1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Машки
    Заедничкиот бизнис не е причина и дека мора да живеете во заедница, ако таа заедница е лоша и за тебе и за детето и влијае на односите со тебе и маж ти.
    Знам случај кај што мажот си има семеен бизнис и тоа блиску до куќата на татко му и голема куќа ама од кога се ожени си се преселија и тоа доста подалеку и секој ден си патува на работа како и сите други.
    Тоа што нема некој порок и што сака семејството да му е финансиски стабилно супер, ама каде е тука љубовта, грижата за семејството, почита... Не е тоа оправдување да не замине и да е насилен кон тебе и да не застане пред тебе и децата и да кажа "Чекај малку тие се мое семејство нема никој право така да се однесува со нив".
    Не ти велам сега одма оди и разведи се од него, ама размисли малку. И разговарај. Како мислиш бесен е кога разговарате? Зарем не сте маж и жена и не треба заедно со разговор се да решите и да направите добро за сите?
     
    На Трагедијаупмм, Polyincognito и JasBee11 им се допаѓа ова.
  2. BubamaraM

    BubamaraM Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    384
    @mama11 ако сопругот се согласи да одите на партнерска терапија, би било супер.
    Самото прифаќање би било знак и потенцијал за промена на подобро кај него. Убаво што размислуваш во таа насока. Поддршка! :hug:

    Скрос те разбирам за ова што велиш "така е учен од мали нозе". Луѓе, тоа се уверувања и програми кои не се менуваат така лесно. Некогаш се потребни години да се сменат тие шеми на размислување и да се дојде до нови уверувања дека сега жената и децата ќе се на прво место.
     
    На Трагедијаупмм и JasBee11 им се допаѓа ова.
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    8.066
    Пол:
    Женски
    Се ова што кажа се изговори што тој ги користи зошто тој не сака да се одвоите вие. И тој да заработи многу пари, пак нема да сака да се одвоите.
    И нема да му се отворат очите за преселување, знам дека и од порано пишуваше дека таа средина е токсична, па твојот сопруг ништо не прави за тебе да ти биде подобро.
    Што??? Толку ниски критериуми имаш за бракот? Ти помагал дома? Не идел по жени???
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.006
    Допаѓања:
    13.819
    Ako ne odi po zeni i ne se kocka, ne znaci deka e sjajen. Da trpish nasilstvo tamu i da se teshish deka ne odi po drugi i slicno :|
    Saka da e vrzan do mama i do tato cel zivot.
     
    На Just.do.it и Tih-ana им се допаѓа ова.
  5. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.946
    Пол:
    Женски
    Се врти наратив "ако не е идеално, што бараш деца", овде се зборува за конфликти со надворешни ликови кои го пораснале, го проодувале, го пазеле исто како и вие вашите деца него, а не дирекно со мажот. Средината во која се раѓаме не ја бираме, како се справуваме со тоа е индивидуално, да треба да заштити, меѓутоа не знаеме со какви психози на ликови има работа што може додатно да влоши ако го направи тоа пред нив.

    Дали тоа значи на сите што имаат дете или повеќе деца им е идеално? Никаде не е со поширокиот круг. Се додека проблемот е надворешен, а вие внатре сте ок, верувам дека нема зошто да ви пречи во вашите семејни и животни планови.
    Ако вие сакате дете, а целата средина околу ви е товар, ви прави потешко, менете ја средината.
     
    На JasBee11, BubamaraM и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.861
    Допаѓања:
    99.551
    Па проблемот е дека не се менува средината, автоматски свесен човек би си ја потиснал желбата за дете.
    А и насилството од него, неговата незаинтересираност кога таа има проблеми со неговата фамилија ... Не дека само околината е проблемот.
     
    На Mr.Limonko и Just.do.it им се допаѓа ова.
  7. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Машки
    Тоа што го чувале што го израснале била нивна должност, детето нема должност никаква кон родителите. И што ако го исчувале мора заедно со нив цел живот да седи?
    Не велам дека не треба да си ги почитува и сака родителите, напротив нека им биде благодарен како знаеле и умееле го чувале и го воспитале. Ама не е врзан за нив, не мора се да биде по нивно. И не не мора да постапува онака како што тие го воспитале ако види дека тоа не е во ред.
    Ама тоа се родители да секако на нив не смее он ништо да им каже, како каже мамичка така ќе биде, жена ти ќотек нека јаде и децата нека живеет со караници цел живот по здраво е во заедница таква. На крајот жената затоа ја земаш да имаш на кого бесот да си го исфрлиш и кој да ти пере чисти..
    Нема врска тоа што жената одлучила да остави свој дом, да прифати да живее и со неговите, секој пат да рече ајде уште сега да му простам, ама важно е кој го израснал.
    И далеку од тоа дека треба да се биде само со совршен маж, совршен никој не е, ама има работи за кои што може да се прогледа низ прсти..
    Како прво тој ако е малку свесен нема да дозволи бремена жена да се нервира и некој да и прави стресови.
    Ама ете ако се согласи за заедно да одат на терапија и е спремен да променат заедно нешто и да си го спасат бракот, нека му даде шанса, нека му прости и овој пат.
     
    На Трагедијаупмм и Just.do.it им се допаѓа ова.