Во кое Дм може да се најде маската од Гарниер од Киви,во Ситимол ја нема,дали ја имате некаде приметено?
Мислам дека во ГТЦ и Дајмонд ја видов, ако е таа во светло зелена кутија. Не е лошо да провериш и во Зегин и некој од Веро маркетите, многу често се наоѓаат и таму.
Од Лореал шампоните имам приметено дека косата многу брзо ми се масти, дали е исто и со маските тие што ги користите?
И мене не ми одговараат шампоните, ама маските и другите продукти за коса се друга приказна. Скоро почнав да ја користам оваа, маската е врв. Косата ми ја прави свила, мека е до следното миење, лесно се чешла, мириса преубаво и дефинитивно не ми ја мрси. Ти ја препорачувам да ја пробаш. Ја има и во помало пакување од ова ама ова ми е поисплатливо.
ДМ во Ситимол е ужас, многу производи нема, тестери нема или се истрошени, секогаш е гужва. Иако ми е во близина, активно го избегнувам. А маската со киви последно ја имам видено во ДМ Тафталиџе. Кога сме на темава, како виткана девојка, Гарниер со банана и папаја ми се закон, и секогаш една од тие две ми е во ротација. Ја користам и како маска за коса со измивање, и за обликување без измивање. Доста солиден производ за виткана и сува коса.