Нема шанси да продолжам понатаму, си го преиспитувам цел период со него и се мислам уште што ќе научам отпосле. Има 31 год. Јас разговарам, а тој претежно молчи.
Јас мислам дека членката се плаши да го притисне маж и ,од страв што сЕ може да дознае. А кога ќе дознаеш мора да реагираш,не можеш да останеш така неутрален. Поразговарај со психолог, па со адвокат. Билјарката добро напишала, ако може да се поништи бракот. Односно ако ти е тебе прифатлива таа опција. Вака од неколку пасуси не е баш паметно да даваме совет за сериозен проблем. @Splendor. Не знам дали е паметно да изиграваш и мајка Тереза па да го спасуваш од неговото патолошко лажење... Зарем и неговата фамилија не знаела дека син им лаже за факултет, возачка,извршители... ? Другари ,колеги ? Толку многу си изолирана од сите тие луѓе или и нив успевал да ги лаже со години?
Многу сум изолирана. Со татко му нема контакт, а со мајка му многу слабо и тоа јас форсирав, а тој негираше близина. На неа и се испушти и за факултетот и сега кога си го враќам филмот и за возачката, мислам дека не знае дека цело време ми прави филмови. Јас информациите си ги проверив кај пријателка полицајка, кај вработени во оператор (за извршителот) ништо немам дознаено од него лично. Дури и отпосле не признава и само молчи. Со другари нема многу близина, само со еден кој ни е и кум, ама немам јас некоја близина ниту е дошло до подлабок муабет. Цело време јас сум со моите, а тој само фигурира, и моите го жалеа дека нема да пружи многу ама е добар човек, па да пружиме ние. Сите се шокирани, совети многу немам растена сум традиционално и ова е за сите лошо. Секако најмногу за мене и детето. Да, страв ми е да чепкам подлабоко...
Стравот ти е оправдан, но нека не те обесхрабрува. Секој на твое место би бил исплашен. Јас сепак останувам на тоа да што побрзо се консултираш со адвокат. Доколку не можеш да донесеш одлука, за тоа сметам дека ќе ти помогне психолог со кој темелно ќе го разглобиш целиот проблем. Од надвор, ние, твоите родители или други блиски, не знам колку се рационални, да не речам мудри и стручни да те советуваат. Спомна дека сте традиционални, што ме наведува да мислам дека не се отворени твоите родители за решавање проблеми со психолог. Сепак мислам дека е најдобро од таму да почнеш. Имаш апликација разговори.мк можеш и анонимна да бидеш при првата консултација, па ако ја добие твојата доверба психологот да продолжите и лично. Стравот ќе почне да се намалува во истиот момент кога ќе донесеш одлука, и ќе добиеш правец и мотивација да останеш на одлуката. можеби се само наивни лаги, но и тие наивни лаги веќе целосно ја срушиле довербата во бракот. Колку и да е мал проблемот, недовербата ќе почне да расте и да влијае негативно на тебе. Не се живее во сомнежи,ќе те изедат. Колку побрзо го размоташ клопчето толку побрзо ќе ти олесни.
@Splendor. Јас би се надоврзала на претходното мислење- не е битно дали родителите ти се отворени за психолог - ти си возрасна и твоја одлука си е. Анонимно е секако. Во врска со проблемот директно, би рекла дека довербата е длабоко нарушена и од таму ништо не ја враќа. Човекот молчи зошто е тотален лажов и има изградено идентитет околу којзнае колку невистини. Нема да ме зачуди ни ако има некое дете со друга пред тебе, па нема сметка за да не може алиментација да плаќа. Во 21 век никој во цивилизација не е без трансакциската сметка. Долговите сигурно не се мали, ниту пак наивни. Тоа е човек кој свесно одлучил да прави глупости и да се извлекува криејќи се, досега успешно, зад маската на "добар човек".. имал среќа да налета на мирни луѓе, кои не чепкаат премногу и не го притискале. Јас мислам ако емотивно ова ти е премногу и јасно ти е дека нема назад, да си најдеш добар адвокат, и да се оддалечите што подалеку од него, а од него не очекувај ништо, зошто одговорност нема да преземе сигурно- ниту да признае нешто, ниту да плаќа алиментација, ниту обврски ќе преземе, ништо. Затоа ако можеш, чист и брз пресек.( Ако изведува, закани му се дека ќе го пријавиш дека работи на црно или нешто за да те остави на мир. ) Ова е совет за "не дај Боже", ама знаеме дека и такви требаат некојпат
Типот сакал да се накоти кај тебе и тоа го сторил. И после пак да викате "кај ти беа очите". Мажите ќе го излажираат цел живот само да ве фатат во замка.
И ако има дете со друга ако не плаќа алиментација ќе си одговара кривично. Овој скроз све забегал и излажал. Само чудно ми е што толку долго време лажел. Без никој да го фати.
Делува по малку како да сака да е невидлив. Се населил кај неа, во л.к сигурно му е некоја стара адреса, и да сака да го најде некој, не може. Уште ако е од друг град.. може човекот и социјални мрежи нема и на интернет е "дух". Тогаш дефинитивно има од/за што да се крие.
На лична карта со кое име е? Може и тоа да нема. Луѓе вакви особи се тешки дијагнози. Имаме таков во близина, страшна работа е. Само од лага во лага навлегува, опасен манипулатор. Јас би ти рекла, психолог, адвокат и стави крај.
Забеган лик. Од жена се кријат некои ситни работи. А не да лажеш дека имаш факултет или за возачка. Плус сигурно има извршител заради тоа што не сака да работи осигуран.
Таа му збори, тој молчи. Само ќе ја внесува од лага во лага. Не и сокрил која боја на гаќи носи. А и фактот дека несака контакт со родителите е нешто што така малце смрди. Ако си немал ваков човек во близина, незнаеш на се што се спреми и во какви се мубаети и лаги те внесуваат.
Ќе речев од жена не се крие ништо, ама ај, скришно фрлам насобрано "ќе се најде" ѓубре низ дома, па ај, I'll let it slide. Мислам, ова се огромни работи, не е да ги криел туку и си измислувал "факти". Дури е крипи.. не коментирам веќе, не сакам на членката дополнително да и стварам терет со претпоставки и кометари... Се надевам на добар исход за тебе, сплендор
Од кај знаеш дека е од мајка му моминската? Може и тоа те излажал, може тоа е адреса на друга жена кај шо престојувал како крлеж.
Мислев на тоа колку пари има мажот да не му ги потроши парите . Не на други работи. Нормално не знае жена ми и дека сум член на форумот
Па нема да биде лошо да одиш да провериш кој живее на таа адреса. Може сите одговори ќе си ги најдеш.
Само едно. Сама размисли што ќе направиш лесно е да се разведеш. Ама пак детето е заедничко така да мисли малку пред да направиш нешто. Најубаво да му кажеш дека знаеш се и дека не сакаш да те прави будала. И да ти каже се од почеток. Па потоа мисли шо ќе правиш.
@Travertino да сум на нејзино место ќе го спакувам фино лепо и ќе го шутнам надвор. Малку е касно за "се' од почеток". Гледаш дека молчи како дибек. И да ми каже се', ќе има шанси само да го лежам, жими се, ништо поарно не би било. Мислам дека типот натаму само би лажел, а вистината не би била ништо утешително. Парталките надвор и крај Детето со патолошки лажго да ми расте нема шанси. После и него ќе го мота и свртува против мајката