Дали некој знае со сигурност да ми каже дали возрасни луѓе ги успиваат со целосна анестезија или со локална? Мајка ми ме убедува дека било со локална и одма ќе ме пуштеле дома (таа како дете ги има вадено сите 3 и одма ја пуштиле дома), а јас знам дека е со целосна анестезија и дека ќе треба неколку дена да сум на болница. Имам уште неколку дена додека да се слушнам со докторот што ќе ме оперира но сакам однапред да знам.
Тотална е, порано за деца беше и без анестезија така сум јас правена ама за возрасни е секогаш со тотална
Здраво, дали некоја членка може да ми препорача кој доктор е најдобар за операција на трет крајник со коблација. Се работи за 5 годишно дете, Ви благодарам
Здраво девојки дали има некој природен и домашен начин како да намалиме болка кај воспалени крајници, двата се големи и црвени.
Мед за намалување на болката. А за отокот сладолед и ладни пијалоци. Ова совет од доктор. Додека имав крајници. Старите секогаш викале топол чај или супи меѓутоа не. Ладно треба. Ледено. Исто кога ми беа загноени, матичната ми советуваше да јадам сув леб и тврда храна да голтам. Звучи глупаво, ама навистина олеснуваше. Бидејќи пред тоа ме носеа кај некои баби да ми ги дупнат гнојните ќеси со сол и што знам какви работи. Ми брцаа со цевки.. ужас.. Пред неколку години ги извадив и немам проблеми. Освен што ми се активираа алергии...
На моето дете пред 4 месеци му е изваден третиот крајник и скратени другите 2 крајника. Е сега веќе 1 месец тој е често со затнан нос. Сикрет нема. Тоа нормално ли е?