^ Седи правилно, прави вежби за грбот(можеш и оние на физичко што сме ги правеле) за да ти се зајакне мускулатурата и на тој начин да ти се растерети рбетот, а ако продолжат болките оди на лекар бар да знаеш што ти е
Ме интересира дали има некој што има болки во 'рбетот поради сколиоза и кифоза и како се справива со тоа? Мене ми открија сколиоза и кифоза во 5 одд. на систематски и одев на ортопед во неуромедика, вежбав и носев корсет, но по кратко време престанав. Сега ни самата не знам зошто и многу се каам. Инаку сега имам 20 год. и пред една година почнав да чувствувам болки во левата страна на грбот и на левата страна под градите. Не сакам да ги загрижувам дома бидејќи мајка ми многу се лутеше кога се откажав од корсетот и ми зборуваше едно време за тоа, а јас ја игнорирав. Ве молам кажете ми дали има некој во слична ситуација и дали носите некое помагало или пак дали некој правел операција, иако читав на нет дека не се препорачува и дека е многу тешко и после неа.
Пробајте со руска вода или ако толку ве боли вентор му е мајката .. Ладу 094 јас имам сколио и мене ми го открија на систематки , никогаш не сум носела корсет , не сум имала болки може со тек на време се подобрила состојбата ама пред една недела дали дека помалку обрвски па повеќе седам на ПЦ почна многу да ме боли грбот што неможев да се исправам . Се мачкав со руска вода и ако ми беше неиздржлива болката таблета вентор ..Можам да кажам дека подобро ми е , уште малку па ич нема да ме боли ....Најдобар совет е да не мислиш на болката чим малку згасне и продолжи нормално да функционираш .Инаку имаме космодикс по дома и пробав да го носам и ко за белја дали токму од него или од промаја утредента многу ме болеше грбот па решив со да е мачкам со руска вода ..
На мајка ми и е дијагностицирана дископатија. Препорачано од лекар за состојбава и ублажување на болките е вежбање и истегнување. Стомачни, пешачење или некои не премногу тешки вежбички.
и мене ми се случува истото,истите болки на исто место, понеделник ќе одам да земам упут од кај матичната за на ортопедско и да појдам да видам што е, дали треба снимање или незнам шо друго.. и јас сум голема паничарка мислам само на најлошото упм... тебе ти препорачаа нешто??
Женски, мене полека полека ми поминува болката, се мачкам со Змиска маст, бугарска е мислам, црвено паковање има.. 4 пати на ден се мачкав, 2 дена, и еве на утро болките што ми беа, ги немам Па сега поолека полека се надевам дека ќе ми оздрави грбот и левата рака скроз )
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори ве молам за помош веке два дена имам неиздржливи болки во рбетот и плешката и порано сум имала проблеми со болки во грбот но ова е претарерано половина грбот ме боли и целата десна плешка дури почна и накај раката да ми се шири болката на моменти неможам ни да се накашлам до толку шо ме боли дали некој може имал искуство со ова и предпоставува шо е ? A да е настинка не е несум настината
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Ако имаш неиздржливи болки оди на лекар, навистина тука никој не може да ти помогне вака оддалеку. И лекар да е некој на невидено нема да ти даде дијагноза. Ништо посигурно од лекарски преглед кој евентуално ќе те упати каде понатаму.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Маж ми има исто таков проблем овие два-три дена, особено навечер, па пред да легне убаво го масирам додека не му се вцрви местото и да се стопли, мускулот треба да се измасира јако од долу па нагоре. Потоа облекува некоја подебела блуза над пижамата и добро се покрива за да го стопли местото и да се препоти. И мене почна да ме боли вратот и десната лопатка, не знам што се случува, дали климава нагло се менува, дали од промаја Нема што да одиш на лекар, нема ништо повеќе да ти помогнат, сама најдобро ќе си помогнеш, облекувај се добро, најди некој добро да те измасира, седи во топло и пази а промаја. Ако те боли многу, напиј се аналгин, андол било што, пиј магнезиум и б комплекс за мускулите.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори јас се напив диклофенак и да ти казажам ме попушти доста, можеш да му ги препорачаш на маж ти доколку се уште има болки ги даваат во аптена на слободно обично ги пијаат за реума но може да се пијат и при секакви болки во коски и мускули
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Девојки пред да одам на доктор сакав да прашам. Последниве 2-3 недели кога дишам ми се случува да ме боли-стега горе кај `рбетот и тешко да издишувам. Ама не целото време, туку привремено и болките стануваат се посилни. Не сум пушач инаку... Знае некој што би можело да биде? Имал некој сличен проблем? Почнав да се плашам
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Мислам дека може да се работи за премрзнатост, јас бев вака пред година дена и отидов на лекар докторот рече дека е од промаја, но најдобро е да посетиш лекар.
Болки во грбот -аспираторот во кујна можен предизвикувач! Болките во грбот ми исчезнаа, откако ја затворив вентилационата цевка на аспираторот во кујната и веке не го користам. Можда звучи претерувачки но така е. Кога се минусни температури надвор, ако ја ставев раката под аспираторот во кујна, навлегуваше голема струја ладен воздух. Тогаш кога не е толку ладно времето, тоа и не се приметува, ама последиците, барем кај мене беа скоро редовни болки во грбот. Сега ги немам и сум среќна.
Врска немав кај да го поставам прашањево, па тука решив да пробам. Ако евентуално не му е тука местото, слободно преместувајте. Пред 2 дена си ја изместив половината на аеробик, многу лошо со нагло движење успеав да се сецнам. Не можам ништо нормално да извршувам, ниту да седнам, ниту да легнам, ниту да се навалам на било која страна.. Ништо, буквално ништо. Вчера се до 4 часот сабајле не сум можела да заспијам од болки. Бев кај една жена да ме намести, ама само моментално беше тоа. Додека бев кај неа не ме болеше - ама кога се вратив дома, УЖАС! Испив едно аналгинче сега демек да ме попушти, ама слабо. Што да правам кажувајте? Како да ја намалам болкава?
А не ти рече жената пак да одиш кај неа? Мајка ми го имаше истиот проблем. Прво отиде на лекар, ја снимаа и и дадоа јаки апчиња. Додека ги пиеше беше супер, ама кога престана пак исто. После отиде кај една жена, Стојанка мислам се викаше, во Чаир. Ама два пати беше, од првиот пат малку и попушти, вториот и помина. Е сега не знам ти кај која си била и дали таа лечи со еден третман, а друго не знам што да ти кажам, ако не се издржливи болките оди на лекар, ќе ти дадат нешто за смирување. Spoiler Инаку женава лечи со масажи. Има биоенергија и нежно масира, дури да не осетиш допир. Ти кажувам за да внимаваш каде одиш, сепак кичма е во прашање, а ако одиш кај тие што местат (железничари или како ги викаат) може и беља да си направиш
БОЛКИ ВО ГРБОТ И ВРАТОТ Драги девојки, долго време имав проблеми со грбот и вратот и незнаев што да правам. Бев на илјада места и ништо не ми помогна се додека една пријателка не ми го предложи мојот масер кој што доаѓа на повик во мојот дом. Презадоволна сум и ослободена од сите болки. За сите кои имаат некакви болки нека ми се обратат и ќе им го препорачам масерот.
Веќе некое време имам болки во грбот , посебно во горниот дел кај вратот и надолу по рамењата, понекогаш имам толкави болки што неможам ниту да спијам, ниту главата да ја завртам, пробав со масажи, лекови, масти и што уште не ама не поминува, констатно си ја имам болката. Е сега мајками запнала да одам кај некој биоенергичар е уште ова да го пробам и пак ако не поминува незнам што да правам.