Дали некој знае со сигурност да ми каже дали возрасни луѓе ги успиваат со целосна анестезија или со локална? Мајка ми ме убедува дека било со локална и одма ќе ме пуштеле дома (таа како дете ги има вадено сите 3 и одма ја пуштиле дома), а јас знам дека е со целосна анестезија и дека ќе треба неколку дена да сум на болница. Имам уште неколку дена додека да се слушнам со докторот што ќе ме оперира но сакам однапред да знам.
Тотална е, порано за деца беше и без анестезија така сум јас правена ама за возрасни е секогаш со тотална
Здраво, дали некоја членка може да ми препорача кој доктор е најдобар за операција на трет крајник со коблација. Се работи за 5 годишно дете, Ви благодарам
Здраво девојки дали има некој природен и домашен начин како да намалиме болка кај воспалени крајници, двата се големи и црвени.
Мед за намалување на болката. А за отокот сладолед и ладни пијалоци. Ова совет од доктор. Додека имав крајници. Старите секогаш викале топол чај или супи меѓутоа не. Ладно треба. Ледено. Исто кога ми беа загноени, матичната ми советуваше да јадам сув леб и тврда храна да голтам. Звучи глупаво, ама навистина олеснуваше. Бидејќи пред тоа ме носеа кај некои баби да ми ги дупнат гнојните ќеси со сол и што знам какви работи. Ми брцаа со цевки.. ужас.. Пред неколку години ги извадив и немам проблеми. Освен што ми се активираа алергии...
На моето дете пред 4 месеци му е изваден третиот крајник и скратени другите 2 крајника. Е сега веќе 1 месец тој е често со затнан нос. Сикрет нема. Тоа нормално ли е?
Здраво може некој да ми каже колку време трае операција на крајници кај дете и колку време ги држат во болница и приватно колку се движат цените фала
Операцијата трае од прилила 30 мин, со што све на све 1 саат од земање дете во сала до носење во соба. Кај нас ( не Мк) прво и дадоја сирупче што ја зашемети и не го знае делот со земање и носење во сала. После станување од анестезија знаат да се саат-два плачливи, но ни тој дел не го памтат, брзо заспиваат после тоа. Иначе следниот ден се оди дома. Една недела е на потечна храна и не жешка или зачинета многу. Во ток период не е во ред да се мешаат со други деца додека раната не зарасни и не помине првиот преглед кај орл кој ќе каже дали е затворена и може да продолжи со активности. Иначе прво мие Ремедика прашавме беше 90.000 пред 2г .
Ако има девијација во нос секретот нема да се намали и покрај вадење крајници, ако нема тогаш можно да е само настинка. Нај ок е преглед.
За приватно не знам, ама ако ти е од корист од државна, околу 40тина минути операција, плус 10-15 мин припрема и носење во сала. Ние, бидејќи живееме надвор од Скопје останавме 3 ноќи, плус една ноќ претходно подготвително, значи вкупно 4 Дечиња од Скопје остануваа по 2 ноќи, а некои и истиот ден си заминуваа, зависно од тоа колку крајници оперираа (дали сите или само третиот)
Имам 25 години и прв пат во мојот живот имам проблем со грлото крајниците и имам гнојна ангина. Без земен брис за позитвно на бактерија врз основа на симптоми и крвна слика решаваат да ме лечат со оспен од 1500. Додека го пиев оспенот супер, а го прекинам пак истите симптоми гној и болка при голтање. Повторно ми препишуваат оспен овој пат од 1000. По прекин се влошува така што ми отекуваат премногу крајниците воспалението е поголемо од претходниот пат (сега 59 а претходно ЦРП 27) и повторно болка при голтање чувство на давење и овој пат температура. Од матична ме препраќаат на орл, кај Камшиковски извикан врвен специјалист со 20 годишно искуство кој немаше ронка емпатија и човечност во себе. Бидејќи месец дена и повеќе со ова се влечкам (а на психа премногу ме удри) бев видно исплашена и очите ми беа полни со солзи. Ме прашува што ми е, велам “Јас немам хронично воспаление, ова почна..” и дрско ме прекинува со зборовите “Мене не ме интересира твојат историја”. Одлучува да прави инцизија поради перитонзиларен апсцес без локална анестезија и тоа не лично туку вика помлада сестра на која со потсмев и вели “Спремна да работиш?” Јас готова да почнам да плачам од страв од непознато и го прашувам “А што точно она ќе работи?” Извиканиот 20годишно искусен доктор стана од столот и си замина со зборовите “јас вака не работам”. Почнав да плачам, зошто јас дојдов пред се кај него со надеж дека ќе ме смири, разјасни и олесни. Му велам не ви ги разбирам термините и имам право да ја знам постапката зошто е тоа така констатирано без наод слика ништо и дали постои алтернатива зошто се плашам? “Сакаш алтернатива? Ќе ти биде дадена”. Му наредува на специјализантот да ме испрати на инфективно и да изготви извештај дека имам гнојна ангина и воспалени крајници. Он не се потпишува на извештајот, си оди и ме натераа да потпишам изјава дека своеволно се откажувам од процесот.. На инфективно продолжуваат со венско испитување за да искчлучат вирусна инфекција. Одам на орл во 8 Септември на ново мислење и третман. Таму од сестра до доктор добив прекрасен третман, емпатија до небо. Направија преглед на уво нос грло, со камерче ми го видоа грлото. Поради големото воспаление и оток одлучуваат да примам преку вена (како инфузија) антибиотска терапија (клиндамицин, кортико, фамосан и витамини) 5-6 дена на начин што ќе одам таму па домче (не да ме задржат хоспитализирана). Сакаа да ме испратат и на компјутер на грло ама бидејќи бев без душа не можеа вена да ми најдат (сто пати ме избоцкаа рацеве ми отекоа ни вена ни крв можеа да најдат во мене) па се откажаа. За да ми стават игличка за да примам терапија (канила или како и да се вика и тоа прв пат правам) мораа со вакум да ја извлечат вената буквално раката цела ми се наду.. Преплашена сум, не знам до кога ќе тера сево ова ниту па знам што е тоа инцизија поради перитонзиларен апсцес И колку е тоа сериозно страшно и долго за правење како се прави итн? Имал ли некој искуство да ми објасни, бидејќи од суетниве доктори можам само молк да добијам без дијагноза?!