хахахахаха ко 100 да имам, ама сакав да пишам едната страна да ми е подебела од другата. Да меѓутоа исто така прашањето ми е како да се справам со ситуацијата и дали ќе има фајде сега ако се збори со психологот.
Вежбање во теретана не е стрес? Од каде ова? Баш за вакви анксиозни состојби е уште подобро поинтензивна физичка активност.
Од кај знаеш шо точно има? Нека иде нека напраи испитувања прво. Инаку, колку да се мачат у теретана, по 100 кг доста е да креваат? Или интензивно кардио да праат па да им лета пулс до 200.. Збори дека нонстоп си го осеќала срцето како и' прескака.
Претренираност и неправилно тренирање може само да ја влоши состојбата со оглед на тоа дека од самото вежбање со тежини се активира хормонот за стрес кортизол а по него и адреналинот и инсулинот. Вежбањето колку по себе е добро толку е негативно ако не е во корелација со здравствената состојба. И ако се има проблем со срцето кардиото треба да биде контролирано и одобрено а не на своја рака, пулсот повеќе од 125 и 130 не треба да помине за време на кардио и затоа на сензорите почесто се мери пулсот додека се изведува.