Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од emilijakaraivanova, 13 јануари 2010.

  1. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    sekako se toa e so konsultacija, recisi site tie lekarstva gi ima i vo inekcijata sto ja dobivame za bolki:)

    [mod-kirilica:1538bihf][/mod-kirilica:1538bihf]
     
  2. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    3 пати со ред ми доаѓа менструација на две недели. Од што може да е? :^)
     
  3. IvanaIvanchica

    IvanaIvanchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    82
    Може да е од стрес, од циста, промена на клима...меѓутоа сепак ми изгледа премногу често тоа кај тебе. Најдобро би било да се посоветуваш со гинеколог, па да видиш. Може ќе се покаже нешто при прегледот.
    Позз и се надевам се ќе биде ОК :)
     
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Менструацијата ми трае 3 дена нормално, без никакви болки , така ми е уште од кога добив, но во последните 6 месеци ми се случува на 3 ден да ми течи едно кафеаво што многу лошо мириса и тоа ми течи уште 2 дена :puke: , од што може да е, се кога одам на гиниколог се заборавам да го прашам :?:
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Заљубена, ај оди направи си ги сите микробиолошки испитувања. Онака да си на чисто. Таквото кафеаво може да е хламидија. (барем кај мене такви беа симптомите)
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Нешто ме интересира откако ќе е овулацијата за 14 дена се добива менструацијата? Или може и тогаш да доцни?
    Ме интересира дека бев на гинеколог и ми рече ете баш утре ти е овулација и за 14 дена добиваш сигурно.
    Целта ми е имам нередовна менструација мислам од 28ми до 38ми ден. Значи различен ден овулацијата ми се случува? А оние 14 дена се секогаш 14 дена?
    Така? Или некогаш од овулација до менструација може да има и повеќе од 14?
    :$
     
  7. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Најчесто да. Тебе ти каснеше? Кога ти касни значи овулацијата не настанала во нормалниот период.
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Значи нормална менструација е онаа од 26ти до 45 ден.
    Гинеколозите не ни даваат апчиња за регулирање на менструацијата ако е до 45 ден.
    Во зависност од времето во кое живееме, храна, клима ... мал број девојки имаат секој месец редовна.

    Јас од 6то одделение до ден денес имам нередовна менструација. Ништо страшно ми рекоа, како и секоја втора девојка.

    Само онака ме интересираше од љубопитност дали при нередовна менструација всушност овулацијата се случува различен ден (не како при редовна пример секогаш 18ти ден). или има шанси и денот од овулација до менструација да е над 14 дена или тој е секогаш 14.
    Синојка пред да заспијам ми текна ова и цел ден го мислам :rofl:
     
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    @Росонерка, тој дел од телото кај жената е толку индивидуален, што тешко може да се знај зошто и колку ќе трае временскиот период на каснењето на циклусот. Значи кај секоја жена јајце клетките се до втората мејотичка делба, поточно до метафаза од таа делба и што се случува понатаму зависи дали ќе пријде или не сперматозоид. Значи ако пријде се завршува и таа делба и се формира зигот, а ако не ќе пропадни нели. Е сега што е проблемот. Што телото ја регистрира секоја промена и реагира на неа. Значи ти ако на пример мериш температура, час за кои цревата ќе ти ја сварат храната, делувањето на хормони, колку ќе ти касни циклусот, колку ти се променува мускулната маса и тежината, ќе се зачудиш колку варијации имаш. А инаку да, и денот на овулацијата се променува. Дури да созрее јајце клетката, да се наполни со фоликуларна течност, влијаат сите овие фактори и може да биде подоцна. Затоа што проблемот е дури да пукне графовиот фоликул. После тоа јајце клетката само се спушта низ каналите и потоа нели добиваме. Тоа е препрост процес. Значи, тие што имате такви проблеми, тоа е затоа што најчесто покасно се формира графовиот фоликул, треба повеќе време да созрее и слично. НО, сепак јас значи кој и да ме праша, секогаш велам дека на 6 месеци треба да се проверува тироидната (многу малку се обрнува внимание на неа, а е еден од најбитните органи). Така да мој совет ти е, да си ја проверуваш редовно и неа.
     
  10. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Вака значи овулацијата секогаш се случува 14 дена пред менструацијата и трае од 2-7 дена. Оној период што не може точно да се утврди е периодот до овулација. Кога касни менструацијата тоа е последица на тоа што немало навремена овулација. Значи менструација без овулација нема, зошто со менструацијата телото се чисти од неоплодената јајце клетка, а со тоа се лупи матката и од таму се и тие парченца што се појавуваат во менструацијата.
     
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Блонд ме исплаши сега :( , можеби и тоа е причината за бременоста, на 25 си закажав одам на гиниколог
     
  12. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Хламидија

    Хламидијата е најчестата и најбрзо распространуваната сексуално пренослива болест во Америка. И покрај тоа повеќето случаи на хламидија не се дијагностицирани. Оваа болест е најраспространета кај жените од 15 до 24 години. Хламидијата се пренесува преку вагинален, орален и анален секс, а исто така и при нормално породување од мајката на бебето. Се лечи лесно со антибиотици, но не треба да се игнорира, затоа што може да доведе до посериозни последици дури до неплодност. ;( ;( ;(

    Симптоми: Дури 75% од жените кои имаат хламидија немаат никакви симптоми. Тие што покажуваат симптоми, забележуваат поголемо лачење на вагинален секрет и печење при уринирање. Симптомите се појавуваат 1-3 седмици по заразувањето.
     
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Зошто не знаев каде да го поставам прашањево ќе го ставам тука. Бидејќи е многу поврзано со менструацијата. Еден месец ме прескокна, бев на гинеколог, се е во ред и ми препишаа примолут 5 дена по 2 таблети, ги испив, вчера сабајле последното. Некои велат дека треба да се добие веднаш, или е ден подоцна, но јас се уште не сум добила..Имала ли некоја искуство да ми помогне???
     
  14. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    јас добив 10 или 12 дена порано, а настината сум и мислам дека е од тоа што пијам антибиотици и плус парацетамоли и аналгини, не сум ништо посебно исплашена, но сакав да прашам дали некој имал ваков проблем??
     
  15. IvanaIvanchica

    IvanaIvanchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    82
    Јас сум имала. Не е ништо страшно, тоа е само од апчињата. Опушти се, ќе биде во ред. Ќе си дојде, ќе видиш. Позз ;)
     
    На Sunshine88 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ич не знам дали можам овде да прашам, но еве ќе се обидам.
    Има ли некакви апчиња кои би ми помогнале против големи болки на јајници? - во најплодните денови сум и утре овулирам :(
    Може ли да пијам исти апчиња како при менструација? Не сакам да се трујам, но болкава е денес навистина неподнослива, едвај седнувам.
    Ако знае некоја девојка, нека ми пише, однапред благодарам :*
     
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.148
    Допаѓања:
    259.146
    Пол:
    Женски

    До 7 дена по последното апче треба да добиеш. И јас кога пиев мислев дека веднаш по последното треба да добијам но добив по 5 дена и ја имав најболната менструација во животот. Се надевам ќе поминеш полесно :*
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.759
    Пол:
    Женски
    Можеш да се напиеш Пирамитке, од едно апче нема штета. Ако си во можност, затоплувај се, поверојатно е дека болките ти се од настинка. Јајниците ти се преладени, па затоа така те болат.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Лесно е да одиш до аптека и да земеш нешто против болка,
    но полесно ќе му биде на организмот ако земеш некој лек на природна база...
    Ова можеш да го пргиготвиш во тегличка :
    5-6 супени лажици мед ќе ги измешаш со чај ( 50 мл невен и 50 мл мајчина душица )
    и ќе си земаш 2-3 лажици наутро ,2-3 лажици напладне и 2-3 лажици навечер

    Мора да ти помогне ова :!:
    помага дури и за воспаление на јајници.

    (оваа количина е за еден ден ) утре наутро ќе си подготвиш пак
    поздрав ....побрзо да ти помине :*
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Фала многу девојки за советите. Пред година дена, имав исто вакви проблеми со големи болки, и гинекологот ми рече дека со оглед на годините ваквите болки ќе се повторуваат за време на овулација :( Но ете, некогаш се поголеми, некогаш помали.

    Фала ви уште еднаш! :*