sekako se toa e so konsultacija, recisi site tie lekarstva gi ima i vo inekcijata sto ja dobivame za bolki [mod-kirilica:1538bihf][/mod-kirilica:1538bihf]
Може да е од стрес, од циста, промена на клима...меѓутоа сепак ми изгледа премногу често тоа кај тебе. Најдобро би било да се посоветуваш со гинеколог, па да видиш. Може ќе се покаже нешто при прегледот. Позз и се надевам се ќе биде ОК
Менструацијата ми трае 3 дена нормално, без никакви болки , така ми е уште од кога добив, но во последните 6 месеци ми се случува на 3 ден да ми течи едно кафеаво што многу лошо мириса и тоа ми течи уште 2 дена , од што може да е, се кога одам на гиниколог се заборавам да го прашам
Заљубена, ај оди направи си ги сите микробиолошки испитувања. Онака да си на чисто. Таквото кафеаво може да е хламидија. (барем кај мене такви беа симптомите)
Нешто ме интересира откако ќе е овулацијата за 14 дена се добива менструацијата? Или може и тогаш да доцни? Ме интересира дека бев на гинеколог и ми рече ете баш утре ти е овулација и за 14 дена добиваш сигурно. Целта ми е имам нередовна менструација мислам од 28ми до 38ми ден. Значи различен ден овулацијата ми се случува? А оние 14 дена се секогаш 14 дена? Така? Или некогаш од овулација до менструација може да има и повеќе од 14?
Значи нормална менструација е онаа од 26ти до 45 ден. Гинеколозите не ни даваат апчиња за регулирање на менструацијата ако е до 45 ден. Во зависност од времето во кое живееме, храна, клима ... мал број девојки имаат секој месец редовна. Јас од 6то одделение до ден денес имам нередовна менструација. Ништо страшно ми рекоа, како и секоја втора девојка. Само онака ме интересираше од љубопитност дали при нередовна менструација всушност овулацијата се случува различен ден (не како при редовна пример секогаш 18ти ден). или има шанси и денот од овулација до менструација да е над 14 дена или тој е секогаш 14. Синојка пред да заспијам ми текна ова и цел ден го мислам
@Росонерка, тој дел од телото кај жената е толку индивидуален, што тешко може да се знај зошто и колку ќе трае временскиот период на каснењето на циклусот. Значи кај секоја жена јајце клетките се до втората мејотичка делба, поточно до метафаза од таа делба и што се случува понатаму зависи дали ќе пријде или не сперматозоид. Значи ако пријде се завршува и таа делба и се формира зигот, а ако не ќе пропадни нели. Е сега што е проблемот. Што телото ја регистрира секоја промена и реагира на неа. Значи ти ако на пример мериш температура, час за кои цревата ќе ти ја сварат храната, делувањето на хормони, колку ќе ти касни циклусот, колку ти се променува мускулната маса и тежината, ќе се зачудиш колку варијации имаш. А инаку да, и денот на овулацијата се променува. Дури да созрее јајце клетката, да се наполни со фоликуларна течност, влијаат сите овие фактори и може да биде подоцна. Затоа што проблемот е дури да пукне графовиот фоликул. После тоа јајце клетката само се спушта низ каналите и потоа нели добиваме. Тоа е препрост процес. Значи, тие што имате такви проблеми, тоа е затоа што најчесто покасно се формира графовиот фоликул, треба повеќе време да созрее и слично. НО, сепак јас значи кој и да ме праша, секогаш велам дека на 6 месеци треба да се проверува тироидната (многу малку се обрнува внимание на неа, а е еден од најбитните органи). Така да мој совет ти е, да си ја проверуваш редовно и неа.
Вака значи овулацијата секогаш се случува 14 дена пред менструацијата и трае од 2-7 дена. Оној период што не може точно да се утврди е периодот до овулација. Кога касни менструацијата тоа е последица на тоа што немало навремена овулација. Значи менструација без овулација нема, зошто со менструацијата телото се чисти од неоплодената јајце клетка, а со тоа се лупи матката и од таму се и тие парченца што се појавуваат во менструацијата.
Хламидија Хламидијата е најчестата и најбрзо распространуваната сексуално пренослива болест во Америка. И покрај тоа повеќето случаи на хламидија не се дијагностицирани. Оваа болест е најраспространета кај жените од 15 до 24 години. Хламидијата се пренесува преку вагинален, орален и анален секс, а исто така и при нормално породување од мајката на бебето. Се лечи лесно со антибиотици, но не треба да се игнорира, затоа што може да доведе до посериозни последици дури до неплодност. Симптоми: Дури 75% од жените кои имаат хламидија немаат никакви симптоми. Тие што покажуваат симптоми, забележуваат поголемо лачење на вагинален секрет и печење при уринирање. Симптомите се појавуваат 1-3 седмици по заразувањето.
Зошто не знаев каде да го поставам прашањево ќе го ставам тука. Бидејќи е многу поврзано со менструацијата. Еден месец ме прескокна, бев на гинеколог, се е во ред и ми препишаа примолут 5 дена по 2 таблети, ги испив, вчера сабајле последното. Некои велат дека треба да се добие веднаш, или е ден подоцна, но јас се уште не сум добила..Имала ли некоја искуство да ми помогне???
јас добив 10 или 12 дена порано, а настината сум и мислам дека е од тоа што пијам антибиотици и плус парацетамоли и аналгини, не сум ништо посебно исплашена, но сакав да прашам дали некој имал ваков проблем??
Јас сум имала. Не е ништо страшно, тоа е само од апчињата. Опушти се, ќе биде во ред. Ќе си дојде, ќе видиш. Позз
Ич не знам дали можам овде да прашам, но еве ќе се обидам. Има ли некакви апчиња кои би ми помогнале против големи болки на јајници? - во најплодните денови сум и утре овулирам Може ли да пијам исти апчиња како при менструација? Не сакам да се трујам, но болкава е денес навистина неподнослива, едвај седнувам. Ако знае некоја девојка, нека ми пише, однапред благодарам
До 7 дена по последното апче треба да добиеш. И јас кога пиев мислев дека веднаш по последното треба да добијам но добив по 5 дена и ја имав најболната менструација во животот. Се надевам ќе поминеш полесно
Можеш да се напиеш Пирамитке, од едно апче нема штета. Ако си во можност, затоплувај се, поверојатно е дека болките ти се од настинка. Јајниците ти се преладени, па затоа така те болат.
Лесно е да одиш до аптека и да земеш нешто против болка, но полесно ќе му биде на организмот ако земеш некој лек на природна база... Ова можеш да го пргиготвиш во тегличка : 5-6 супени лажици мед ќе ги измешаш со чај ( 50 мл невен и 50 мл мајчина душица ) и ќе си земаш 2-3 лажици наутро ,2-3 лажици напладне и 2-3 лажици навечер Мора да ти помогне ова помага дури и за воспаление на јајници. (оваа количина е за еден ден ) утре наутро ќе си подготвиш пак поздрав ....побрзо да ти помине
Фала многу девојки за советите. Пред година дена, имав исто вакви проблеми со големи болки, и гинекологот ми рече дека со оглед на годините ваквите болки ќе се повторуваат за време на овулација Но ете, некогаш се поголеми, некогаш помали. Фала ви уште еднаш!