хахахахаха ко 100 да имам, ама сакав да пишам едната страна да ми е подебела од другата. Да меѓутоа исто така прашањето ми е како да се справам со ситуацијата и дали ќе има фајде сега ако се збори со психологот.
Вежбање во теретана не е стрес? Од каде ова? Баш за вакви анксиозни состојби е уште подобро поинтензивна физичка активност.
Од кај знаеш шо точно има? Нека иде нека напраи испитувања прво. Инаку, колку да се мачат у теретана, по 100 кг доста е да креваат? Или интензивно кардио да праат па да им лета пулс до 200.. Збори дека нонстоп си го осеќала срцето како и' прескака.
Претренираност и неправилно тренирање може само да ја влоши состојбата со оглед на тоа дека од самото вежбање со тежини се активира хормонот за стрес кортизол а по него и адреналинот и инсулинот. Вежбањето колку по себе е добро толку е негативно ако не е во корелација со здравствената состојба. И ако се има проблем со срцето кардиото треба да биде контролирано и одобрено а не на своја рака, пулсот повеќе од 125 и 130 не треба да помине за време на кардио и затоа на сензорите почесто се мери пулсот додека се изведува.
Не реков да не иде, секако дека треба да се провери. Ама освен ако не е со некоја тешка срцева болест(што е малку веројатно), никој доктор нема да и забрани да вежба, туку баш напротив. Исто така, кога ќе почнеш да вежбаш, почнуваш полека па зголемуваш интензитет како што поминува времето и се адаптираш, никој не те тера да кренеш 100кг на влез на теретана или да почнеш да трчаш 1 саат без прекин. Значи не ширете страв без врска, секој човек треба да вежба, секако прилагодено за него. Покачувањето на кортизол е многу краткотрајно и минливо, неспоредливо со лачење на кортизол од вистински стресни ситуации. Исто и за инсулин, самото вежбање има одлично влијание на инсулинска регулација. Да не зборам за лачење ендорфини, колку позитивен ефект има па тоа за анксиозност и депресија.
Полека, диши длабоко, издиши. Не ја храни анксиозноста, кажи дека сѐ ќе биде ок и дека е само паничен напад што ти се случува. Издишувај длабоко неколку пати.
Пушти си музика, олабави се, диши издиши и полека, ќе помине, почни малку да го храниш мозокот со таа мисла.
Луѓе, нз шо да правам.... На сите му објаснувам дека не можам поќе и оваа работа да ја работам , на себе не можам 4 години да си дојдам.... Сите ми велат од една на др работа да се префрлам... А стрес и анксиозност ми е на 100. Пак втора смена, пак немам време за себе Од сите страни сум под притисок да седам на работа, уште повеќе психички ќе сум паднела ако немам работа. Ни Господ не ме спасувал.. Јас сум хронично ненаспана, се здебелив и буквално се ми е стрес. Особено имам притисок од родителите.. Еве зедов 4 дена одмор, не можам да се напијам, не сакам луѓе, се тресам цела
да, малиот ми имаше фебрилни грчеви и секогаш ми беше страв да не крене температура а ако крене имав баш јаки панични напади со тресење на снагата со стегање во плуќата да не можан да дишам. Гледај да не мислиш на тоа навистина се враќаат тие гадни чуства на страв паника реакција
Не можам да те сфатам. Ти сакаш отказ да си дадеш за да одмориш или да си бараш друга работа во меѓувреме или? Ќути, истото е и кај мене, нон стоп се трипам нешто.
Ако тоа е најдобро за твоето ментално здравје, тоа направи го. Одмори, ако имаш нешто пари заштедено на страна оди прошетај, рехабилитирај се малце и во меѓувреме барај работа затоа што и моменталниов јоб маркет е катастрофа. Не слушај туѓи мислења, сепак само ти си ја живееш анксиозноста и никој друг од страна не може да знае како ти е тебе, ако сметаш дека отказот од работа ќе ти донесе мир малку и да си се справиш со анксиозноста апсолутно тоа да го направиш.
Се мислам за работа од дома... На оваа истава шо сум... Ама мене толку ми е смачено од канцеларија, од колеги, од се, од брзање за мочање и сл.... Сите ми велат да не се затварам дома, да одам да комуницирам а немам ни сила ни ништо. Ќе зборнам сега со психијатрот и психологот. Верувај, на боледување сум од што нешто притисокот ми е катастрофа. Откуцаите 120 ми се качија.