1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Taanekoja

    Taanekoja Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2026
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Како што кажав, во врска не беше таков. Не се жлм н свекрва - таа сама си кажува како било. Скоро и да немаме некој живот само ние сами - навечер мубет и сл. Немаме стари да го чуваат детето.
     
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.746
    Допаѓања:
    194.405
    Шо праве он коа си иде од работа?
     
    На JasBee11 и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    1.958
    Пол:
    Женски
    Не постои шанси да немало никакви знаци.
     
  4. Taanekoja

    Taanekoja Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2026
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Немаше. Излегувавме, шетавме и сл. Како да има знаци кога немало дете.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    1.958
    Пол:
    Женски
    Не мора да живеете заедно ниту да имате дете за да видиш како човек функционира. Начинот на кој се однесува кон тебе, дали е одговорен, дали презема иницијатива, како се однесува кога има обврски и проблеми, дали те почитува и дали очекува ти да се прилагодуваш на него, сето тоа се гледа и во врска. Не можеш да знаеш се однапред, ама можеш многу да увидиш.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    11.172
    Пол:
    Женски
    Не можеш да знаеш каков родител ќе биде. Затоа што се додека немаш деца, немаш пример да видиш каков би бил тој. Знам што пишуваше на другата тема, можеш да дознаеш многу работи за некој додека сте во врска, родителството не е една од нив. Затоа што и самото родителство драстично те менува.
     
    На Малечка Малинка, JasBee11, Taanekoja и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    1.958
    Пол:
    Женски
    Не сакам многу да зборувам за родителство затоа што не сум и не е едноставна тема ама тоа што го гледам во околина кај мажите, образецот на однесување е тој. Никој не станал незаинтересиран од после, моделот на однесување им е од дома како се научени.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.586
    Допаѓања:
    280.784
    Хопинг, ни ти за себе не знаеш каква мајка ќе бидеш (секако дека одредени работи знаеш, но многу повеќе не знаеш), а не па за некој каков татко ќе биде.

    Логично дека во партнер бараме да е одговорен, итн. ама пак во улога на родител знаеш каква си и каков е тој - само кога ќе бидеш родител.
     
    На eliesaab, JasBee11, Katie90 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    1.958
    Пол:
    Женски
    Ако татко му чекал се на мајка му, ако мајка му го учела дека гледање дете е женска работа тогаш што очекуваш каков татко ќе е тој во иднина?
     
    На Cosmic Girl, KiT, MiloMalo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.586
    Допаѓања:
    280.784
    Можеби одличен, ако гледал и сфатил дека тоа не е нормално?
    Јас не сум како мајка ми карактерно, не знам зошто би очекувала партнерот да е како татко му?
    Ако мене "ме суди" според мајка ми, многу погрешно ќе просуди.
     
    На Малечка Малинка, sparklie, JasBee11 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    1.958
    Пол:
    Женски
    Можеби, ама многу ретко. Особено во нашево општество. Затоа и се полни темите брачни совети и свекрви и снаи проблеми.
     
  12. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    2.524
    Пол:
    Женски
    Многу лоши споредби се ако некој според родителот те суди тоа е многу погрешно и површно и многу често децата се тотално различни од родителите.
     
    На JasBee11, Stressed Out, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  13. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    5.902
    Пол:
    Женски
    Во случајов господинот кога седел дома со мајка му сам, без да добие внимание од татко му, сигурно му било убаво на некој начин штом го применува и тоа сега.
    На крајот од денот, децата учат од родителите што треба и што не треба и сами си го градат карактерот.
     
    На JasBee11 и KiT им се допаѓа ова.
  14. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    836
    Пол:
    Машки
    А ако ретко бил таткото дома и седел сам со мајка му, нели може мајка му да го научила да готви, чисти, пере?
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    5.902
    Пол:
    Женски
    Може, зошто да не. Секој човек треба да се стекне со сите навики.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Taanekoja

    Taanekoja Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2026
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Темава отиде во друг правец.

    Маж ми знае се од домашни работи - на почетокот на бракот и додека живеевме заедно една год пред брак - се правеше. Откако останав јас на породилно со детето - едноставно престана. Тогаш јас се правев зашто имав време - бев дома.
    Поголемиот проблем е како може се друго - посебно работа, да е поважно од семејството. Изгледа дека мисли ако донесе повеќе пари - подобар е.
     
    На Малечка Малинка му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.586
    Допаѓања:
    280.784
    Не би рекла дека заради тоа се полни, но тоа би било многу поширока тема за дискусија него што може во темава.
     
  18. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    4.841
    Пол:
    Женски
    Не , не се душо сите како тебе.
    Напротив, мислам јас ретко познавам ваков тип на луѓе.
    Една моја пријателка сличен проблем реши кога и она клапна со него пред тв па како ќе им даде Господ за јадење и хигиена. Тој нејзиниот ни работа не одеше, таа имаше 3 деца со се него.
    После почна да оди два пати неделно на зумба децата остануваа со него.
    После неколку месеци некако се освести и почна да е активен.
    Вајда и до човекот е.
    Еве пробај и ти ко него па видете каде ќе терате.
    Па што мора пред гости да глумите семејство, не треба . Нека си ги чека сам.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    4.841
    Пол:
    Женски
    Свекор ми до ден денес уште чека свекрва ми да му постави на маса. Инаку не јаде.
    Да поигра со дете ( еве и внуци има) е мисловен поим.
    Маж ми не е ни 1% на него.
    Он дури и го укорува за таквото однесување. Самиот додека бевме во врска ми го кажуваше каков родител е.
    Пред некој ден муабетот со свекор ми ни беше дека цел живот дома бели (кречи) свекрва ми а тоа според него е машка работа , а му викам тогаш ако она дома белела ти требало да испеглаш. Аааа не тоа било женска работа, Ни машка ни женска работа, паразит цел живот.
    Отидов запалив свеќа во црква што сопругот мој не е неговиот сој и што децата ми растат со двајца родители во брак. Оти ваков не се трпи 5 мин не децении.
    Ама од тоа што ќе кажат комшиите си трпат.
     
    На JasBee11, Mumoftwo30, FlirtBerry и 2 други им се допаѓа ова.
  20. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Женски
    Со оваа паралела апсолутно не се согласувам, јас токму моите родители ги имам за пример како не би сакала јас родител да бидам и така излезе. Секој сепак за себе одлучува каков ќе биде и како што кажаа другите улогата родител не се знае каква ќе биде во врска.
     
    На Taanekoja му/ѝ се допаѓа ова.