Дали ви се случува после одреден стрес период или во момент на нервоза да почне вратот да ве стега, да добивате чувство дека некој за врат ве стега, баш во пределот кај тироидеата? И преку нос неможам да дишам во тој момент како затнат да ми е. Незнам што се случува.
Лично чувствувам притисок на целото лице, знаеш коа ќе се бувнеш у перница со главата надолу и тешко се дише и осеќаш притисок, е така, ко некој да ми има бувнато перница на глава се осеќам.
Да, кога сум под ептен голем стрес. Стани размрдај се кога ти се случува, направи мала вежба за вратот и во тој момент обиди се да мислиш на нешто друго. Како да си правиш рисет на мислите.
Кај Васка имам идено пред 5 години, можеби... супер си беше без терапии,без ништо само со разговор ме среди и некој 90% бев ок, скоро да немав анксиозност. Одев на работа, бевме повеќе во смена, опадна работата почнаа да фрчат откази и останавме по 1 на смена, работа скоро да немаше ич, почнаа да ни вршат притисок. Почнав таму да се гушам, да добивам панични напади и сл и пак ме фати пикот на анксиозноста. Дадов отказ со поддршка од маж ми, најдов нова работа, се вратив во колосек и бев ок. Фати короната и од таа работа ништо, новите не испуштија. После тоа имав една огрооомна трагедија (загуба) и кога ме мавна анксиозноста на најјако уште неможам да се опоравам. Одев кај Васка, но Васка воопшто не ми помогна, презафатена е, само лупа сеанси во денот, исклучена е (не е таа таа што беше) на неколку пати забележав и дека не ни ме слуша Одев кај неа буквално ко на кафе да идам да тепам време, повеќе таа раскажуваше за нејзините по дома така да таа ми отпаѓа. По џабе давав 3.000 ден, да не кажам фрлени пари ми беа. Првиот пат кога идев 2.000 ден беше и ич не ми е жал... И мене ми се дешава да го осеќам срцето во грло, во последно исто и неможам да дишам Иначе, да сами сме со маж ми За среќа имам поддршка што се вика и појќе од тоа што треба и околу дете и ми ја сфаќа најдобро ситуацијата. И да не направам нешто ако ме замоли воопшто не се љути и не се расправа, во принцип не е захтевен Препосветен ни е, греота е да се пожалам. Само сакам јас да се средам да не го влечам и него надолу. Да има стабилна жена каква што заслужува, да се потпре на мене во секое време. Се пази да ми се пожали ако има некоја мака за да не почнам да паничам. Сто пати сум му рекла дека сум му товар да се разведеме да живи раат. Тој несака да слушне, вика дека му е убаво и среќен. Уште пред да имаме дете му викав за развод сега не спомнувам више
Незнам дали го разочарувам ама ептен ми е жал. Се осеќам некогаш како мало дете да сум а тој ко татко да ми е некој глуп осеќај и грижа на совест. Само тоа викам ваков совршен маж на секоја жена и е сон, јас го имам и ради анксиозност неможам да уживам. Никаква забрана немам ниту пак расправија, што и да посакам сервирано ми е на тацна. Затоа ми е жал. Да беше некој друг немаше око да ми трепне хахах Го испофалив пу пу пу
Ќе се среди, верувај ми сега зашто си тазе породена е потешко, делуваат хормоните. Мисли позитивно, и јас сум имала загуби и тоа баш пред една година многу драга личност изгубив, разбрав на неговата задушница од 6 недели... тоа ме распарчи. Од обврски не сум сумила дека не ми се јавил толку време а не ми кажувале зашто знаеле колку ќе тагувам. Мораш да мислиш позитивно, сопругот те сака, те поддржува тоа е право богатство и ветувај не му си товар, личноста што ја сакаш никогаш не може да ти биде товар, никогаш. Размислувај вака: секој со својата судбина...тешко е ама мора така. Ти си имаш бебе, уживај додека го гледаш, додека расте. Многу брзо растат, верувај. Дури трепнеш почнало на училиште, станало тинејџер... како врви времето само. Каков развод, батали тоа, не спомнувај веќе такво нешто. Ако толку те сака не си го уништувај тоа. Распрашај се за некој послободен доктор ако неможеш да се справиш без помош. Јас сум имала многу стресни моменти ама изгледа силна сум била но ако чувствуваш дека мораш побарај помош обавезно. Оди кај матичен кажи за проблемот. Нешто што досега го имам научено е дека секој проблем е мал кога се здрав, само да си здрав. Не сакам да ти кажувам мои детали да не те вознемирам уште повеќе ама гледај го здравјето. Бев ставена во еден момент како на раскрсница... сомнеж за нешто многу лошо цел живот ми помина пред очи. Ама реков "ок, не е лошото, сега следува борба, ќе трае ама нема откажување" и еве ме... терам напред. Сега и доиш, нема да ти дадат лекови ама можеби можеш да пиеш чај од валеријан, има и капки од валеријан тие се за смирување, прашај доктор дали смееш такви. Јас имам пиено по препорака на доктор и делуваат. Незнам друго... може да разговараме за што и да сакаш
Нема проблем воопшто. Некогаш мора се да ставиш на страна и да се погледнеш себеси. Си имала живот пред сопругот и бебето, сетисе на некои тогашни навики кои можеби си ги подзаборавила периодов. Грижа за себе, ритуали за убавина, нега, излегување со другарки... на пример јас кога се омажив се заборавив себеси. 7 години бев слепо посветена на сите само на себе не... еден ден си реков: " ова не си ти, каде е е таа ..... што беше?" Е и тогаш почна промената на убаво ги побарав другарките, отидов на фризер, почнав да вежбам, сменав исхрана... каква промена беше да знаеш станав полетна, свежа, и се поубава... за себе за никој друг. Уште бев мајка и сопруга ама задоволна од себе а тоа некогаш многу подигнува
Здраво дали некој со соочува со несоница значи да неможе никако да заспие или само штом ќе заспие да се буди одма секундарно.Еве ова ми се случува на мене значи јас сум немала никакви проблеми со спиењето но откако имав абортус после 3 месеци од тоа јас почнав со ова и се борам веќе цели 3 години.Пиев и антидепресиви 8 месеци но беше исто потоа ги прекинав е сега бидејки сакам повторно да останам трудна не сакам да сум на антидепресиви но јас неможам да спијам и готово еве веќе 4ри вечери по ред неможам и неможам да спијам дали некој има проблеми со спиење како мене па да ми сподели искуство што пиел или незнам можеби пак ќе си појдам на психијатар бидејќи ова више не се издржува....
https://viafarm.mk/p/4464/dormirin-rapid-peroralen-sprej-80-dozi Пред спиење ќе прснеш под јазик. Препорака од психијатар. Не се опасни и штетни, може и во бременост да се користат
Јас по мое искуство можам да кажам колку повеќе помош имаш полошо е за тебе. Дури беше маж ми тука почнав да запаѓам, помош имав за се повеќе слободно време и мислите ми забегуваа, замина тој во странство пред 7месеци од тогаш сум сама со двете деца, претешко ми е ама ќе се исплачам и продолжувам, немам многу време за мислење и жалење, или за анализирање на симптоми. Мораш да си го исполниш денот со обврски, ако седиш и чекаш некој за да излезиш или сработиш нешто само повеќе ќе запаѓаш.
Сега одам кај неа,ке ти даде матичниот упат, ке платиш само 80 денари, млада е многу приступачна, фина, знае да сослуша,има ординација на ул галичица кај продавницата марела,,во куќа има табла
Свесна сум ама цело време нешто ме влече надолу Дали е од помош и дава насоки за подобрување? За сослушување само не ми треба
Да, така е. Колку повеќе се затрупаш во обврски толку помалку мислиш. На крај од денот од умор ставаш глава на перница и одма заспиваш. Јас кога сум нервозна а во последно време се почесто ова ми е бегство. И пешачење...