Во право си веќе си поминала низ сето ова... Е сега најправилно резонирај ја ситуацијата како што мислиш ... Доколку тоа што ти вели интуицијата е така (А женска интуиција не лажи никогаш) замини си ако имаш каде и ако со вработена (ако имаш поддршка од твоите уште подобро). Јас мислам најубава варијанта е оваа за да не страдаш и да не се срами повторно..
Можеби и колегите непромислено да бидат интересни демек ај ќе ѕвониме кај... има секакви луѓе. Да бидам искрена во некои ситуаци и јас реагирам така ќе се вкопам вместо и со самото тоа ќе излезам сомничава незнам правилно да изреагирам.
Не би рекла .. Жената има x ситуации кои не личат на непромислени. Премногу е очигледно за да биде се случајно. Интуицијата кај жената никогаш не е за џабе. Ја би проверила се ..
Тоа што е во канцеларија со женско не значи дека одма ќе те вара. Јас сум во мешан колектив, имаме и машки и женски и се зезаме и се па не ми текнало да се впуштам во некоја авантура, иако не сум мажена. Тоа да не ве дира дали е мажот ви со жена во канцеларија или не. Ако му тргнал памет да те вара ќе те извара со некоја друга нема со таа од канцеларија тоа да си сигурна. Е тоа што заклучил врата од канцеларија и те излажал дека бил во маркет е сомнително. Преспивањето е сомнително. Зашто кога се договараат обуки и семинари одма се знае секој детал. Седни си го и разговарајте.
Јас не сум конзервативна жена со ограничени мислења. Сум работела и јас во колектив и тоа мал,дури и долгогодишни пријателства се родиле од тој колектив. Но причината поради која спомнав дека делел канцеларија е бидејќи тој никогаш ми немаше спомнато. И кога видов во прв момент немав некоја реакција. Но после година време и после повикот и после сите набројани ситуации ги реанализирам нештата. А има и низа други моменти кои од денешна гледна точка ми се сомнителни. Патем маж ми е интровертен човек. Технологијата му е слаба страна за разлика од мене и мислам дека не би оставил ништо на телефон бидејќи е свесен дека без проблем би открила. Не можам да извадам листа, не е на претплата. Сега и тоа ми буди дополнителен сомнеж. Сфаќам дека најголемата мака ми е што не осетив кога и како ли дојдовме до ова. Сфатив дека не му верувам повеќе. Мади и Косми добро ми ја опишале маката. Довербата ја нема повеќе и сега сум шокирана. Можеби брачен советник би помогнал но за тоа ќе треба и тој да се согласи. Многу Ви благодарам на сите што напишавте многу внимателни и разумни мислења и совети. Ќе пишам на кој начин ќе го решам црвот.
Јас не знам мојов со кој и како контактира на работа ни па он со мене се замара. Не се дружиме приватно со парови од работа, нема потреба за тоа. Јас си живеам со колешки/колеги он си живее со колешки/колеги.. ама да излегуваме во кафани и приватност не фала.
Во помалите гратчиња каде што секој секого го знае, сакала нејќела ова е добар ден, мислам дружат не од многу големо сакање туку навика, лицемерие, интереси итн. На темава за да изневериш не мора да излегувате надвор од работа, еве и во канцеларија може, мене тоа ми е несфатливо @tambelina со случката со канцеларијата, он заклучен, а те лаже во маркет бил, а ти велиш една врата има за влез сигурно ќе налетавме еден на друг. Има нешто сомнително во се ова што објаснуваш, е сега дали се свело само на бакнеж или отишло во физичко неверство и дали воопшто било нешто само тој може да ти каже, ако се реши да признае. А верувај и тој колегата што му ѕвонел знае, ма да реално на работа скоро сите се дознаваат, ама тешко и да прашаш некој да ти признае. Како и да е незгодна ситуација за тебе што се секираш, а ако тој е толку затворен навистина ќе ви треба медијатор како брачен советник да ви олесни во разјаснувањето, ама и да го натераш да одите пак треба да му кажеш што те секира. Друго велиш не го бива за технологија, не се надевај на тоа, тие што се вака најмалку сомнителни обично се и најопасни, барем јас ова сум го приметила, мирни се прават, наивни ништо не знаат кога тоа...
Се согласувам целосно сo Dragonfly22 Брачниот советник нема да ти го тргне сомнежот ниту да ти помогне да ја дознаеш вистината. Имам чувство дека бегаш односно се плашиш што би можела да дознаеш, ако почнеш да истражуваш…