Породена сум царски во мај 2020год.После 5 мес од порагај до овој месец редовно добивам секој месец,некој пат ден два подоцна,а и до 5 дена се случува порано да добијам.Инаку до пред да забременам имав нередовни циклуси ми доцнеше и по два месеци(сум со полицистични јајници). Оваа недела не сум во можност но наредната ќе одам на гинеколог а до тогаш сакам да прашам дали некоја го имала случниот проблем. Во јуни и сега септември кога сум со менструација ми се случи кога ја кренав малата осетев како нешто да ми тече (исто како кога мокрам,се потрудив да се стегнам нозе но не прекина буквално си тече) улошката што можеше да прима прима,а од остатокот течност ми се намокрија гаки и тренерките (бојата на исцедокот беше без боја и без мирис)ова ми се случи само за време на менструација
Zdravo na site Dali na nekoj mu se slucilo da mu kasni menstruacija 45 denovi Test za bremenost negativen ?
Ми касни четири дена. Бременост исклучена,не знам веќе. Имав една овулација,а сега уште една имам. Календарски требаше денес втор ден да ми е. Ме загрижува. Симптоми: Минимални болки во стомакот,минимални главоболки. Аny help? Освен доктор сакам да прочитам искуства. Тука се чека месец дена за термин.
Нормално е, секогаш не доага точно на 28 ден. Јас веќе десетина години си добивам со доцнење и редовни контроли, тоа е нормално. Некогаш доцни од стрес, од промена на време доцни, од хормони. Не значи дека нешто не е во ред. Ти оди си на преглед за да се смириш ама 4 дена не се ништо страшно за доцнење. Претходниот месец ми доцнеше околу 10 дена, овој месец 5 дена, само што овој месец имам две црти на тест
Хелоуу женцки. Имам едно прашање. Пред менструација сум и страшно ме боли над гради, под клучна коска, значи измеѓу нив, како бодежи имам. Прв пат ми е вака пред менструација, исто и под ребра ме боли, ви се има случено? Помислив дека градите ми растат, или се развивам во тој дел, анксиозен човек сум, па малку паника ме фати.
Мене секогаш пред да добијаам левата града ме боцка не знам како да опишам како да ме боцка некој внатре кај срцето. Утредента добивам
Да прашам вака ,овој месец не добив менструација само еден ден малку крварев.под голем стрес бев периодот уште од летото.односи не сум имала скоро само петинг така да бременост нема шанси.Што да направам?
Кога крварењето за време на менструацијата е опасно, абнормално?? Добив вчера, прв ден скоро ништо како и секогаш. Втор и трет ден имам пообилно. Но вечерва имав обилно како никогаш досега. И извинете, истече, излезе како топка од крвавица парче поголемо од топче за пинг понг. Се случувало и друг пат да има парченца но ништо посебно. Се исплашив многу. Значи прочитав, информирана сум, ама кога човек на своја кожа не почуствувал не може точно да знае. Два пати потече пообилно така лесна светло црвена ретка крв и тоа темно парче. Лежам на трње, немам никакви болки, пред две недели правени брисеви и пап кои се чисти нема ништо паралелно со редовен преглед на ехо на гинеколог. Досега не сум имала ништо слично па не знам колку е нормално. Ве молам некој да ми каже колку често и колку обилно се смета за крварење? Во кој случај да реагирам? Фала Едит: можно ли е од стрес ? Нервоза, стрес и преголем притисок претходните денови?
Те боли ли?? Ако те боли уште и не престане да тече оди на доктор одма За секој случај пошто не е играчка толку крв да тече Може некои парченца крв некогаш да искочат и мене ми се случило али вака не..од искуство лично ништо не можам да кажам пошто не знам.Ама сериозно, ако не се подобриш за брзо оди на доктор И касни нешто благо сега малце Шеќер да имаш у тебе И вода Гуд лак
Ве молам за совет доколку имате искуство - ми доцни веќе 10 дена, правев тест за бременост утринава, негативен. Значи мене никогаш, ама никогаш не ми доцни, макс 2 3 дена, воглавно секогаш иде на 27 дена од 13 години, што и да се случува. Немам никакви др симптоми или што било, добро се чувствувам. Немам стресови или какви било промени. Што би можело да биде, ве молам доколку имате искуство или знаете пишете
Промена на време? Често игра улога. Пиеше некои лекови? Мене ми доцнеше пред некоја година дури 4 недели, бременост беше исклучена, се извадив од памет. Бев нешто напната тој период, после се опуштив и ми дојде, посетив гинеколог, се беше ок. Не сакам да те плашам, можеби е некоја циста? Се лекува со апчиња. Инаку почекај до понеделник, посети гинеколог, чисто за да си мирна. И опушти се. Луѓе, вчера ми дојде, ненормална болка имам, и ептен ме напна.
Кај мене втор ден е секогаш обилно, со протопување на облека, тоа во случај кога заборавам Ц вит и Мг да се напијам. Ц витамин го намалува крварењето. И кај мене се случува со партали, за секој случај консултирај се со матичната.
Здраво секогаш имав редовен циклус но овај месец добив 10 дена порано.(требаше на 21 а добив на 9) Бојата на крвта сите денови беше темно кафеава како црна. Обично ми трае по 4-5 дена. Но вчера повторно забележав таков темен исцедок на гаките. А предменструални симптоми добив на 15 . Се има ли случено вакво нешто на некоја од вас?
Да, сите испитувања беа супер. Ми дадоа терапија и за три месеци на контрола. Ипак добро би било да испиташ и ти.