Денес бев на гинеколог, поради тоа што последниве 2 месеца имам како 2-3 капки крв. Мензис немам од април, дали се мачи да пробие стварно незнам. Правев пап и колпоскопија. Ме гледаше и ми рече вика дека со грлото на маткта се е ок и дека крварењето од горе доаѓа и вика да направиме и ехо да видиме состојба со јајници и сл. и реков докторка ехо правевме прошлиот месец рековте супер е се и она вика е супер чим така сум рекла. Вика можно е хпв нешто ова она. А пред 3 години исто кажа пошо пап тестот малце такви знаци дал после правев типизација и се ок испадна и пак после 1 год пап тест и тогаш ок испадна. И што сакам да кажам, дека ништо не разбрав. После вика роди дете па ќе видиме што како понатаму, па ослабни не се гои, на извештај пишала (цитолошко испитивање, друго воспаленине на вулва и вагина). И јас пак под стрес.. Си велам рак да не е ова да не е стандард црните мисли и незнам како си дојдов дома. Цело време по пат ми се вртеше мислата "тоа е крајот". А несмеам ништо да и кажам бидејќи ќе почне да вика по мене "ти ли си гинеколог или јас", а мајками коа ме чекаше долу и некои си правеле муабет дека докторкава еднаш вака еднаш онака...