Татко ми веќе една недела има крв во столицата. Си провери крв денес и резултати се добри се е во ред и железото му е 18. Многу сме загрижени и секако во Понеделник ќе оди на доктор. Има сила не е така заморен и има апетит ама секако крвта не загрижува. Дали некој има искуство со крв во столица и што може да биде
Здраво, попладнево имам дијареа, гасови, благи болки во стомак. Прееска кога отидов во тоалет на гаќите имаше светла крв, малце, мешана со измет. На бришење немаше ништо. Му се има случено на некој нешто вакво?
Може да е пукнат некој капилар или хемороид. А може да е и салмонела, таа знае да даде крвави столици. Следи, ако трае повеќе од 3-4 дена и нема подобрување направи копрокултура.
Мене ми се има случено да имам дијареа со крв. Испитав копро, ама во ред беше. Најверојатно од иритација на дебелото црево била крвта. Неколку дена ми траеше, пиев голема доза на пробиотик. Ако можеш да ги најдеш пролајф суспензиите, пиј ги, многу се добри за дијареа. И ентерофурил пиј
Ви се случило ли неколку недели течна столица со слуз, утрово и бледа крв како да имаше во слузта. Значи одам во вц меко, течно дури некогаш, и на крај како слуз тече. Се избришав, бледо црвено... Не сум во Мк ќе одам наскоро на др. Си мислев од храната да не е, ,дека пред сето ова имав запек 2-3 дена, и после ова се случи...
Веќе 3 недели имав болно празнење, проследено со пецкање и по малку свежа крв на столицата и на хартијата Вчера и денес со првото одење во тоалет се празнев и видов дека водата во вц школката беше црвена и на хартијата имав бледа крв Се исплашив многу Сакав да одам во болница ама пак добив циклус Дајте ми насоки ве молам
Од тврдата столица ти е крвта. Испукале капилари. И самата кажа дека подолг рок имаш тешко празнење. Прв чекор и најважен менувај начин на исхрана, течности и вежбање, пешачење. Регулирај на време затоа што хемоглобинот и железото ќе ти паднат, плус и хемороиди кои знаат да бидат многу болни.
Прочитав во претходните мислења дека имаш дивертикулоза и крварењето може да ти е од тоа, меѓутоа колоноскопија нема да е на одмет да направиш