Во право си веќе си поминала низ сето ова... Е сега најправилно резонирај ја ситуацијата како што мислиш ... Доколку тоа што ти вели интуицијата е така (А женска интуиција не лажи никогаш) замини си ако имаш каде и ако со вработена (ако имаш поддршка од твоите уште подобро). Јас мислам најубава варијанта е оваа за да не страдаш и да не се срами повторно..
Можеби и колегите непромислено да бидат интересни демек ај ќе ѕвониме кај... има секакви луѓе. Да бидам искрена во некои ситуаци и јас реагирам така ќе се вкопам вместо и со самото тоа ќе излезам сомничава незнам правилно да изреагирам.
Не би рекла .. Жената има x ситуации кои не личат на непромислени. Премногу е очигледно за да биде се случајно. Интуицијата кај жената никогаш не е за џабе. Ја би проверила се ..
Тоа што е во канцеларија со женско не значи дека одма ќе те вара. Јас сум во мешан колектив, имаме и машки и женски и се зезаме и се па не ми текнало да се впуштам во некоја авантура, иако не сум мажена. Тоа да не ве дира дали е мажот ви со жена во канцеларија или не. Ако му тргнал памет да те вара ќе те извара со некоја друга нема со таа од канцеларија тоа да си сигурна. Е тоа што заклучил врата од канцеларија и те излажал дека бил во маркет е сомнително. Преспивањето е сомнително. Зашто кога се договараат обуки и семинари одма се знае секој детал. Седни си го и разговарајте.
Јас не сум конзервативна жена со ограничени мислења. Сум работела и јас во колектив и тоа мал,дури и долгогодишни пријателства се родиле од тој колектив. Но причината поради која спомнав дека делел канцеларија е бидејќи тој никогаш ми немаше спомнато. И кога видов во прв момент немав некоја реакција. Но после година време и после повикот и после сите набројани ситуации ги реанализирам нештата. А има и низа други моменти кои од денешна гледна точка ми се сомнителни. Патем маж ми е интровертен човек. Технологијата му е слаба страна за разлика од мене и мислам дека не би оставил ништо на телефон бидејќи е свесен дека без проблем би открила. Не можам да извадам листа, не е на претплата. Сега и тоа ми буди дополнителен сомнеж. Сфаќам дека најголемата мака ми е што не осетив кога и како ли дојдовме до ова. Сфатив дека не му верувам повеќе. Мади и Косми добро ми ја опишале маката. Довербата ја нема повеќе и сега сум шокирана. Можеби брачен советник би помогнал но за тоа ќе треба и тој да се согласи. Многу Ви благодарам на сите што напишавте многу внимателни и разумни мислења и совети. Ќе пишам на кој начин ќе го решам црвот.
Јас не знам мојов со кој и како контактира на работа ни па он со мене се замара. Не се дружиме приватно со парови од работа, нема потреба за тоа. Јас си живеам со колешки/колеги он си живее со колешки/колеги.. ама да излегуваме во кафани и приватност не фала.
Во помалите гратчиња каде што секој секого го знае, сакала нејќела ова е добар ден, мислам дружат не од многу големо сакање туку навика, лицемерие, интереси итн. На темава за да изневериш не мора да излегувате надвор од работа, еве и во канцеларија може, мене тоа ми е несфатливо @tambelina со случката со канцеларијата, он заклучен, а те лаже во маркет бил, а ти велиш една врата има за влез сигурно ќе налетавме еден на друг. Има нешто сомнително во се ова што објаснуваш, е сега дали се свело само на бакнеж или отишло во физичко неверство и дали воопшто било нешто само тој може да ти каже, ако се реши да признае. А верувај и тој колегата што му ѕвонел знае, ма да реално на работа скоро сите се дознаваат, ама тешко и да прашаш некој да ти признае. Како и да е незгодна ситуација за тебе што се секираш, а ако тој е толку затворен навистина ќе ви треба медијатор како брачен советник да ви олесни во разјаснувањето, ама и да го натераш да одите пак треба да му кажеш што те секира. Друго велиш не го бива за технологија, не се надевај на тоа, тие што се вака најмалку сомнителни обично се и најопасни, барем јас ова сум го приметила, мирни се прават, наивни ништо не знаат кога тоа...
Се согласувам целосно сo Dragonfly22 Брачниот советник нема да ти го тргне сомнежот ниту да ти помогне да ја дознаеш вистината. Имам чувство дека бегаш односно се плашиш што би можела да дознаеш, ако почнеш да истражуваш…
@tambelina Прочитав за твојата ситуација и најискрено од срце се надевам дека ништо нема. Помислив, да не таа е некоја поупиклива личност, наметлива, можеби и му се додворува, а маж ти е срамежлив, интроверт, па се нашол во небрано. Што не мора да значи дека е извалкан, барем јас така се надевам. А и исто така, што барале да ѕвонат на телефон, претпоставувајќи дека ти би била тука. Којзнае... Сигурно би биле повнимателни. Неубава ситуација. Да имаш сила, смиреност и истрајност да си ја разрешиш случката.
@tambelina Јас би го седнала најсмирено, и би му ги посочила сите ситуации и како тие направиле да се чувствувам и би побарала логичко објаснување доколку го има (а треба да го има). И доколку е разумен би требало ова да не претставува никаков проблем и да има коректен однос од негова страна. Доколку сметаш дека не би можеле да решите вие двајца, вклучете и советник или психолог. Не би изигравала детектив, со тоа само ќе се измачуваш ти самата, а и со молчење и претпоставки што било и дали било повторно се измачуваш, до кога? Ти посакувам среќа и храброст што и да одлучиш
Те имам читано во други теми дека си трудна и имаш тешка бременост. Да сум на твое место, и така да ми удрат дете и да го издишат, би ги запалила жими се. Во таква ситуација баба не треба да преферира деца. Деца како деца ќе се скараат ќе се смират, таа треба да ги анимира и да ги заигра. Такво однесување особено врз трудна жена никако не оправдувам, еве дури и да е крива во моментот (што не си), треба да се има разбирање, па уште да ти се соберат да ти урлаат врз глава. Најсимптоматично е што маж ти во тоа време додека ти се дерат и ти држат лекции си лежи и не ти излага во пресрет. Овој проблем дефинитивно мора да го решите меѓу вас двајца. Тоа е примарно.
Знам, и притоа баш вчера имав крваррење и пак над глава ми се издераваа како јас да сум крива за се јас сум ги карала и што ти уште не. Об си лежеше и ќутеше не знам што е полошо дали да се скара со мене и он мене дс ми се наврти или ова сеа он што го направи да седи и да ќути само
Членката има проблем со сопругот. Ниту золва ниту свекрва ниту свекор. Сопругот е тој што треба да им стави граници на неговите родители. Ама читајќи по приказната тој воопшто не се замара, ми делува како на прво место и секогаш во право да е мајка му во неговите очи.
Јас би рекла зад затворени врати маж и жена нека ги решаваат проблемите како сакаат, и нека се дерат и нека извадат лутина и сл., но мора да најдат заеднички јазик и конфликтот да го решат така што на крај двете страни (и маж и жена) ќе бидат задоволни и никој нема да е повреден. Кога ќе се отворат вратите мора да се каже што е примарно семејство, жената и детето ми се пред се и крај на приказната. Ама неговата незаинтересираност во моментот, лежи и си гледа те вреѓа многу повеќе отколку неговите родители. А тоа негово однесување ми укажува на потчинетост и страв од родителите сѐ уште.
Убаво кажа членката, се плаши од неговите а зошто не знам способен е не е зависен од нив не е некој мрзлив стварно не знам што е работава. Сега го чекам да се врати од работа и убаво да разговараме за се, вчера после кавгата отиде со нив у соба посебно нешто збореа не ме интересираше може тогаш ме бранел зошто свика ама не ме интесира додека беше жестоко него нигде го немаше, дојде ппсле кај мене во спална и си легна не се караше со мене за ништо обично претходно ќе му свртеа паметот и мене ќе ми се истуреше ама и ова р мнпгу лошо
@mama11 Проблемот е кај маж ти тој треба да си ги штити жената и детето. Колку и слабо да го чукнала нема право да тепа дете, не може да ја оправдува мајка му со тоа "не го удрила јако". Тоа што децата се скарале е сосема нормално деца се, денес се караат утре пак се заедно.. Како така ќе седи и ќе гледа, не морал да се кара ако не сакал ама можел да ја смири ситуацијата. Некој ќе врши насилството врз жената и детето а он мирно ќе си седи. Требал да застане таму пред сите и да те брани, а ако сметал дека ти си згрешила некаде ќе ти каже кога сте сами.