Леле , какви луѓе ја газат планетава . Ќе ми гаси греење ? Има да го угасам како пикавец под нога . Јас сум женско , ама знам да вклучам осигурач на спратна табла . Он не е електричар , ама чепка инсталации . Доволно е едно шкрап на осигурачите , да го дрма малку , можеби ќе му го разбистри умот . Без се можам , само без греење - ладење не можам . После третата бременост , се случува да потечам од високи температури ( кога надвор е 40° С јас потечувам цела ) и без клима не можам да дишам . Мене да ми е маж тој мамут ( и ѓубрето би се навредило , да го споредам со него ) , јас мислам дека би го заклала . Среќа , па не ми е . П . С . Немам таков проблем , дека краток фитиљ сум , а маж ми тоа добро го знае . Уште полошо би го снашло , кога јас плаќам струја , а он исклучува греење кога е лут . Е тек тогаш ѓаволот ќе го бара да го спасува од мене .
Нема креатива. Едино да проба да најде работа со поголема плата и да не му ги дава парите на мажот, па да побара помош од некоја организација. А, ти и ако има уште некои пријател/ки да се соберете и да им отидете на нејзините родители. Треба да им објасните дека ќерка им трпи насилство и дека не е безбедно таму за неа и за децата. Барем ради внучињата да се сожалат. Тој денес им гаси греење, не дај Боже утре може да им посегне по животите. Тие мора да ја примат назад сосе децата, макар само на привремено.
Мене искрено би ми било срам ова да го споделам на пријателка или комшивка и да живеам уште со него. Се знае што треба да прави. Таа ќе чека тој да се смени, ќе седат, ќе разговараат. Ќе помине еден месец и ќе им ги извади вратите од дома и тушот. Пак ќе ја читаме.
Дојдов за совет… имаме мало бебе, маж ми е навистина прекрасен татко. Проблемот е во тоа што кога он ја чува малата а јас раскревам по дома, правам ручек, и правам на малата за јадење, пуштам машина и слично, тој коментира како сум си уживала без да се грижам за бебето а тој цел ден бил со неа. Ова се случува секојдневно. Тој е невработен, а јас сум на породилно (живееме во странство па парите не се проблем а и тој ќе почне со работа за скоро пак). Јас сум навистина благодарна што тој моментално не работи и ги делиме обврските околу малата, а и тој вели дека е благодарен зошто има време да се зближи со неа и да ја гледа како расте. Откако престана да работи се договоривме тој да ја зима насабајле во дневна да ја чува јас да поспијам зошто ноќе станувам и ја дојам. Но, ова тој ми го вади на нос. Заради тоа што ќе ја причува 2 саати насабајле цел ден збори како он само поминувал време со неа јас воопшто не, јас му велам а алиштата сами ли се испраа, тој вика ти само со тоа се вадиш. Веќе зборувано е 300 пати на темава и тој не се менува пак коментира и многу ме нервираат такви коментари. Немам никаква помош од фамилија и пријатели, сами сме овде. Добро се снаоѓаме ама многу се караме… Модератор: Дискусијата е преместена од темата Испукајте се од мажот
Не знаев дека прекрасен татко си ако ти е проблем да го чуваш детето.. Разбирам да ви е се ново па да сте напнати малку и дека не е лесно сигурно да се чува дете ама не треба тоа врз тебе да го исфрла.. Колкаво е бебето? Ако е 1-2 месеци па и не бара многу да се чува, цица и спие, ниту трчаш по него ниту ништо го занишаш пола саат во раце и тоа е.. Не знам што е толку уморен од да го гледа како спие. Ако му е проблем рано да станува нека станува ноќе и нека му дава млеко од цуцла, а ти стани 2 часа порано.. Единствено решение е разговор или да ги замените улогите па да види дека многу по лесно е да гледаш бебе како спие отколку да чистиш, готвиш, переш...
Малата има 10 месеци, повеќе разбира, има 2 дремки во денот од кои за едната јас ја успивам и за ноќното спиење јас ја успивам а тој само за првата дремка. Прекрасен татко мислев на тоа дека работи со неа зборува, насабајле и дава за јадење и менува пелени уште од сам старт од болница, се што треба за детето да се купи, да се направи е купено, направено. Кога му треба мир, кога е на пц за да аплицира за работа или сл. излегувам со малата надвор, се шетаме и не му пререкувам, а денес 2 пати кујната ја исчистив, 2 машини за садови, 2 машини за перење пуштив и јадење за нас, за неа, а тој едно ѓубре што фрли само и ми вика јас не сум знаела да ценам…
Од искуство мислам дека зборат за они да се испукаат него му е мака мрза нешто и контра на тоа тебе се ти е арно после. Мојот така ке се изнајаде зборови и после му е криво не сака да навреди ама го помислува тоа и пука после јас ако му варатам него не го држи гз да не врати и ке се искараме Ама сепак мислам дека така си се олеснуваат они кога ке не направат нас одговорни за нивниот " немир"
Тогаш јас сум грешка разбрав дека си скоро породена и се работи за многу мало бебе.. Не е решение ако му е тешко да се нафрла на тебе, детето бара 24/7 да има некој со него и би требало веќе да бидете навикнати на новиот член... Поделете малку што знам нека прави нешто друго и тој, нека зачисти, нека пушти машина и онака е дома, зачувај го ти детето.. Исто поминете малку време и сите 3ца заедно играјте си двајцата со детето, заедно прошетајте...
Колку време е тој без работа и дали веќе има најдено работа или уште ја бара? Мажи во принцип се бескорисни дома и се согласувам со @mariz
Од јануари е без работа има најдено нова ќе почне од мај. Јас па тогаш мислам дека уште толку ќе се караме… тој ако работи од сабајле уморен ќе се враќа ќе сака порано да легне, така бар беше кога работеше, во 6 излегуваше од дома во 16 се враќаше во 20 си легнуваше. 4 саати, да јаде, да се истушира и што ќе остане да поигра со малата...
@Adidas888 Е да Ади, ама бидејќи нема таков кој работи 24/7, не ја гледам логиката да се гази на јајца и да се пази на господинот да не му се нарушува времето кога ќе е дома. Не може само оти оди на работа, тоа да е изговор за сè. Не е тоа жртвување, бикоз ќе одел на работа и без да бил женет и без да има дете Воедно, не гледам мажи да одат по форуми и да прашуваат вака, да ги жалат нивните сопруги Сопруги кои ем се single moms во брак, ем во повеќето случаи исто така вработени
Јас само да ти кажам дека првата година е најтешка, кога си вратам филмот секој ден се,, разведував" од мм. Прво дете кога дојде се ни е ново, неискусни и тогаш се најголемите кавги. После ќе влезете во шема, ќе видите дека и двајцата ќе се прилагодите. Ние со мм бевме 7 год во врска па кога се породив ми идеше да го треснам од земја и тоа по неколку пати на ден Сега сме најдобар пар да не се подречам и не би го менувала за никој. Не дека не се караме, нормално е, мислам јас се карам де мм не знае Ама сами ептен добро функционираме никогаш не сме ни имале помош воопшто. Понекогаш еден ќе префрли, после друг, некогаш и во лутина, премор, разочараност, се во границите. Ќе се средите и бебе ќе спие повеќе ќе се вратите во нормала.
Не го жалам ама ете гледам и јас да го разберам за некои работи, а од негова страна не наидувам на разбирање. Како мали деца се караме кој прв почнал да провоцира. Може е и причината што сме дома и двајцата. Се нервирам зошто кај не работи уште и се жали ако има обврска по дома. Еднаш ако стави садови во машина голема работа направил ќе збори за тоа 5 дена а купатилото кој го чисти, а алишта чисти здиплени од небо така да не паднаа?
@Emberlynn Секако не е поентата да се карате, но и не е поентата да се потценуваш себе и да дозволуваш непочит. Нашол работа, ќе почне од Мај. Значи сега е ултра слободен, при што нема потреба ти да прескокнуваш јажиња и сè на твој грб да е. Седнете, поделете ги подобро обврските, со тоа што не заборавај дека ти си таа која треба најмногу да го одмора своето тело. Исто така, навремено разговарај и предложи план, каков ќе ви биде распоредот откако ќе тргне на работа. Нема си легнувал во 8. На тоа мислев да не го жалиш, бидејќи неговата работа е до 4, ама твојата е нон стоп. Воедно нема делење само обврски околу детето, туку и околу домот. Тој не е во хотел
Види, мажите се природно приглупи (за многу работи), не за џабе жената е столб на семејството. Многу, многу ги има такви баш ко што кажуваш, ќе среди едно ќе расипе 10. А тоа шо средил ќе го бамка со месеци ко ракета да лансирал. Сепак, не е толку страшно, еве добри совети имаш погоре, да се замените па да излезете заедно на прошетка на воздух, опушти се и ти не мора во секундата да бидат и садови измиени и машина пуштена и се шо има у куќа, полабаво терај. Еве додека он е со бебето предложи му да фати нешто, ти за тоа време биди со бебето. Балансирај, ќе биде. А дека се глупи без навреда ама да, како епизодата од Френдс кога Рејчел се пораѓаше а Рос се сопна и вика леле не си свесна колку ме боли... https://www.instagram.com/reel/DVTkYaPDNsw/?igsh=MWZmMjY3dTNrcXlmcA== Имало и бетер
@Polyincognito не го жалам, не ми е океј што си легнува во 8, тој легнува во 8 ама заспива во 12… ако му спомнам за работа и обврски околу домот тој ми вика “а ти кога ќе почнеш да работиш? Детето во градинка да оди.” Океј се тоа ќе биде јас ќе работам и малата во градинка ќе оди ама куќните обврски пак мои ќе останат. Баш вчера ми спомна кога ќе тргнел на работа очекувал ручек спремен кога ќе се врател. И пред некое време се скаравме затоа што ми рече за работата и плачев, кај сум сама овде без помош и тој ќе тргне на работа, сама со малата верувајте некогаш заборавам и да мочам од што немам време, само одлагам. И ми вика “се понашаш ко некој да те форсирал да родиш” а воопшто не е така кога ми го кажа ова плачев зошто се намачивме да имаме бебе. И кога се породив 2 дена бев херој после пак се по старо. Ете ќе пробам да му речам за обврските да ги поделиме и во домот да не правам се сама пошто ако не му нацртам тешко дека ќе му текне. Ептен си се раскомоти во комфорт зоната типот. @MiloMalo Ако јас се опуштам и садовите останат така во кујна ќе си стојат една недела и ларви ќе почнат да лазат. Излегуваме и на прошетка заедно не е дека не поминуваме време заедно надвор од домот. Фала на сите на советите ќе ги применам па ќе видам дали ќе вроди со плод.