А што очекуваше дека ќе работиш на шалтер во банка? Претпоставувам на благајна си. Тоа е многу одговорна работа и треба смиреност и концентрација. Нормално е да згрешиш, нова си. За тебе одговараат други таму, сигурно не си одма фрлена да работиш како со 10 години стаж.
Матичниот отвара боледување на мислење од психијатар. Ако психијатар одреди дека треба боледување матичниот само го спрведува.
Не е ништо страшно, си била на доктор, и не може тоа да не се види, не е баш така едноставно. Ако ти е толку мисла, појди на приватно кај Кардио Василева, стручни се во таа област, и барем нема да мислиш. Само притисок за џабе си правиш, иако знам дека ова што ти го кажувам ич нема да допре до тебе, иста сум била, секоја можна физичка болка јас ја преувеличувам, сите можни сценарија на рак ги имам "преживеано" така да те разбирам.
Не прашувајте веќе за жешкото. Не се трпи, ама лето е. Нормално е. Нема некој на кое не му влијаат температури над 30 степени, па и погоре. Не излегувајте ако не морате. Кога морате, носете летна капа или шешир на главата и очила за сонце. Носете и шише вода или сок и нешто мало благо или солено што не се топи лесно на вакво време. Одете под сенки. Ако имате време, влезете некаде каде што е добро климатизирано и седнете да одморите малку.
Да, стварно веќе со овие пашања за жешково, секое лето истото. Знаете колку не сакам жешко, ама морам, и на плажа и секаде, нема друг спас, помирете се со тоа.