Добар психолог од Охрид, имам слушнато за др. Васка Кочоска има своја ординација на Бул. Туристичка, незнам дали работи со фонд. Можеш на матичен да кажеш за проблемот и ќе ти закаже кај неа. Е сега, имаш бебче... 6м беше така? Многу чувствителен период за жената е баш овој сепак 6м после пораѓај не се многу, хормоните лудуваат знаат да предизвикаат проблем и со пулсот. Мене после вториот пороѓај пулсот ми се качуваше до 150, срцето го чувствував во грлото... со сите испитувања се установи дека хормоните после пороѓај прават проблем дури да се смират. Оди кај матичниот кажи му што мислиш и чувствуваш и мислам дека најдобро ќе те упати. Што и да ти треба тука сум сепак ако живеете сами со сопругот и немаш помош од никого не си одморена, со сите тие обврски околу куќа и бебе, и тоа си придонесува за вознемиреноста, да не правиме муабет ако анксиозноста е присутна од порано, ова сигурно ја влошува. Опушти се, одмори се, гледај бебето ако имаш поддршка од сопругот тоа е супер. Ќе се среди се
Дали ви се случува после одреден стрес период или во момент на нервоза да почне вратот да ве стега, да добивате чувство дека некој за врат ве стега, баш во пределот кај тироидеата? И преку нос неможам да дишам во тој момент како затнат да ми е. Незнам што се случува.