Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. Tanjaaa.1234

    Tanjaaa.1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Дали некој имал проблеми со панични и анскиозност после пушење трева
    Мене ми де случи пред две години после пушење добив екстремни панични напади посебно ноќе, после нападите стивнаа и почна анксиозноста и лошите мисли како тоа дека нешто не е во ред со мене, дека полудувам, дека лугето мислат оти не сум во ред екстремно се срамам се повлеков од сите, изгубив другарки сосема сум сама и ми е премногу тешко.
    На се тоа имам и деперсонализација и дереализација, не се осеќам себеси како да го проматрам животот од друга перспектива, како да немам осет со реалноста со себеси.
    Пробав со психотерапија ама не помага ништо.
    Пробав 5htp природен серталин не помага.
    Има ли некој искуство со ова може да ми пишете и во приватна порака.
    Веке мислам оти треба да почнам со фармакотерапија па би ве замолила да препорачате добар психијатар кој се замимава со ансиозност и напади.
    Би пробала се за да си дојдам ма себе си црква, манастир, лекови било што.
    Кој има искуство слободно нека ми пише, секоја помош е добредојдена.
     
  2. Tarantulla

    Tarantulla Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Женски
    Само лекови,друго нека ти биди пропратна терапија
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Blagq

    Blagq Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2022
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Што да се напијам за помала трема при јавно говорење?
     
  4. Moon&me

    Moon&me Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    489
    Консултирај се со лекар
    Не пијте лекови како бомбони,и лекови кои се препорачани по форуми или од на "бабата золвата,тетка и"!!
     
    На Mumoftwo30 и GirlLove им се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.085
    Допаѓања:
    18.188
    Др. Александар Марцикиќ.. Побарај ги, пријателите и ќе видеш кој ти е баш пријател.
     
    Последна измена: 29 мај 2026
  6. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    2.910
    Ова личи на психоза предизвикана од дрога. Психозите се лечат со антипсихотик не со некој природен антидепресив и психотерапија. Дали се работи за шизофренија или психоза предизвикана од дрога може да се каже откако минимално 6 месеци ќе си чиста без користење на било каква дрога. Секако за дијагноза и терапија ќе си одиш кај стручно лице во случајов кај специјалист психијатар да ти даде. Ова е само насока каде да побараш помош. Ти советувам што побрзо да закажеш и секако да престанеш да користиш дрога.
     
    На Mumoftwo30 и GirlLove им се допаѓа ова.
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.085
    Допаѓања:
    18.188
    @Katie90, немој да кажеш оти некој ќе скокне ќе ти каже дека не е.... Свашта....

    Иначе, дали ве боли главата од времево, дали излегувате надвор, јас сеа излегов и мн имам главоболки, а гледам луѓето си шетаат надвор.

    Плус имам проблем со синусот.

    Дали е нормално?
     
  8. пчеличката_25

    пчеличката_25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Психоза и шизофренија се сосема нешто друго, од ова што го опишува девојката.
     
  9. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    2.910
    Што е разликата од твоја гледна точка ?

    Деперсонализација и дереализација се чести придружници на шизофренијата. ТХЦ од марихуаната предизвикува психози кај одредени личности.
    Не зборувам напамет. Има доста студии.
    Нека си појде девојчето кај специјалист психијатар како што си планира кој ќе направи детална анамнеза и ќе и даде дијагноза и лек.
     
    На Mumoftwo30 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. пчеличката_25

    пчеличката_25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Психоза и шизофренија е човек да е убеден дека нешто гледа, слуша итн итн, да имаше таа тоа, не ќе бараше помош овде. Таа знае дека не се чувствува океј и бара помош. Ако си шизофреничен ќе мислиш дека сите халуцинации се вистина и нема да побараш помош.
     
    На Panda00 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.085
    Допаѓања:
    18.188
    Aj LP некој..
     
  12. espana

    espana Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    1.958
    Пол:
    Женски
    Како сте периодов со вртоглавици ?
    Ме интересира и некој од искуство да ми каже.
    После година дена пауза од зепира од 10 мг, повторно почнав да пијам постепено еве 3 ден по 5 мг.
    Дали на почеток имате лебдење?
    Чувству ам како некоја вртоглавица кога ја вртам главата или кога легнувам на некоја страна како да потонувам.
     
    На Mumoftwo30 и Alizée10 им се допаѓа ова.
  13. Alizée10

    Alizée10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    527
    Пол:
    Женски
    Се додека се чувствуваш добро океј е. Можеби вртоглавицата е симптом на нешто друго што е во прашање.
     
    На espana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. espana

    espana Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    1.958
    Пол:
    Женски
    Имам спондилоза, но не сум имала вакви вртоглавици од неа.
    Прв пат кога се соочив со анксиозност исто вака ми се појавија вртоглавици и затоа почнав пак со лекови
     
    На Alizée10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Alizée10

    Alizée10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    527
    Пол:
    Женски
    Не знам. Можеби лекар најдобро би те посоветувал.
     
  16. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    2.910
    Сега малку ќе сум офтопик ама не сакам недокажана да останам. Има продромален стадиум и тогаш се свесни луѓето дека нешто не е во ред. Друго секоја шизофренија не оди со халуцинации ама дефинитивно мора да се исполнат одредени критериуми.
    Имаш добра поента со тоа што го кажа дека она е свесна дека не е релност тоа ама требат многу повеќе информации за да се потврди или исклучи нешто.
     
    На Angie1432, Mumoftwo30 и _Vera_ им се допаѓа ова.
  17. пчеличката_25

    пчеличката_25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Секако дека има подкатегории и дека нешто се граничи со нешто друго, тоа е нормално. Добро е кога човек е свесен дека му треба помош и плус и за тоа е донекаде формуов, колку што можеме ќе си помогнеме едни на други.
     
    На Katie90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. пчеличката_25

    пчеличката_25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    И јас ги имам вртоглавиците и стегање во глава, не сум за да се пијат лекови одма, чим еднаш ти се појавиле од анксиозноста можно е пак да е од тоа, шо не мора и да значи, може да е од промена на време. Ако сакаш да бидеш сигурна појди на лекар провери се.
     
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.085
    Допаѓања:
    18.188
    Дали некој работи од дома поради жештиниве во Скопје?
    Со вторава смена од 15ч, мислам да се префрлам од дома....

    Имам низок феритин и железо и Хемоглобин.
    Плус и треба да добијам.. Пијам и терапија
     
    На espana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. espana

    espana Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    1.958
    Пол:
    Женски
    Доколку имаш можност од дома и ти делува подобро префрли се .