Леле , какви луѓе ја газат планетава . Ќе ми гаси греење ? Има да го угасам како пикавец под нога . Јас сум женско , ама знам да вклучам осигурач на спратна табла . Он не е електричар , ама чепка инсталации . Доволно е едно шкрап на осигурачите , да го дрма малку , можеби ќе му го разбистри умот . Без се можам , само без греење - ладење не можам . После третата бременост , се случува да потечам од високи температури ( кога надвор е 40° С јас потечувам цела ) и без клима не можам да дишам . Мене да ми е маж тој мамут ( и ѓубрето би се навредило , да го споредам со него ) , јас мислам дека би го заклала . Среќа , па не ми е . П . С . Немам таков проблем , дека краток фитиљ сум , а маж ми тоа добро го знае . Уште полошо би го снашло , кога јас плаќам струја , а он исклучува греење кога е лут . Е тек тогаш ѓаволот ќе го бара да го спасува од мене .
Нема креатива. Едино да проба да најде работа со поголема плата и да не му ги дава парите на мажот, па да побара помош од некоја организација. А, ти и ако има уште некои пријател/ки да се соберете и да им отидете на нејзините родители. Треба да им објасните дека ќерка им трпи насилство и дека не е безбедно таму за неа и за децата. Барем ради внучињата да се сожалат. Тој денес им гаси греење, не дај Боже утре може да им посегне по животите. Тие мора да ја примат назад сосе децата, макар само на привремено.
Мене искрено би ми било срам ова да го споделам на пријателка или комшивка и да живеам уште со него. Се знае што треба да прави. Таа ќе чека тој да се смени, ќе седат, ќе разговараат. Ќе помине еден месец и ќе им ги извади вратите од дома и тушот. Пак ќе ја читаме.