Бордерлајнот е според мене убедливо најлошото психолошко нарушување на личноста и доста комплексно и несфатливо во одредени периоди од животот.Имам двајца познаници, едниот многу близок другар, другиот постар пријател кои се дијагностицирани со бордерлајн, просто неверојатно е како нарушувањето им го зацрнува животот секојдневно со лоши одлуки кои се темелат на емоции и импулсивност, делузии и попатно депресија. Постариот познаник низ текот на времето се има стабилизирано (нарушувањето го има преку 40 години), можеби затоа што редовно и прописно ја пие терапијата, плус има добри познавања од областа на фармацијата. Од друга страна другар ми кој е моја генерација, си има доста сериозни проблеми сеопшто, најчесто со носење на лоши, нерационални одлуки и дејствија.Истотака и физичкото здравје му е доста нарушено последните неколку години. Да не пишувам реферати пошто има многу што да се каже на оваа тема, само добри познавања од областа на психологијата, психијатријата и човековиот ум може да биде спасот на оние кои се дијагностицирани од оваа болест.Одењето на психијатар само делумно ќе ја залечи раната.Вистинскиот спас е во едукацијата. Сега за сега толку од мене, ако има некој додатно прашање, нека повели.
Какви лекови пие за бордерлајн? Или пие за пропратна депресија? Познавам личност со бордерлајн која не е на никаква терапија, веројатно тоа зависи и од интензитетот на симптомите.
Ги има спомнувано лековите неколку пати ама искрено не ми текнува во моментов.Знам дека пие антипсихотици, антидепресиви и уште некоја категорија на лекови. Секоја ден без пропуштање.
Здраво, сакам да прашам за другиот другар кој е веројатно помлад, колку год има и дел од симптомите кажи ми што ги има?
Оптеретена сум за тоа дали имам бордерлајн или нарцизам. Страв ми е од осудувања. Живеам во Германија ќе се вратам во Македонија останав без работа и финансии. Не знам дали сакам да се вратам. Предходно бев среќна дека си одам од Германија сега си велам каде ќе се враќаш сите сакаат да избегаат. Тука не се снајдов баш поради ова неконтролирање на емоции, јазична бариера. Неука сум и недоволно информирана ниту пак кога треба нешто ново да научам ме фаќа нервоза и сакам да избегам. Ме дијагностицираа со АДХД во Македонија ми кажаа за терапија и медикаменти дека други пациенти ги зимаат во Врање бидејќи им е најблиску. Месец дена сум на ад елицеа не знам дали ми е нешто подобро не знам баш ништо тотално сум изгубена. Мажена сум и мислам дека не е во ред да сум затоа што страда маж ми поради ова мое однесување нокој не заслужува да е со личност како мене. Сакам да имам деца но како ако треба да пијам медикаменти цел живот. Ништо не разбирам изгубена сум и исплашена. Зборувам без филтри со блиски и семејство и после тоа се каам зашто не знам разумно да разговарам и се обвинивам зошто сум го кажала тоа на таков начин. Имам страв од луѓе дека нема да бидам прифатена сега кога ќе се вратам бидејќи само преку алкохол знам да остварам некаква конекција но не смеам да пијам сега алкохол ниту пак имам финансии. Не сакам да работам ништо се срамам од себе сакам само да сум во кревет. Не можам ништо ново да научам бидејќи ми треба време да сфатам одма почнувам да се вреѓам во себе како сум глупа и на глас го кажувам. Тоа личи лошо од страна. Не знам да разграничам приватен живот со работен и социален а требало до сега затоа што имам 34 год. Мислам дека сѐ ви кажав не очекувам дека некој ќе врати
Јас имам бордерлајн, според тестовите што сум ги правел. Преинтензивни емоции, хиперсензитивност, ме преплавуваат скроз. Менувам расположенија често и брзо. И црно бело гледам на работите или најлошо или најдобро. И преголема емпатија.
Да, расположението ми е најлошо или најдобро во екстреми одам. Кога пробувам да сум ,,нормална’’ ме прашуваат што ти е. Не знам како треба да се однесувам. Лесно се лутам на блиски без легитимна причина. Чуствувам омраза кон нив кога сум лута подоцна се каам им се извинувам. Знам да се сожалам за некоја стара баба што седи на клупа и си ужива во сончеви зраци јас си правам приказни во глава потоа ја мислам цел ден. Навистина нерационални работи. Каде имаш правено тестови?
Ама па и не е така нерационално само што многу поинтензивно ги чувствуваш и доживуваш ситуациите но не дека ти се чинат работи што не постојат и сл.
Иста сум и бев дијагностицирана пред 15 год со ова. Сегашната психијатарка не верува дека го имам повеќе. Јас мислам дека само многу подобро го контролирам сега. Апсолутно токму така. Убаво го опиша. Како да го немам оној "заштитен слој кожа" што го имаат повеќето, како мојот нервен систем да е соголен и се' доживувам преинтензивно , а кога сум веќе преисцрпена влегувам во апатична состојба. Ретко имам периоди кога сум балансирана. Веројатно денови или часови само. Само една психијатарка на времето ми ја даде дијагнозава и мислам не згреши. Сегашната ми вели нема шанса да имаш бордер сега оти немам ризични однесувања како порано, ама па тоа и со годините си доаѓа веќе, ама пак не сум стабилна во многу сегменти. Со работа поготово. Шест работни места за една година сменав и отказ давам и ако некој колега ме изнервира зашто тоа ќе го доживеам многу трауматично.
На тема снаоѓање (офф топик малку, но од друг аспект сакам да ти дадам совет). Апсолутно секој може да се снајде, пречката ти е тоа што го мислиш и што си го кажуваш сама на себе. Секој е способен, сѐ додека има раце, нозе, ум. Тебе ти е лошо од елицеата која често ја препишуваат, а не годи секому (посебно не на лица кои се преемоционални). Барај друго мислење во врска со терапијата. Тоа дали ќе пиеш или не - зависи од тебе и начинот на кој се справуваш (во врска со сѐ, на долг рок). За сѐ има решенија, дури и повеќе од доволно. Во врска со стравот од неприфаќање, не се секирај. Никој не е целосно прифатен. Кога ќе видиш кои сѐ им се идоли на тие околу тебе, мерачки ќе се прифатиш самата. Убаво е што разговараш отворено, тоа значи дека си храбра и не е мала работа. Верувам дека имаш поддршка од твоите и останатото буквално е на тебе. На тема пријателство, никој нема ниту еден искрен пријател. Сите прават гужва.
И ова вреди да се спомне, иако не е официјална дијагноза ама страдањето е еднакво, ако не и поголемо. "Лесно БПД“ или „Тивко Бордерлајн “ се однесува на презентација на гранично растројство на личноста (БПД) каде што поединците првенствено ги интернализираат своите емоционални страдања и симптоми, наместо да ги изразуваат надворешно. Иако не е официјална дијагноза, опишува форма на БПД каде што интензивните емоции, промените во расположението и импулсивните тенденции се насочени конвнатре, што често води до самокритика, самоповредување и социјално повлекување"... -Лично во ова се наоѓам повеќе, и затоа поминува неприметено пред повеќето психијатри.