Во кое Дм може да се најде маската од Гарниер од Киви,во Ситимол ја нема,дали ја имате некаде приметено?
Мислам дека во ГТЦ и Дајмонд ја видов, ако е таа во светло зелена кутија. Не е лошо да провериш и во Зегин и некој од Веро маркетите, многу често се наоѓаат и таму.
Од Лореал шампоните имам приметено дека косата многу брзо ми се масти, дали е исто и со маските тие што ги користите?
И мене не ми одговараат шампоните, ама маските и другите продукти за коса се друга приказна. Скоро почнав да ја користам оваа, маската е врв. Косата ми ја прави свила, мека е до следното миење, лесно се чешла, мириса преубаво и дефинитивно не ми ја мрси. Ти ја препорачувам да ја пробаш. Ја има и во помало пакување од ова ама ова ми е поисплатливо.