Здраво Дали некој имал проблеми со панични и анскиозност после пушење трева Мене ми де случи пред две години после пушење добив екстремни панични напади посебно ноќе, после нападите стивнаа и почна анксиозноста и лошите мисли како тоа дека нешто не е во ред со мене, дека полудувам, дека лугето мислат оти не сум во ред екстремно се срамам се повлеков од сите, изгубив другарки сосема сум сама и ми е премногу тешко. На се тоа имам и деперсонализација и дереализација, не се осеќам себеси како да го проматрам животот од друга перспектива, како да немам осет со реалноста со себеси. Пробав со психотерапија ама не помага ништо. Пробав 5htp природен серталин не помага. Има ли некој искуство со ова може да ми пишете и во приватна порака. Веке мислам оти треба да почнам со фармакотерапија па би ве замолила да препорачате добар психијатар кој се замимава со ансиозност и напади. Би пробала се за да си дојдам ма себе си црква, манастир, лекови било што. Кој има искуство слободно нека ми пише, секоја помош е добредојдена.
Консултирај се со лекар Не пијте лекови како бомбони,и лекови кои се препорачани по форуми или од на "бабата золвата,тетка и"!!