Оти си машко, ти кажав, ние жените сме покомплицирани, па затоа сме почестени со вакви роднински врски
Значи само жените имаат јатрви и золви.Од двајца браќа,сопругите се јатрви.Золва е сестрата на мажот.Снаа е сопругата на братотТи како машко ќе имаш балдази ако има сестри,ако има брат шура
Чекај чекај, зошто на неа и праќа пари што требало на тебе да ги прати? Овде односите се замрсени меѓу сите, не само меѓу снаава и золвата.
Поради тоа што јас немав Бугарска сметка, и тоа се случи пред мене да ми даде прстен мм, бевме само дечко и девојка и мене ми беше срам да барам пари од него, а он работи во странство, а јас дознав дека сум бремена после 2 недели од кога замина мм.
@FlirtBerry ама што им се објаснуваш жено? Ај не си го раскажувај животот овде на сите, нека си тераат работа, не си злобна, само си одговорила непромислено, не знаат што значи некој да е злобен!
Јас се изиритирав зошто ме прават нешто што не сум, ама еве веќе не се замарам искрено, кој што сака нека мисли…
Како бе луѓе не е голема работа за најблизок да се помести убав настан? На првиот роденден на дете мое, брат ми и татко ми не беа, едноставно не можеа да земат одмор, во странство беа. Се отепав од плачење кога ми се јавија на камера на прославата. Најважните на најважниот настан не беа присутни. Не знам на кој начин е прашала сестрата ама ако културно прашала можело и културно да се одговори. Плус и бременоста не е,, плукни залепи". Кој не видел мака со забременување не знае што збори. Ај утре ќе решам дете да правам и утре гарант ќе се фати. Шти мислите секоја останува бремена кога ќе посака?
Не може да се поместува свадба ако си бремена, јас бев на свадба бремена пред пораѓај, жени прават свадба во 7-8 месец од бременост, некултурно е утре јас такво нешто да побарам од брат ми, никогаш и нема тоа да го прашам, ни во лудило. И бремена ќе одам на свадбата на брат ми, и луда и саката и секаква! Ништо нема да ме спречи во тоа, па макар и само да седам на столче цела свадба! Никогаш не би се мешала во нивниот специјален ден, не па да барам да ми поместува датуми за мојата бременост, сулудо. Единствена замерка е што и одговорила дрско, тоа е непромислено, на се останато си добила одговор каков што заслужува, глупаво прашање што јас нема никогаш на брат ми да му го поставам. И ова не те прави злобен човек, според мене.
А зошто братот кој работи во странство да не смее да и испрати пари на СОПСТВЕНАТА сестра? Зарем брат ми нема да ми биде брат одкако ќе се ожени? Е се додека вака се филмате, сеуште не влезени во нечија фамилија да ги раскарате семејните односи нема да имате ни мир ни почит!
Не ми се јасни овие односи брат-сестра ама насекаде ги гледам. Имам сестра постара никогаш не ми давала пари, не ме финансирала тоа било обврска на мојте. Работела во странство.За разлика од зет, другари со сестри, кои влегуваат во брак и уште даваат пари на сестрите па така настануваат караници. Парите се дома во семејството, не за цела фамилија. Ако се има ќе се даде ок, но сестрата може да работи и да си заработи. Чудна појава... Не би можела да замислам да имам сестра здрава права да студира или да е 18+ а да и давам пари, побогу зошто Едно е подарок за роденден, нг друго е редовно издржување
Zamisluvam. Maz mi nadvor od Makedonija, sama rastam deca, koi stresovi gi dozivuvam sama i da izdrzuva brat, sestra. Ma ima da zapalam se i nego.
Има исклучоци да е само без родители, малолетно, студира...ама се' останато е аздис "Бато во петок вечер на пијачка сакам да одам мама не ми дава пари немала"...и ова пред мои очи се дешавало. И братов место 1000ката на жената и детето, даде да излезе и после снаата не чини
Јас сметам дека кога уште си дел од семејството на мајка ти и татко ти уште живеете сите заедно и работиш мора секој член кој што од некои причини е издржуван дел од твојата плата да оди во издражуваниот член (учи, студент, моментално е без работа, болест), како и од платата од секој член. Ако има член во семејството што е работоспособен, ама по лесно му е да лежи и не придонесува на никаков начин во семејството никој не треба да му помогне. Ама ако веќе ти си се одлучил да живееш сам или си се омажил/оженил не си должен да го издржуваше тој член, примарно семејство е тоа новото кое што го градиш и должен си прво да го обезбедиш своето семејство финансиски, а после ако си во можност и сакаш можеш да помогнеш, ама не си должен да го правиш тоа како во првиот случај.
Односот помеѓу брат ми и мене е само помеѓу нас. На кој би му било чудно сигурно нема да е дел од нашата фамилија. Ти не замислувај зошто би дала пари, за некои тоа е најнормално зошто замисли се брат и сестра. Тука морам да потенцирам дека не треба ниту во еден момент да страда жената, ниту да биде лишена од нешто и дека секој кој одлучил да влезе во брак дека треба да е одговорен спрема другата личност.
Јас не сум против брат и да и дава пари, да и помага, ама ти да работиш, расипнички да трошиш, да знаеш дека дома ти треба кревет и си викаш ај креветот може да почека, попустите за гардероба НЕ МОЖАТ да почекаат, е тогаш веќе треба да се размисли. Плус мажена е, не може брат и да ја гледа и нејзината и неговата фамилија. Инаку влезена сум во неговата фамилија, регистрирани сме во матично пред свадба поради тоа што требаше да вадам документи преку него затоа што живеевме во странство, сега јас сум во МК неколку месеци до свадба пошто имам обврски околу неа и после свадба, после одморот заминуваме пак. Значи пак имам право на глас сепак.