Моите лоши навики се грицкање на нокти, гризење на уста, исто и си корнам од устата со раце се раскрвавувам, катастрофа. Јадам и џвакам многу полека, а тоа ми е од навиката да јадам пред телевизор додека јадам, и се заборавам да џвакам. Дуга лоша навика, ако имам пенкало при рака, се чкртам насекаде најчесто по нозе. Си бојам, си цртам цветови, не дај боже да треба да облечам сукња, за срамота Мајами Инк - левел 1во за 2ро одделение Пушам цигари и се молам самата себе од кој понеделник да ги откажам Лоша навика ми е есенва што не вежбам, и многу ме мрзи да почнам. Секогаш ми се пријадува откако ке се измијам заби, ке се скапам лигавење со антиплак, па со конец ке ги чиста, и оп само што ке легнам ми се пријадува, и поткаснувам Само се чешам и се држам за врат кога сумм нервозна или размислувам, кога ке се видам во огледало жар вцрвена од што сум се стегала. Лоша навика друга што пуштам топла вода од чешма и еден час со рацете стојам, си се шлакам со водата ко децана, после рацете обелени, и си мислам којзнае што како теле се пулам. Секое јадење прво го мирисам, и домат да е, и што и да е морам да го мириснам. Никогаш не научив чантата да си ја запетлувам, секогаш ко несобрана
Сите овие навики ви се несвесен одговор на нервоза, неистрошена енергија, анксиозност. Малку медитација, малку вежбање и то е то
Имам една многу лоша навика од која најмногу пати мојата коса.....си играм со неа, така си ја чепкам, си врткам праменчиња или си правам плетенчиња, ако немам никакви обврски, пр. гледам ТВ, и рацете ми се слободни тие ми се во коса....лоша навика, остај што после извесно време ќе ме заболат рацете, косата ми се мрси уште повеќе (имам мрна коса, брзо ми се мрси). Не знам како да се одвикнам. Друга лоша навика ми се цигарите, нив ги сметам за порок, а не навика. Ама ќе се откажам кога ќе останам бремена. Навика која не ја сметам за лоша е и честото миење заби, после секое прикаснување ако сум дома одма мијам заби, а ако не џвакам мастика. Некогаш страшно се нервирам што сум опседната со миењето заби, се нервирам што морам, ама навистина морам да одам да се измијам....не дај Боже да немам мастика да лапнам, ќе се мрднам ...опсесија ми е чистата уста, може затоа што сум се нашла во ситуација некој да ми прозбори и да не му биде пријатен здивот, па се плашам некој истото да не го помисли и за мене. Друга лоша навика не ми текнува.
И јас Никогаш не си гледам , во моментот кога го превртувам филџанот сум свесна дека немам намера да го правам тоа ,ама ако ми го измие некој кавги ,ѓурултии ,што да расправам! Да дополнам - јас не знам да зборувам ,јас врескам! Дечко ми стално ми вика дека ми е цркнат потенциометарот ,сите ме молат да се стишам барем малку ,ама и јас ко Хипи памтам дури памтам ,после пак на старото. Се смеам ко хиена ,мора сите да разберат дека јас се чакатам. Осет никаков немам за тоа и секогаш кога ќе се пресмеам - икам. Си ја лапам долната усна постојано ,ми остана навика од времето кога носев пирс ,постојано го џвакав и тоа со забите ја потфаќав надворешната страна и така го грицкав. Крцкам врат толку брутално ко да намеравам да се самојубијам. Кога сум концентрирана на нешто ,оригиналната фаца ми е намуртена ,па често добивам прашања од типот - Да не си ми лута ( и тогаш еден автоматски осмех го докажува спротивното ,ама битен е моментот на промената од муртење во смеа ). Нервозна сум и најмала ситница може да ми го наруши психофизичкиот баланс. Се дерам по најмилите ,а оние подалечните обично ги тинкам ,од култура демек ) Никогаш не си ги искажувам чувствата вербално. Тешко ми е.
Порано грицкав нокти но фала богу се одвикнав. Сега ептен лоша навика ми е кога ми е досадно досадата ја тепам со јадење.
Spoiler Да не не ,пак Од кај си ? Секогаш кога си ставам нешто во чинија или чаша ги премивам ,дури и да биле миени непосредно пред употреба од моја страна.
- Многу сум неодлучна,ама ептен! И за обично нешто да одам в продавница,пример чоколадо пола саат ќе се мислам и сто пати ќе го сменам,а за гардероба и други ствари да не почнам да зборувам. - Многу бавно јадам,сеедно дали пред тв,пц,на маса,во ресторан,на гости,на голем одмор....многу баавно јадам,на другите ќе им се слоши дури ме гледаат - Многу брзо пијам ( ова обратно од јадењево) Кога имам нешто в чаша морам одма да го испијам,на екс! - Морам во последен момент да се доспремам,порано бев брза и пола саат порано бев кај што треба,многу ме нервираа луѓе што каснат,а сега јас станав таква
за лоша навика го сметам тоа што никогаш не почнувам да се подготвувам на време ( без разлика дали се работи за подготвување за излегување, подготовка на колоквиум, на некое јадење ... сеедно), секогаш го правам тоа подоцна, и за на крај да бидам точна морам да брзам и неретко грешам (или нема да доучам се па ќе се туфкам зошто не сум почнала на време, или ќе се ушлапам со шминките па пцујам све живо и диво, или од брзање наместо 1 нешто ставам повеќе во јадењето и не искочило како што треба)
^ Tell me about it! Љубоморно суштество али не на лошо, онака сум... Касно легувам, касно станувам и не правам ништо за да го променам тоа.. Брзо се лутам.. Има уште али доста се сега за сега, за да не ме избркате од форумов мора по мала доза да ги кажувам моите лоши навики..хихихи
Љубоморна сум (ама не на се) си знае дечко ми Сакам по саат-два да се излежавам у кревет откако ќе се разбудам Да можам цел ден у пижами би го поминала Сакам да работам да чистам,средувам(ама ме тера ли некој со сила=мајака ми)мрза светска станувам Кога ќе се вратам уморна навечер дома,знам да легнам со шминка ...........ама сепак сум си добричка
Доцнење Како гвујо сум станала, стандард каснам 15, минути, ако се занесам и 40 порано грицкав нокти ненормално многу, се опраив Сега ми се многу лепи
Се пронајдов себеси.Особено во првиот дел со јадење врз лаптоп.Одсекогаш се обидував да ја искоренам таа навика.Јадам во кревет,врз компијутер,истурам,ронам оставам се расрфрлано на сите страни и по неколку денови и мора да средувам потоа се наеднаш . Во уста мора да ми биде ставено секое пенкало што ми е во рака или било што да држам и мора да е расклопено. Ставив надградба на ноктите ама еден нокт веќе ми се извади поради тоа што кога се нервира ноктите ми се во уста Многу сум нервозна кога сум гладна,кога ме разбудиле по рано а не сум се наспала,кога нешто ме боли.Мора постојано да гицкам нешто кога гледам филм.СЕ стрвам кога на филм гледам некој како јаде Кога ми ѕвони телефон мора обавезно да се искашлам без разлика дали спијам или не,или ако ѕвони ѕвонче да се погледнам прво во огледало :geek: Кога ставам кармин на устата секогаш се насмевнувам и правам НЕЗНАМ...НЕ МИ ТЕКНУВААТ,НО ИМА УШТЕ МНОГУ ДРУГИ ИНТЕРЕСНИ
Многу се дерам. Јас не осеќам, ама тие околу мене да. Си мислам дека си зборам правилно како што треба, а уствари многу се дерам, викам, урлам..
Дефинитивно најлоша навика ми е каснењето. Секогаш сум последна. Секаде. Си се раководам со мислата - Има време, брза сум, ќе стигнам. И 2 минути да се, многу лошо се чувствувам кога некој ме чека, бидејќи знам како е да висиш и да чекаш да се појави некој, посебно сега на ладново. А камо да беа само 2, кај 2 таму и 10. Таква е мојата математика. И да, како капак на сево ова, секогаш пишувам една порака по брза постапка - Ќе задоцнам 5 минути. - и оние кои ме познаваат, си знаат - си засметуваат плус 5. Страшно, ми доаѓа да си акнам 5-6 вАспитни. фејспалм.
Јадам пред лаптоп...вчера изедов 2 длабоки чинии пуканки пред лаптоп и прекрасно го измрсив и затоа сега стомаков ме искина
Кога јадам нешто со прсти после ги бришам само тие прсти со кои сум јадела или ги мијам само тие прсти со кои сум јадела