1. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,234
    Likes Received:
    4,290
    Баш затоа што незнаат засега што правеле и дали е навистина во прашање таа болест, мораат за секој случај да ги изолираат. На пр. чистела чистачката крваво веце без ракавици, па се лапала со конобарот кој ја изгребал од бес хотелската мачка која потоа ги лижела рибите наменети за доручек... и ете опасност.

    Што се однесува до оние кутрите во Африка, таму се пренесува поради негување на традицијата
    (повеќепати беше кажано дека традицијата е штетна и убива - а ние на балканот сме запнале да негуваме разни традиции)
    . На пр. поради обичаите при погребување на мртвите, роднините ги гушкаат, бакнуваат мртвите, ги користат нивните чаршафи и прирбори и сл. и тоа допринело за ширење на истата во тие подрачја, а кои немаат доволно услови за хигиена, чиста вода за пиење, лекови и сл.
    Држи се само подалеку од Тексас... тоа можеби им е казна од властите што сакале да се отцепат. :devil:
    :^) Не, не, све е тоа мижи асан да ти баам... тоа се само биолошки притисоци Македонија да го смени името, а ако не прифати ќе ја обвинат за све во африка, америка и тн.. :swear: :@
     
    SV1911 and RockNroLLGirL like this.
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    1,717
    Likes Received:
    5,277
    Не најдов на порталиве па затоа решив прашањето да го поставам овде. Имате ли информација кој ден од прилика стасуваат резултатите од лабараторијата? :?:
     
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,286
    Gender:
    Female
    ^Денес попладне ќе ни се одреди судбината. :rofl:
     
    Valerin likes this.
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    1,717
    Likes Received:
    5,277
    Ииииии уште едно браво за новинарите и жолтата штампа што преку своите напумпани известувања успеаа да кренат безпотребна паника кај населението. |( Бар ако ништо друго засега може слободно да дишеме бидејќи ебола нема! :nod:
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,192
    Gender:
    Female


    Немет мор Вале, Ебола дека нас, така да немет место за паника.Ами и да не биле новинарите, народот сам ќе си кренеше паника, доволно страв да го фати човекот и толку треба, нормално дека секој би помислил од што умрел странецот и онака из далека може да ја донесат болеста.Уште понормално е да се сомнева човек, за најобичен грип ќе се посомнева, а не та за пострашна болест, без разлика дали станува збор за ебола или не.Новинар како новинар тоа му е работа, како иначе ќе натера некој да прочита некаква вест, се знае кој треба да каже дали има ебола или не, кој друг ако не доктор.
     
    Valerin likes this.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,686
    Починатиот Британец немал ебола, покажаа резултатите од лабораторијата во Хамбург. Дополнително ќе се испитува која е причината за смртта. Од Минисерството за здравство соопштија дека врз телото дополнително ќе биде извршена обдукција за да се види од што починал.

    Останатите 25 луѓе кои што се наоѓаат под карантин во хотелот во кој што престојувал Британецот и 10-те медицински лица кои беа изолирани на Инфективната клиника веднаш ќе бидат пуштени од карантин.

    Надлежните веднаш ја известиле Британската амбасада дека нивниот државјанин немал ебола, а за резултатите известена е и Светската здравствена организација(СЗО)

    Телото на починатиот се чуваше во посебна просторија на Инфективната клиника во лимен и дрвен сандак, се додека не се утврди дали бил заболен од смртоносната болест. Починатиот Британец немал крварење од сите делови на телото,како кај еболата, туку внатрешно, што за надлежните сепак, отворило сомнеж дека се работи за смртоносната болест.

    -Штом не се работи за инфективна и болест, врз теолото може да се изврши обдукцијата, соопштија од Комисијата за зарзни болести.

    Инаку, надлежните и денес не го соопштија идентитетот на починатиот Британец, иако веќе се знае дека станува збор за бизнисменот Колин Џефри, кој пред неколку години бил прв човек на Советот за странски инвеститори во Македонија, поранешен директор за стратегиски планирања во „Џонсон Мети“.

    Неговиот пријател кој во моментот се наоѓа под карантин, е Мајкл Инглиш и бил советник во македонската Влада. Неговата сопруга за англиските медиуми изјави дека не знае од што починал Џефри, но дека е сигурна дека не починал од ебола.

    Претходно се огласи и англискиот Завод за јавно здравје, од каде што тврдеа дека смртта на Британецот во хотел во Македонија не е предизвикана од ебола и покрај симптомите кои предизвикаа паника кај народот овде.

    -Британскиот Завод за јавно здравје е свесен дека постои непотврден извештај за британски државјанин кој почина во Македонија, кој можеби имал слични симптоми на ебола. Ние сметаме дека е малку веројатно ебола да е причина за смртта, но ќе ја продолжиме соработката со партнерите во истрагата, изјави доктор Брајан Меклоски од Заводот за јавно здравје на Англија, пренесе „Индепендент“.

    Сомнителниот случај на ебола ја смести Македонија на насловните страни во светските медиуми. Во земјата има многу странски новинарски екипи кои ги будно ги следат случувањата со сомнителниот случај.
    _-------------------------------------_---------------------------------

    Не предизвикаа симптомите паника кај народот....ние кутрите немаше ни да знаеме дека некој странец починал ако за тоа бомбастично не најавеше Сител!
    Ајде веќе преку Тасе од глупостите, ова е банана држава, всушност не ни заслужуваме нешто повеќе, пионите ја изедначија државата со партијата.
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,234
    Likes Received:
    4,290
    Немал ебола, а да се надеваме дека немал ниту некоја друга хеморагична треска како ласа или марбур.

    (исто срање, друго паковање)
     
  8. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Joined:
    Apr 26, 2012
    Messages:
    676
    Likes Received:
    462
    И на тие лоши или слободно кажано мизерни услови (луѓето немаат ни тоалет, ни канализација, ни вода за пиење) бројот на жртви не надмина дури ни 5.000. Овој вирус не може да покоси ни во Африка, што останува за Европа или Америка, тука ризик се единствено луѓето кои ги посетиле жариштата на болеста како персонал, мисионери и т.н... Се крена паника низ светот и како и обично, за некој месец кога ќе биде пуштена вакцината ќе оди како алва...
    А за овде кај нас, тешко да продре некоја таква опака болест, но кога квазимедиумите (ваква непрофесионалност не сум сигурна дека постои на друго место) пласираат невистини (рандом странски државјанин починал можеби од хепатит или од панкреaтит, ама нема така да пренесеме, ќе пренесеме дека му се спржиле внатрешните органи и дека некогаш бил во Африка) нормално дека ќе има загриженост кога се знае со какви експерти се има работа тука... на секое поле.
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Joined:
    May 7, 2010
    Messages:
    6,488
    Likes Received:
    24,076
    Ма каква Ебола, ќе поскапи нешто сега ќе видите. Парното и струјата пред грејна сезона, ама who cares за тоа, дајте да видиме Ебола дали има кај нас.
    Наивност.
     
    BoaVista, Lovely93 and RainBow like this.
  10. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Joined:
    Sep 9, 2013
    Messages:
    2,637
    Likes Received:
    2,020
    Gender:
    Female
    ^ Чудно што признаа дека немал Ебола, можеа да кажат дека имал и да направат вакцини и за тоа, со водичка внатре. Повторно паричка, како за свинскиот грип и што уште немаше. :geek: Како ќе полниш касата де ако не го уплашиш народот. Еден овчар два милиони овци води. :D
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,192
    Gender:
    Female

    Зошто не би признале? Можда немаат од се профит...И онака, веќе се знаеше дека не е Ебола.

    Којзнае од што умираат тие луѓе, ете пишуваат странците, објавуваат дека е Ебола.Свинскиот грип, уплашија народ, вакцините колку наводно корисни, толку штетни, па се деси тоа што се деси со свинскиот грип, исто испоумреа луѓе, дури имаше и едно време на нет, да не се примаат никакви вакцини, што и лично ми е кажано, наместо да излечи вакцината, сосем спротивен ефект имала, па не било дека од вирус умреле луѓето, а и плус што имав прочитано.Сега и ова со Еболата, којзнае и дали е Ебола.
     
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,829
    Likes Received:
    101,208
    Gender:
    Female
    А мене ми е чудно како резултатите кажуваат дека нема ебола а не кажуваат што има.Зарем од тие примероци на крв,ткиво или што и да е не може барем прилижно да се насочи што е,ако веќе не може конкретно.
    И многу ми е чудно што постојано се потенцира за неговиот пријател.Каков пријател?Интимен?Ако не е таков тогаш зошто едноставно не се каже колега.
    Да не излезе дека човеков имал сида?
    Сама си поставувам дијагнози. :tmi:
     
    Valerin likes this.
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,772
    Gender:
    Female
    Нема ебола: Утврдено од што починал Британецот во Скопје

    Преголема количина на алкохол најверојатно е причината за смртта ...
    http://press24.mk/nema-ebola-utvrdeno-o ... -vo-skopje
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2012
    Messages:
    27,166
    Likes Received:
    177,109
    Gender:
    Female
    Работата кај нас во здравствово е нула. Министерот по оваа случка/ трагедија да си даде отказ. Како може министер без сигурни податоци да каже дека е можно да има ебола во Македонија? Мислам тоа можно му се придава шансата од 50% да, и 50 % не. Ма бегај те молам. Си јаде на паниката на граѓаните.
     
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,772
    Gender:
    Female
  16. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Joined:
    Jul 27, 2014
    Messages:
    1,202
    Likes Received:
    2,564
    Gender:
    Female
    ^
    Дај боже ова да е измислица, инаку тешко нас.
     
  17. leona83

    leona83 Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2014
    Messages:
    2,548
    Likes Received:
    1,980
    Gender:
    Female

    Вистина е.
     
  18. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Joined:
    Jul 27, 2014
    Messages:
    1,202
    Likes Received:
    2,564
    Gender:
    Female
    Како што реков, тешко нас тогаш. :x :worried: