Што ви е бе, што трачарите глупости? Страв ми било да седам дома? Сум сакала луѓе? Да пишам тука за совет, ДАЛИ ДА ИЗЛЕЗАМ ИЛИ НЕ? Ова веќе е идиотизам. Од шо немаш попаметна работа, глупости пишуваш. Ај баталите, нема поента.
Тука ли е забавата? Ах бе луѓе, и јас анксиозна вчера цел ден надвор го поминав, на сенка нормално. Капа, наочари, оди до ваму до таму, ама имав обврски и мислите ми беа насочени кон тоа, да ги завршам обврските, сонце пече епа сега, не пече само за мене пече за сите . Не се онесвестив, ни вчера ниту на минус температури во зима. Почнав и на земање крв да се држам оти таму се онесвестував редовно (ваљда оттаму стравот од "леле ќе паднам"), ама еве не паднав, нема ни вие да паднете. Сепак најдобро до 17-18ч да сме прибрани дома додека е пеколот, ако не да се собереме сите да се онесвестеме колективно и после ќе збореме како сме го надминале стравот
Јас вчера во 13ч бев во молот, пред да одам на работа. Пука жешко, 43ст во кола под сенка покажува. Во молот мислев ќе паднам во секој момент, секако и промена на температура внатре/надвор многу ми влијае. Ама си викав во себе не ми е ништо, пиев електролити, не сум дехидрирана, а и да се случи нешто има луѓе околу мене. И така ми поминаа лошите мисли, се оправив малку
Море како ми се оде на базен да се ишљапам и да се врнам дома црна катран. Ама немам со кој, со син ми одеме цело време сепак подруго е и друштво кога има...