Што ви е бе, што трачарите глупости? Страв ми било да седам дома? Сум сакала луѓе? Да пишам тука за совет, ДАЛИ ДА ИЗЛЕЗАМ ИЛИ НЕ? Ова веќе е идиотизам. Од шо немаш попаметна работа, глупости пишуваш. Ај баталите, нема поента.
Тука ли е забавата? Ах бе луѓе, и јас анксиозна вчера цел ден надвор го поминав, на сенка нормално. Капа, наочари, оди до ваму до таму, ама имав обврски и мислите ми беа насочени кон тоа, да ги завршам обврските, сонце пече епа сега, не пече само за мене пече за сите . Не се онесвестив, ни вчера ниту на минус температури во зима. Почнав и на земање крв да се држам оти таму се онесвестував редовно (ваљда оттаму стравот од "леле ќе паднам"), ама еве не паднав, нема ни вие да паднете. Сепак најдобро до 17-18ч да сме прибрани дома додека е пеколот, ако не да се собереме сите да се онесвестеме колективно и после ќе збореме како сме го надминале стравот
Јас вчера во 13ч бев во молот, пред да одам на работа. Пука жешко, 43ст во кола под сенка покажува. Во молот мислев ќе паднам во секој момент, секако и промена на температура внатре/надвор многу ми влијае. Ама си викав во себе не ми е ништо, пиев електролити, не сум дехидрирана, а и да се случи нешто има луѓе околу мене. И така ми поминаа лошите мисли, се оправив малку
Море како ми се оде на базен да се ишљапам и да се врнам дома црна катран. Ама немам со кој, со син ми одеме цело време сепак подруго е и друштво кога има...
Ти немаш толкав степен на анксиозност, па се кикотиш, девојче. Има овде луѓе што се плашат да излезат, што им сметаат и 30 степени и сл. Затоа поплукај си и терај. Уживај си во прошетките и менувањето мисли.
Па ако може на 38 степени да шета.... Како што кажа, си функцинора нормално, си излегла, си ги носела децата во парк. Некој не може од кревет да стане со 1001 мисла. Овде сите сме различни.
Па што осудуваш ако сме сите различни. Кога ќе се ставиш во чевлите на другите, ни тогаш нема да имаш право да коментираш и осудуваш.
Фер, ама темава е за сите. Така да може да пише и некој кој има анксиозност пред да се запознае со родителите на дечкото и некој кој има екстремна анксиозност при помислата да излезе од дома. Не мора во сѐ да се пронаоѓаш, тебе ќе ти биде полесно ако прифатиш дека не секој совет и искуство мора да важи и за тебе и дека не мораш на сѐ да се надоврзувап и враќаш како да е таргетирано кон тебе. Секој си пишува од неговата перспектива.
Па шо ме коментираш мене и ме ставаш у тој кош? Јас кажав специфична ситуација, нема шо да разглабаш неповрзани работи, да измислуваш. Се запна со тоа 38 степени, ко тоа да е поентатата. Еве не беше 38 тогаш од 9 до 11 сабајле, пишав 38 зошто така беше прогнозирано за дента, неам појма колку било у 10 сабајле. Поентата е дека ЕДНА МИСЛА (дека ако се онесвестам некој може да ми го земе детето) ми тригерна анксиозност во тој еден момент поради што добив напад на паника кој се манифестираше со физички симтоми што ќе се влошеа ако ги оставив да тлеат. Истово може утре да ми се повтори и на перфектни 20 степени, интрузивни мисли се у прашање. И тоа замисли секунди се у прашање, пролетува мисла и почнува срањето. Немам проблем ни со станување од кревет ни со излегување, и пак ме тригернуваат срања и пак имам некогаш напад на паника. И шо? Тебе повеќе те боли анксиозноста, нели?