќи ги сите три слоја (мускуларис мукоза, субмукоза и мускуларис проприа).

Интестиналниот тип на аденокарциноми се состои од клетки кои се опишуваат како нерегуларни тубуларни структури со засолнувачка мултипна стратификација, мултипни лумени и редуцирана строма (“back to back” аспект). Кај дифузниот тип на аденокарцином (муцинозен, колоиден, линитис пластика, желудник во форма на кожно шише),
туморските клетки се расфрлани и дифузни и секретираат мукус (слуз). Овој тип на тумор е оскудно диференциран. Доколку слузта се лачи внатре во клетките, јадрото се потиснува на страна, давајќи им на клетките аспект на печатен прстен.

Околу 5% од гастричните малигноми се лимфоми (МАЛТ-оми, МАЛТ лимфоми).
Карциноидите и стромалните тумори исто така може да се појават во желудникот.

Терапија

Оперативниот зафат е најчестиот третман за гастричните карциноми, при што се отстранува или дел од желудникот заедно со зафатените лимфни јазли или пак се отстранува и дел од дуоденумот и панкреасот. Долнотретинските тумори може да подлежат на Билрот 1 или Билрот 2 оперативна процедура.

Ендоскопската мукозна ресекција е третман за туморите во ран стадиум, каде промената е лоцирана само на мукозата.
Хируршките интервенции се куративни кај помалку од 40% од случаите, а во случај на метастази, хируршката интервенција може да биде само палијативна метода.

Хемотерапијата е стандард во терапијата. Се користат цитостатици како 5-флуороурацил, доксорубицин, митомицин Ц, цисплатин и таксотере или пак нивни комбинации.

Радијационата терапија е палијативна метода која се користи за намалување на големината на туморот и намалување на болките.

Мултимодалната терапија – преставува комбинација од оперативен зафат, хемотерапија и радијациона терапија.

МНОГУ МИ Е СТРАВ АКО НЕКОЈ ИМА НЕКОЈА ИНФОРМАЦИЈА ВЕ МОЛАМ СПОДЕЛЕТЕ ЈА !!!
Аватар на корисникот
Podarok

Сино цветче
 
71100
Мислења: 185
Зачленет: 28 Фев 2011, 21:05
Локација: Скопје Македонија
За жал, шансите многу појасно се гледаат кога заминуваат, отколку кога се појавуваат.

Мислење 10 Мар 2011, 23:04

Колку повеќе читаш и бараш по нет информации, толку повеќе ќе се замислуваш и ќе се загрижуваш.
Немој да бидеш хипохондрик...
Мајка ми што вика, секоја болест - исти симптоми... во секој симптом се пронаоѓаме, и не смееме психички да се оптоваруваме со такви мислења, оти болеста почнува од мозокот, од потсвеста. :x

Подувавувањето и болките во желудник ги имам и јас, и ги смирувам со ранитадин апчињата, или евентуално и по едно регланче ако чувствувам гадење.
Или пак пробај со млеко, на некој така му поминувало.
Не е ништо страшно, ама сепак треба да си отидеш на доктор подетално да се прегледаш, и да ти даде соодветна терапија.
Болките можат да се појават од повеќе причинители. Можеби станува збор за бактерија на желудникот, неправилна исхрана, прејадување, нејадење, држење диети, нервози, стресови...
Докторот најубаво ќе ти каже, немој одма на најлошо да мислиш.
Аватар на корисникот
2468

Жолто цветче
 
26582344
Мислења: 4493
Зачленет: 23 Дек 2009, 22:22
Локација: Big apple...
Life isn't about finding yourself. Life is about creating yourself! Слика

Мислење 10 Мар 2011, 23:11

Леле не паничииии. И јас си имам проблеми со желудникот. Да ми беше карцином до сега 10 пати ќе ме снемаше. Можеби имаш јадено нешто расипано и ти се надразнил желудникот. Можеби ти е почувствителен и треба да избегуваш одредени јадења како што се лути, зачинети потешки јадења. Јас си имам проблем со желудникот од кога знам за мене може да ми се случи да го надразнам со некоја храна и неколку дена поред да ме боли. Мене ми ги препишаа ULCODIN а не дека ми помагаат ама со избегнување на гореспоменатите храна неколку дена ми поминува. Не паничи без причина тоа е нешто најнормално сооглед дека јадеме се и се што а и секаде.
Аватар на корисникот
SOVRSENSTVO

Жолто цветче
 
1475567
Мислења: 2795
Зачленет: 20 Сеп 2010, 13:25
Локација: далекy од реланоста...
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, дури и кошулата од грбот - но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.

Атентат - Јасмина Кадра

Мислење 10 Мар 2011, 23:12

Мене многу често ме боли желудникот. Понекогаш чувствувам грчеви а понекогаш имам страшни киселини :worried:
Бев на лекар и матичната ми препиша фамосан.
Пиев тогаш за тогаш, ми се стабилизира желудникот, но по извесно време пак истата приказна.
Веројатно редно време е да одам да го снимам.
Нека не ти оди паметот во нај лошото, јас до сега ако размислував така (како што не одам на лекар) ќе умрев :D
Инаку нај убаво земи си упат и оди сними си го. Така ќе знаеш на што си и ќе си ја примаш соодветната терапија.
Вака од ракав ако ти кажеме лекови против болки, можеш само поголема штета да си направиш.
Аватар на корисникот
bitter-girl

Зелено цветче
 
479312
Мислења: 558
Зачленет: 23 Дек 2010, 02:03
Слика

Мислење 10 Мар 2011, 23:33

да ти кажам право немој многу да паничиш,само појди си кај матичниот лекар па нека ти даде упут за да си испиташ крв, и да се снимиш на ехо. Ти кажувам од лично искуство, јас имам проблеми со желудникот веќе неколку години, конкретно кога почнав на факултет ми се јавија проблемите.Од нередевно јадење, нервози...
Отидов на лекар и ми кажаа дека има хеликобактер пилори, т.е таа бактерија сме ја имале сите само кај некои поизразена е. Па ми кажаа да не јадам зачинето, пржено,сендвичи и слично, а исто така ми дадоа терапија од 3 вида апчиња и додека ја пиев беше ок, ама после пак исто. Но јас во последно време почнав да јадам редовно, да внесувам повеке течности, супа и да не се заречам подобро мие. А порано понекогаш имав неподносливи грчеви, ми се дуеше стомакот...
Значи само внимавај на исхраната, тоа е многу битно ;)
Аватар на корисникот
ljubicicaa

Жолто цветче
 
52797
Мислења: 1539
Зачленет: 14 Дек 2010, 23:16
Слика

Мислење 10 Мар 2011, 23:36

Ах, деца, деца. Не дека јас сум нешто многу стара, ама не можам да поверувам, како толку сте млади, а така црни мисли имате. Одма... канцер... Не дај боже, така се добивало тоа...
САкам да кажам, сигурно си студентка, под стрес со испити и сесии, нередовна и сува исхрана и така натака и логично е да ти се јави дување на стомакот и болки во желудникот. Сето тоа, според мене (не да се правам сега докторка, а не сум) е последица на зголемена концентрација на Helicobacter pylori, која се среќава кај сите на таа возраст. Ова го кажувам од искуство. Расипан желудник е студентски синдром. Но, секако ти препорачувам да си појдеш на доктор, ќе си кажиш шо мака имаш, ако е она што мислам, ќе ти направат тест и ако е позитивен, ќе ти дадат комбинирана терапија од антибиотици.
Аватар на корисникот
didi1982

Бело цветче
 
3743
Мислења: 52
Зачленет: 27 Дек 2009, 23:21

Мислење 10 Мар 2011, 23:42

Девојки фала ви на советите ама мене ми се дуе баш како да сум трудна и имам болки ама не често се случува понекогаш можеби е од некоја храна незнам ама ке одам на доктор во понеделник да видам што ке биде се надевам не е ништо лошо... ВИ БЛАГОДАРАМ МНОГУ !!!
Аватар на корисникот
Podarok

Сино цветче
 
71100
Мислења: 185
Зачленет: 28 Фев 2011, 21:05
Локација: Скопје Македонија
За жал, шансите многу појасно се гледаат кога заминуваат, отколку кога се појавуваат.

Мислење 10 Мар 2011, 23:56

на лекар обавезно да одиш!! а дотогаш ако тие лошо пиј јогурт, или млеко тоа ги намалува грчевите и надуеноста, а исто и чај од нане помага ;)
Аватар на корисникот
ljubicicaa

Жолто цветче
 
52797
Мислења: 1539
Зачленет: 14 Дек 2010, 23:16
Слика

Мислење 11 Мар 2011, 11:18

значи сите симптоми ги имав дури и до 3 фаза, :o фала му набога имав само хеликобактер пилори, неможев да ја излечам 3 години, пиев тројни терапии, од што крварев многу од нос, менструација ми ослабна и крвта, па сето што требаше да јадам за да ми ојача крвта не смеев да го јадам заради балктеријата, неможев да се справам од 4 до некаде 17 18 години, редовно бев под тројна терапија 6 месеци па после пауза, ја излекував и сега пак чекам резултати од крвта затоа што во последно време ги имав истите симптоми, не кревај паника, не се плаши таа бактерија ја имаат повеќето! оди на лекар и потоа испитај крв нагласено за оваа бактерија нека ти напишат на упутот од матичен, па пиши ни што си направила!
Аватар на корисникот
Lina24

Жолто цветче
 
416241
Мислења: 2234
Зачленет: 26 Фев 2010, 23:29

Мислење 14 Мар 2011, 00:20

i jas istotaka cel zivot imam problem zo zeludnikot.Pred 4 meseci se snimav na rengen so kasa i mi rekoa deka site uzasni bolki mi se od toa sto na nervna baza mi se stesnuval hranoprovodot i hranata ne mozela da stigne vo zeludnikot i da se svari.Mi dadoa terapija od koja vednas mi stana podobro.Sega veke i ja prekinav i mi e super,taka da nemoj da mislis uste odma na najlosoto samo moze od stres dopolnitelno da si imas maka.

Потсетување од модератор

Ве молиме пишувајте на кирилица. Ако не знаете како, прочитајте овде.
Аватар на корисникот
ohoho

Сино цветче
 
8432
Мислења: 266
Зачленет: 26 Јан 2011, 01:48
ме + love + 2 kids = happy family

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: 30041990, Derby, Primrose.x и 25 гости