Татко ми веќе една недела има крв во столицата. Си провери крв денес и резултати се добри се е во ред и железото му е 18. Многу сме загрижени и секако во Понеделник ќе оди на доктор. Има сила не е така заморен и има апетит ама секако крвта не загрижува. Дали некој има искуство со крв во столица и што може да биде
Здраво, попладнево имам дијареа, гасови, благи болки во стомак. Прееска кога отидов во тоалет на гаќите имаше светла крв, малце, мешана со измет. На бришење немаше ништо. Му се има случено на некој нешто вакво?
Може да е пукнат некој капилар или хемороид. А може да е и салмонела, таа знае да даде крвави столици. Следи, ако трае повеќе од 3-4 дена и нема подобрување направи копрокултура.
Мене ми се има случено да имам дијареа со крв. Испитав копро, ама во ред беше. Најверојатно од иритација на дебелото црево била крвта. Неколку дена ми траеше, пиев голема доза на пробиотик. Ако можеш да ги најдеш пролајф суспензиите, пиј ги, многу се добри за дијареа. И ентерофурил пиј