Чувството дека околината е променета дека не ја познаваш, а свесна си дека не е така во реалноста се вика дереализација. Ова не е невообичаено за некој кој се бори со депресија и анксиозност и има акутен стрес. Те читам низ темите и се гледа дека стварно си имаш мака ама и дека сакаш да работиш на тоа да ти биде подобро што е добар почеток. Не знам на каква терапија си била до сега ама пробај когнитивно-бихејвиорална терапија. Најди некој искусен психотерапевт и работи на себе. Друго што приметив е дека имаш проблем во одржување на другарства, прифаќање на критики, проблеми на работа и мислам дека тоа треба да го тематизираш на психотерапијата. Многу често велиш дека другарствата ти се еднострани и дека те избегнуваат. Реално може и некој те препознал на форумот и не сака неговите проблеми или вашите муабети да ги чита тука. Имаш многу информации споделено за себе и мислам дека ова може да е една од причините што те избегнуваат. И уште еден совет за крај запиши се на некој спорт. Ова ти е одличен начин да стекнеш нови пријателства и да го намалиш барем малку стресот.
Не живеам во Македонија, не можам да ти помогнам. Ама распрашај се сигурно има некој кој прави таква терапија.
Како ги контролирате емоциите. Некогаш од толкава раздрадливост дури и викотница ме вознемирува и после тоа имам стегање во гради, покачен притисок, не можам да се опуштам. Ќе пројде ли чумава еднаш засекогаш. Поздрав до сите борци