Заедничкиот бизнис не е причина и дека мора да живеете во заедница, ако таа заедница е лоша и за тебе и за детето и влијае на односите со тебе и маж ти. Знам случај кај што мажот си има семеен бизнис и тоа блиску до куќата на татко му и голема куќа ама од кога се ожени си се преселија и тоа доста подалеку и секој ден си патува на работа како и сите други. Тоа што нема некој порок и што сака семејството да му е финансиски стабилно супер, ама каде е тука љубовта, грижата за семејството, почита... Не е тоа оправдување да не замине и да е насилен кон тебе и да не застане пред тебе и децата и да кажа "Чекај малку тие се мое семејство нема никој право така да се однесува со нив". Не ти велам сега одма оди и разведи се од него, ама размисли малку. И разговарај. Како мислиш бесен е кога разговарате? Зарем не сте маж и жена и не треба заедно со разговор се да решите и да направите добро за сите?
@mama11 ако сопругот се согласи да одите на партнерска терапија, би било супер. Самото прифаќање би било знак и потенцијал за промена на подобро кај него. Убаво што размислуваш во таа насока. Поддршка! Скрос те разбирам за ова што велиш "така е учен од мали нозе". Луѓе, тоа се уверувања и програми кои не се менуваат така лесно. Некогаш се потребни години да се сменат тие шеми на размислување и да се дојде до нови уверувања дека сега жената и децата ќе се на прво место.
Се ова што кажа се изговори што тој ги користи зошто тој не сака да се одвоите вие. И тој да заработи многу пари, пак нема да сака да се одвоите. И нема да му се отворат очите за преселување, знам дека и од порано пишуваше дека таа средина е токсична, па твојот сопруг ништо не прави за тебе да ти биде подобро. Што??? Толку ниски критериуми имаш за бракот? Ти помагал дома? Не идел по жени???
Ako ne odi po zeni i ne se kocka, ne znaci deka e sjajen. Da trpish nasilstvo tamu i da se teshish deka ne odi po drugi i slicno Saka da e vrzan do mama i do tato cel zivot.
Се врти наратив "ако не е идеално, што бараш деца", овде се зборува за конфликти со надворешни ликови кои го пораснале, го проодувале, го пазеле исто како и вие вашите деца него, а не дирекно со мажот. Средината во која се раѓаме не ја бираме, како се справуваме со тоа е индивидуално, да треба да заштити, меѓутоа не знаеме со какви психози на ликови има работа што може додатно да влоши ако го направи тоа пред нив. Дали тоа значи на сите што имаат дете или повеќе деца им е идеално? Никаде не е со поширокиот круг. Се додека проблемот е надворешен, а вие внатре сте ок, верувам дека нема зошто да ви пречи во вашите семејни и животни планови. Ако вие сакате дете, а целата средина околу ви е товар, ви прави потешко, менете ја средината.
Па проблемот е дека не се менува средината, автоматски свесен човек би си ја потиснал желбата за дете. А и насилството од него, неговата незаинтересираност кога таа има проблеми со неговата фамилија ... Не дека само околината е проблемот.
Тоа што го чувале што го израснале била нивна должност, детето нема должност никаква кон родителите. И што ако го исчувале мора заедно со нив цел живот да седи? Не велам дека не треба да си ги почитува и сака родителите, напротив нека им биде благодарен како знаеле и умееле го чувале и го воспитале. Ама не е врзан за нив, не мора се да биде по нивно. И не не мора да постапува онака како што тие го воспитале ако види дека тоа не е во ред. Ама тоа се родители да секако на нив не смее он ништо да им каже, како каже мамичка така ќе биде, жена ти ќотек нека јаде и децата нека живеет со караници цел живот по здраво е во заедница таква. На крајот жената затоа ја земаш да имаш на кого бесот да си го исфрлиш и кој да ти пере чисти.. Нема врска тоа што жената одлучила да остави свој дом, да прифати да живее и со неговите, секој пат да рече ајде уште сега да му простам, ама важно е кој го израснал. И далеку од тоа дека треба да се биде само со совршен маж, совршен никој не е, ама има работи за кои што може да се прогледа низ прсти.. Како прво тој ако е малку свесен нема да дозволи бремена жена да се нервира и некој да и прави стресови. Ама ете ако се согласи за заедно да одат на терапија и е спремен да променат заедно нешто и да си го спасат бракот, нека му даде шанса, нека му прости и овој пат.
Ја земал жената да му “пере и чисти”. Жената спомна дека мажот е активен во домот и со обврски, никој не зема некој само за да чисти по дома, и во брак не се става на вага кој колку пати усисал, ако така им е договорот (слободното време, распоредот). Таман работа да постапува како што тие мислат, ама да се конфронтира што ќе постигне? Ќе ги смени? Или уште полоша ќе биде снаава, која и онака веќе е лоша и непосакувана мислам што може веќе да се корегира ако земи мажот да се расправа? Удриле дете, уште правиме муабет за нив, треба да се множат со воздух и готово. Бу, чао, не постојат. Инаку сите што ги правдате мажите со не пие, не се коцка и дрогира па дајте. Зарем критериумиве ви се ќути има и полошо? До некаде разбирам светов е модерен со пороциве, ама критериуми за мажи ги поставуват жени, па малце на тоа се поработува.
Ова ти сама си се гаслајтуеш, или муж ти се променил за 180 степени од минатата година, па и оваа? Мислам, можеме да ти ги прочитаме старите мислења... Се надевам барем децата дека ќе видат бел ден. Поздрав.
Да гледаме колку го овозможува, под покрив на мама На гости се помага. Дома кај што живееш се работи Вакви критериуми за партнер немаат ни 16 годишни тинејџерки. Немам коментар.
Девојкава е жртва на психичко а може и на физичко семејно насилство. Во февруари пишала дека маж и е насилен и и се заканува. За жал како многу жртви при очи е слепа и нема целосна слика на ситуацијата па свекорот/свекрвата се криви. Ќе и текне еден ден ама ќе биде касно, кога ќе разбираат децата и ќе го гледаат тоа, цел живот ќе влечат трауми. Искрено не го разбирам тој став кај жените ќе трпам и децата нека трпат ама не се разведувам, исто и не верувам дека некој нивен близок би им влијаел на психата. Секогаш ќе најдат изговори.
Мене све тоа ми е јасно ама жалната вистина е дека дури она не реши да стане и да замине, ние може само да мелеме до бескрај. И пак ќе прашам, каде се нејзината фамилија во целиот случај?
Искрено многу чудно како членката го кажува тоа не оди по жени, како нешто позитивно да е, а не bare minimum за некој во врска и брак, некој кој ти ветил верност. No comment.
И јас претерувам многу зборам и си се знам (некогаш кога сум нервозна му ги вреѓам неговите и други тешки работи му кажувам) и му досаѓам он ќути, ќути собира и избувнува. Не го правдам тоа што се заканува кога е нервозен и така што избувнува ама и јас доведувам до тоа. Не го правдам само кажувам. Татко немам починат е веќе неколку години така да немам поддршка, мајка ми е болна и не сум сакала никогаш да и кажувам какви проблеми имам. Знае само дека не ми е сјајно со неговите дома и дека он не планира никаде да оди на друго место. Нема мајка ми никакви финансии да ми помогне. Јас не работам 4 години веќе дома сум, затоа не очекувам од него да ми прави ручек или да пере. Јас можам слободна сум и го правам тоа..
Проблемот кај тебе е што не ја гледаш ситуацијата реално. Твојот сопруг воопшто не се замара ни за тебе ни за вашите деца. Се замара само за неговите родители.
@mama11 Не, тоа се нарекува reactive abuse - кога си од сите страни малтретирана и стуткана во ќош и наеднаш почувствуваш бес и самата ти започнуваш да повишуваш тон, како еден вид одбрамбен механизам, бидејќи се чувствуваш ранливо. Мислам дека и самата си длабоко свесна дека ова на никаде не води и дека мажот ти е ист како нив. Затоа ти посакувам среќа што побрзо да се извлечеш од таму и да започнеш да живееш нормално
Факт е дека не можеш лесно да се извлечеш од таа ситуација, затоа прв чекор е првата можност штом пркнат децата да се вработиш, да добиеш бар мала независност и сигурност, зошто вака те гледаат како да имаат целосна контрола врз тебе. Сега џабе ќе кроиш планови зошто сигурна сум дека се чувствуваш беспомошно со оглед на тоа што они имаат финансиска контрола. Кога ќе се вработиш, ќе имаш некаква моќ бар малку од малку. Само гледај да спасиш глава од таму, гревота е и за тебе а и за децата што се тепани и што гледаат како си омаловажувана. Во такво семејство сум растена и до ден денес трауми имаме, не му го пожелувам тоа на ниедно дете.
Еднаш имам кажано и ова не се однесува конкретно на членкава, него општо. Дека колку год да ти ветува и симнува ѕвезди дечкото, мажот дека само кратко ќе живеете, дека не, ти нема потреба да работиш, дека он све ЌЕ овозможи за тебе, ти само седи дома пиј кафе со свекрвата, увек треба да имаш некоја потпора под нозе што е само твоја. Било тоа пари на страна или некоја имовина. Особено па со маж што од старт не решил да се оддели. И минимална плата е подобро од празен новчаник. И своја соба кај твоите е подобро од "немам каде да одам" Оти вакви ситуации не се ретки, жена без приходи и поддршка од фамилија да заглави со ваков копук оти исто се надевале дека е само кратко, привремено ама после морале да легнат на брашното оти поарно тоа него да пукне брука оти се разведува.
Ама и самата членка има кажувано дека нејзиниот маж и велел дека е мрзлива и не сака нивните деца да бидат како неа. Без разлика колку и да ја манипулира, човек треба да размислува со своја глава. Без работа и така со години дома, автоматски се исклучува од пазарот на трудот. И нормално вакви идиоти ги прават жените да се финансиски зависни од нив, со изговор "немој да се мачиш ти", за потоа да можат полесно да ги манипулираат. Иди пробај изманипулирај некоја еманципирана финансиски независна жена.