Како што кажав, во врска не беше таков. Не се жлм н свекрва - таа сама си кажува како било. Скоро и да немаме некој живот само ние сами - навечер мубет и сл. Немаме стари да го чуваат детето.
Не мора да живеете заедно ниту да имате дете за да видиш како човек функционира. Начинот на кој се однесува кон тебе, дали е одговорен, дали презема иницијатива, како се однесува кога има обврски и проблеми, дали те почитува и дали очекува ти да се прилагодуваш на него, сето тоа се гледа и во врска. Не можеш да знаеш се однапред, ама можеш многу да увидиш.
Не можеш да знаеш каков родител ќе биде. Затоа што се додека немаш деца, немаш пример да видиш каков би бил тој. Знам што пишуваше на другата тема, можеш да дознаеш многу работи за некој додека сте во врска, родителството не е една од нив. Затоа што и самото родителство драстично те менува.
Не сакам многу да зборувам за родителство затоа што не сум и не е едноставна тема ама тоа што го гледам во околина кај мажите, образецот на однесување е тој. Никој не станал незаинтересиран од после, моделот на однесување им е од дома како се научени.
Хопинг, ни ти за себе не знаеш каква мајка ќе бидеш (секако дека одредени работи знаеш, но многу повеќе не знаеш), а не па за некој каков татко ќе биде. Логично дека во партнер бараме да е одговорен, итн. ама пак во улога на родител знаеш каква си и каков е тој - само кога ќе бидеш родител.
Ако татко му чекал се на мајка му, ако мајка му го учела дека гледање дете е женска работа тогаш што очекуваш каков татко ќе е тој во иднина?
Можеби одличен, ако гледал и сфатил дека тоа не е нормално? Јас не сум како мајка ми карактерно, не знам зошто би очекувала партнерот да е како татко му? Ако мене "ме суди" според мајка ми, многу погрешно ќе просуди.
Можеби, ама многу ретко. Особено во нашево општество. Затоа и се полни темите брачни совети и свекрви и снаи проблеми.
Многу лоши споредби се ако некој според родителот те суди тоа е многу погрешно и површно и многу често децата се тотално различни од родителите.
Во случајов господинот кога седел дома со мајка му сам, без да добие внимание од татко му, сигурно му било убаво на некој начин штом го применува и тоа сега. На крајот од денот, децата учат од родителите што треба и што не треба и сами си го градат карактерот.
А ако ретко бил таткото дома и седел сам со мајка му, нели може мајка му да го научила да готви, чисти, пере?
Темава отиде во друг правец. Маж ми знае се од домашни работи - на почетокот на бракот и додека живеевме заедно една год пред брак - се правеше. Откако останав јас на породилно со детето - едноставно престана. Тогаш јас се правев зашто имав време - бев дома. Поголемиот проблем е како може се друго - посебно работа, да е поважно од семејството. Изгледа дека мисли ако донесе повеќе пари - подобар е.
Не би рекла дека заради тоа се полни, но тоа би било многу поширока тема за дискусија него што може во темава.
Не , не се душо сите како тебе. Напротив, мислам јас ретко познавам ваков тип на луѓе. Една моја пријателка сличен проблем реши кога и она клапна со него пред тв па како ќе им даде Господ за јадење и хигиена. Тој нејзиниот ни работа не одеше, таа имаше 3 деца со се него. После почна да оди два пати неделно на зумба децата остануваа со него. После неколку месеци некако се освести и почна да е активен. Вајда и до човекот е. Еве пробај и ти ко него па видете каде ќе терате. Па што мора пред гости да глумите семејство, не треба . Нека си ги чека сам.
Свекор ми до ден денес уште чека свекрва ми да му постави на маса. Инаку не јаде. Да поигра со дете ( еве и внуци има) е мисловен поим. Маж ми не е ни 1% на него. Он дури и го укорува за таквото однесување. Самиот додека бевме во врска ми го кажуваше каков родител е. Пред некој ден муабетот со свекор ми ни беше дека цел живот дома бели (кречи) свекрва ми а тоа според него е машка работа , а му викам тогаш ако она дома белела ти требало да испеглаш. Аааа не тоа било женска работа, Ни машка ни женска работа, паразит цел живот. Отидов запалив свеќа во црква што сопругот мој не е неговиот сој и што децата ми растат со двајца родители во брак. Оти ваков не се трпи 5 мин не децении. Ама од тоа што ќе кажат комшиите си трпат.