@JasBee11 не мислев да ја разведам членката. Доколку мисли дека има можност за поправање на односот, секако нека поразговараат, нека побараат совет од стручњаци, нека се консултираат. Но, не мислам дека да живееш у лош брак, доколку е таков, и да трпиш страдање, а со тоа и децата да ти трпат, е помалце стресно од развод. Напротив.
Знам како звучи.. Лично се пронаоѓам во реакциите од нејзиниот партнер со моите кон еден мој бивши кој жив го изедов со пасивна агресија неумеејќи да му кажам што ми смета/треба, па се сеќавам до каде одев и колку хиперболизирав.. Пред крајот со месеци урлав по мачката а нему му станав баш "непријателка" и само му ја довлошив состојбата со неговото растројство. Ич не сакам да завземам страни иако звучам така кон мажот во прикаскава... Веќе ми е преку глава жената секогаш да е жртвата во секоја прикаска, а не велам дека не е во многу. И себе си не се сметам за лош човек , ама поради тогашните услови и околности во кои се наоѓав на многумина им звучев така. Се разведивме Ако нема насилство и други девијантни постапки вреди да се проба да се одгатне маката. Не секој умее да ја пренесе како треба. Оттаму и тој нездрав одбранбен механизам кој го спомнав уште при првото мое мислење .
Се пронајдов па ќе кажам. Сакав да имаме две деца пред да ни се зезнат односите.. други беа нашите проблеми. Ни проблемите излегоа и веќе не сакав.. потоа голем дел се средија но јас со изгубена доверба уште не сакав ама случајно бидна односно тој не пазел доволно а да абортирам ми беше жал па еве го родив. Веќе 3 г сме ок нема кавги бебето е 8м ама секогаш има ама. Немаше неверство или тепање.
Многу често парот мисли дека после страшен тежок период, се смириле работите и ќе се подобрат со уште едно дете, како потврда дека се сакаат. Ама после второто дете е само полошо. Вниманието е уште помали заради две деца и побрзо се пука тиквата
Воопшто не работиш на својата популарност на форум за жени! Но, мило ми е за ова. И мило ми е за твојата потреба да ги земеш предвид двете страни без генерализирања... Се гледа дека си поминала низ реални и комплицирани искуства.. Се согласувам со тебе само дека работите не се никогаш толку многу едноставни. Да ти се придружам на идејата дека на луѓево, на тој пар, им треба консултација со трет/и луѓе, не мора да е ни психотерапевт, здраворазумски човек од доверба во најмала рака...Не секој има пари и храброст да оди кај терапевт...Иако, и јас истото би го предложил... И не е место за ваква дилема на форумов, но претпоставувам жената поминува низ тежок период па не знае каде би се обратила попрво...
Нема хемија кон тебе. Не те сака. За да не го чекаш, порачај си нешто од секс шоп за да си ги задоволиш потребите, а после пораѓање, направете сериозен муабет околу ова. Сега дур си трудна не се стресирај за да не си направиш проблем.
Браво како процени од еден пост дека не ја сака.Мислам дека треба да се внимава што и се зборува на бремена жена.
Колку дебилен совет, IQ на топлометар, леле, значи да можам да ти ги заврзам рацете, никогаш пак да не пипнеш тастатура во животот. Секс играчки ли ќе помогнат на членката да се осети емотивно и физички поврзано со својот сопруг? Мислиш главниот проблем тука е што не е сексуално задоволена? Второ, треба ли да трпи додека да се породи, па после да го решава проблемот во односот кога ќе имаат мало бебе и баш тогаш треба да се сложни и најголема поддршка еден на друг, а воедно е најтежок период да си сложен со својот партнер? Трето, како можеш да го кажеш првото нешто на некој кој е во таква ситуација, брак е во прашање, ако поминуваат низ некоја таква тешкотија, не значи дека не ја сака и дека не може да се реши. Всушност прво велиш не ја сака, потоа на крајот велиш да разговараат за тоа откако ќе го роди бебето, како да може да се реши кога некој не те сака (а не верувам дека тоа е случајот тука). Битно ти и препорача да си купи дилдо, ако ти требаат идеи за кариера, можеш брачен советник да си, многу си јак.
Добро де и ти кај отиде, не земај се' толку здраво за готово. Ко по деца шо се вика така по мачката викав, да не се качува на маса кај јадеме да не гребе по гарнитура и сл, се' во нормала, а пред проблемите за ништо не ѝ замерував. Не секирај се, не ја тепав
Ми значи што го препозна и го извреднува. Да не правам офф топик, но, да, имам повеќе и од доволно искуства за да не го доживувам женскиот род како надчовечки (свет) и не треба. Тоа го става само во полоша позиција. Жената е човек подеднакво како и мажот, и подеднакво греши и е насилна. Само начините знаат да се малку поразлични. Многу поздрав! Ти благодарам.
Насилна подеднакво како мажот? Му мава шамари, боксови, клоци, мава у ѕид? Малтретира и силува? И колку се такви жени, а колку мажи? Жените не ги праам воопшто супериорни, пошо не сме, нит бранам некоја само зашо е жена. Има жени прави крвопијци, вештерки, караконџули, змии, курви у душа, него ова 'подеднакво' ми боде очи.
Мала хипербола е колку не ми било добро, ало.. Супер е мачката, еве ве поздравувa и тебе и загрижената девојка со убавиот ник @pinklipstick
Ама, последиците горе долу се тие. -Роднина ми се самоуби од жена му од тешко психичко насилство. Да, беше и физички тепан пред крајот. Од неговата жена. Многу мажи па и жени се срамат да споделат и пријават дека се жртви на жени! Бројките на жени насилнички се страотни! П.С Колку паметам и нашиов нов грозоморен настан со булингот и насилството кон врсничката не беше сторен од момчиња, а потивко ниедно злодело не поминало од активистките...
Ти зборува во врска со процентуалната застапеност на едниот вид насилство во однос на др. вид. За подеднаквоста пак на употребена максимална сила од маж во споредба со жена во најголем бр. случаи бадијала е да дискутираме и споредуваме. Во најголем процент биологијата си го прави или направила своето. Ама ти се сипаа за мачето, гушки и бацки од мене за него. Убаво е да се споделат different points of view. Читнав брзински, ама подегутантно на непознат лик да проценуваш кој и колку го сака или не немам видено досега и подобро да не видев, поточно прочитав. Деца или личности далеку, далеку од искуство со брак помудро би било да си ги држат прстињата подалеку од чкрапање живи глупости. Јес да е форум поима се нема реално каква му е брачната состојба некому, све сме анонимни ...ама што знам осет малку пред да се тресне по некоја зелена не ќе е на одмет.
За последниов пасус, настрана мачноста во темава, а и самата нејзина тежина, си ме пресмеала . Да имав потреба од советник од ваков калибар за ваков проблем ќе ми речеше ма оди сработи си се со играчката и сите среќни и задоволни, џанам се се решава механички... Кога ќе ми текне дека кога живеев таму имав и колешки со вакви размислувања...а на некоја не и е денот, се трескаше не била убаво из*бана. Бруки и резили од усти на жени да слушаш вакво нешто, па и од мажи, ама па зрелоста и созреаноста не прашува за пол. И така.