Здраво девојки. Последен пат ми дојде на 28.05 (28 мај), еве уште немам прв пат ми е вака, секогаш ми доаѓа не сум имала проблеми со нередовен циклус, секогаш ми касни никогаш иста така од 3/7 дена покасно, но веќе ме страв фаќа 6 јули е. Да напоменам односи не сум имала, претходно имам пишано на таа тема последен пат имав на 28 декември, и бев во паника, но имав редовно ментруација се до сега.
Moжеби е поради наглите промени на времето, ако ти е за утеха, мене овој месец ми доцнеше 7 дена, а пред два месеци 8 дена, а никогаш до сега не сум имала таков проблем. Пробај да не мислиш на тоа, ќе ти дојде.
Можно е да е некоја циста и затоа не добиваш, може и да е некое хормонско пореметување, најдобро да си одиш на гинеколог и ќе знаеш точно
Ќе почекам уште малку, да видам дали ќе дојде па ќе отидам. Страшно ли е тоа со циста проблем, после циклусот се враќа ли во нормала?
Исто и мене ми се случи, незнам дал се во прашање хормони. Како и да е, ќе одам наскоро на гинеколог.
Плодни се во овулација, доколку сакаш после мензис оди кај гинеколог, точно ќе ти каже кои денови ти се плодни, мене така ми кажа за последниот месец.
. Денес ми дојде, после толку чекање и паника. Сега не знам дали е ова нормално на 28.05 ми дојде последен пат сега на 07.07, но пак менструалниот циклус е од 21 до 35 дена на фемина календарот што гледам? А според ова сега колку дена ми е менструалниот циклус, сакам да израчунам дали ќе имам кога ќе одам на одмор одам на 02.08 се враќам на 08.08?
Последниот циклус ти траел 41 ден, ако добиеш пак на 28 дена ќе добиеш како шо ти кажаа погоре, ама штом почнало да се менува должината на циклусот не се знае коа ќе добиеш точно
Тоа би било многу скоро, со овие промени не знам што да очекувам, сега значи според воа мора да ми додје на 28 дена или не значи? Мора ли на 28 дена секогаш или не значи, бидејќи според ова ќе ми дојде порано, а мене можеби повеќе од година секогаш покасно ми доаѓа
Значи има шанси да ми дојде и на 7/8 август, нема правила дали на 21 дали 42 дена? Се надевам дека нема да дојде додека сум на одмор од 2 август.
Токму така нема правила ама штом ти доаѓа на подолг временски интервал више 1 година не верувам да ти дојде сега порано
Zdravo dobiv na 06.07 deneska mi e 3ti den koga odam vo wc na vloskata nema nisto, pri tusiranje, uriniranje ima bas obilno krv ,no na vloskata 4,5 kapki i mn mi e cudno dali nekoj dr imal vakva situacija?
На 10.07 добив навечер, на 11.07 крварев, и на 12.07послабо,од вчера навечер нема ништо не крварам воопшто, само имав прејака главоболка.иначе ми дојде точно на време, обично имам 7дена, и вториот ден имам преобилно крварење, но сега баш напротив, првата ден крварев нормално, ни многу ни малку,а втората ден веле навечер прекина скроз,денес ми е трет ден нема ништо ни на влошка ни на бришење,треба ли да се грижам?секогаш сум имала циклус на точно 25 дена по 7 дена.
Здраво Вака менструација ми доцни 2 дена, но чувствувам грчеви и болки и имам бел густ исцедок, мислење?
Дали крварите повеќе на топлово? Немам обилни менструации, но овојпат дали се погоди дека жештина многу е, па и под стрес малку за испит бев вчера и забележав некако зголемено крварење како да имам за разлика од другпат. Во лето во принцип сум забележала дека потешки ми се добивањата за разлика од во поладните денови.
Јас обратно, летово ептен малку крварам дури се чудам и имав само 3 дена менструација, сдкогаш имам 5 дрна исплашена сум малку. И ми доцнеше.