Се сложувам дека не се сложуваме, да. Никогаш нема да се сложам со жени кои 4 дена после ризичен однос мислат дека чувствуваат симптоми на трудноќа.
Земи неколку различни тестови и тестирај се пак, не се потпирај на тоа дека тој тест е најдобар. Имало случаеви кај членки скапите тестови ништо да не покажат, а со евтин тест да добијат две убави жар црвени линии. Со среќа и мисли позитивно
За бремена не верувам бидејќи тестот е еден од најдобрите овде и си беше негативен. Ви благодарам многу.
Вака веројатно си во странство и тие си споиле за католичкиот Божиќ, те разбирам како ти е, бев у слична ситуација само пробај направи пак тест после некое време ако не после Нова Година закажи си термин, не мора кај матичен има и други. Можеш во државна болница да идеш како итен случај ќе те примат 100% само ќе кажеш дека ти е итно. Инаку јас не добив два месеци, чекав две недели за добивање со истите симптоми, градите ме болеа, грбот, кичмата, јајниците ама не добив. Кај мене испадна хормонално пореметување поради стрес. Сега сум на таблетки, ама јас би ти препорачала да не паничиш и читаш по нет затоа што и јас така правев и мислев дека сум во рана менопауза, а немам ни родено. Само дополнително ти створа нервоза и паника и ти влошува и влијае на организмот.
Здраво, ако може мислење за следнава ситуација.Добив менструација на 21ноември потоа на 6 декември имав како кафеав исцедок помешан со малку крв на 7 декември многу слабо крварење 8 декември пак како исцедок и толку.Деновиве ме боли стомак како за добивање но сеуште ништо. Се јавив секако да закажам на гинеколог но беа на одмор, па термин имам за во петок. Мислите дека е нешто сериозно или само ми се има побркано циклусот.
Совети кога сте во овулација и плодни денови, што зимате против тегобии? Повраќање,гадење и исцрпеност на телото пред несвестица
Бременоста е сосема поинаква, не се плаши, јас ако споредам овулација и ПМС, во однос на бременост, поарно се бремена да си бидам
@GirlVolley @anggell Значи ја барам темава, влегувам специјално да пишам за мојот проблем и гледам вашите коментари токму за то и говорат. Значиии, пред циклус јас една недела, не знам кај терам. Потење, гадење, ко ќе лежам жештини ме фаќат, вртоглавица и онака си лежам чекам да помини, за мачнините стегам заби да не повратам а тахикардијата на најјако Онака да си се пожалам, поддршка барем да си бидиме ако не друго.. Иначе магнезиум многу поможва, ко ќе појам магнезиум имам заприметено дека се намалени или ептен ако сум со витамини, одморена, добра храна, вода тогаш и знае да ги нема. Ама не и овој пат, вчера и денес сум то е. Ве гушкам
Прв пат од 13 год кога прв пат добив(сега 36) ми доцни 6 дена до денес(бременост исклучена 100%). Сте се соочиле со таков проблем?Од стрес може да се случи? Обично кога сум под стрес добивам и по двапати во месец, ама ова ме буни. Можно е да се работи за менопауза? Ако викендов не добијам понеделник секако ке барам преглед.
6 дена е ништо, се случува од стрес, климатски промени, и едноставно се случува, не е под саат секогаш 28 ден да доага. Мене 15 години ми доага со доцнење по 2 до 6,7 дена секогаш уредни контроли. Не се плаши, не е страшно и далеку од менопауза.
Имам 43 години, 7 дена ми каснеше. 14 дена вулкан во мене од хормони. Ќе добиеш, не се плаши. Има врска и стрес, и промена на време.. Ама мачно е.
Леле и јас исто за ова ја отворив темава да прашам дали е нормално, мене пред да добијам и за време на циклус ми е хаос, едвај на нозе стојам и мислам дека во секој момент ќе се постелам на земја. Од болка во нозете, стомакот, вртоглавица, гадење, дијареа. Ужас како болна да сум. Не ми било вака порано, ама сега од кога сум породена почна вака да ми се дешава, имам страшни вртоглавици и притисокот ми паѓа многу, дури не сум способна детето да го гледам, само си седи и со игра а јас лежам, се осеќам многу грдо што го запоставувам, ама и оно па осеќа и иде цело време ме гушка.
Здраво, ве молам за одговор. Пред три недели правев лапараскопска операција со целосна анестезија и после тоа примав една недела антибиотик, и сега ми касни веќе 8 дена. Бременост е исклучена, а пред тоа цел живот редовно добивање на 28 дена. На гинеколог ќе идам дури за пет дена, во меѓувреме дали некој се соочил со истово? Ви благодарам