Дали ве болат некогаш бубрезите за време на циклус? Мене и оној месец и сега ме болат некогаш за време на менструација бубрезите баш од страните.
Искрено многу се плашам, пошто ме болат ненормално до степен да не можам да лежам на таа страна и тоа само сега. Инаку кога немам менс., не. И минатиот месец и сега исто... А, декември бев на гинеколог, ме гледаше и ми кажа се е ок...
Да. Се ме боли тогаш, цел грб, половина, стомак, бубрези, ма сите органи што се таму, се распаѓам првите 2 дена.
Мене ме боли и половината и бубрезите. Болката во бубрезите не ми е толку силна, ама во половината како скршена да ми е. Заради хорминските промени и ослободувањето на простагландини, нормално е да се јавува болка за време на менс. А бубрезите ти ги гледаа на ехо?? Ако не ти се, прегледај се и тоа, затоа што болката е поинтезивна.
Devojki sakav da prasam iskustva vaka imam neredovna menstruacija no ovaj mesec mi dojde na 35 dena no vo mnogu temna kafeava krv..dali e normalno? Obilno mnogu i temno kafeava krv?
Породена сум ноември 2020. Менструација прва после тоа добив точно пред 1 година, крај на јануари мислам беше. Првите 3 месеци беше нередовна после се стабилизира на 26-27 дена. Е сега последниве 2-3 месеци ми доаѓа првите 2 дена многу оскудно, по 2-3 капки светло кафеав секрет на влошка и на бришење како на крај на добивање и веќе третиот ден протекува нормално и ми трае 4-5 дена после тоа. Прашањево ми е кој ден да го рачунам за прв ден? Дали се рачунаат тие 2 дена додека да пробие? На редовен гинеколошки преглед бев пред 6 месеци и сѐ беше во ред.
Здраво, бев на гениколог денес. Крварам веќе 23 дена и сега ми препиша метилергометрин капки и ми рече да ги пијам и ако не се подобри ништо да одам после 3 дена за да види за друг третман. Ми кажа дека и ако се подобри сепак во наредните 10тина дена да одам на контрола за да се испита што е причината зошто миже пак да се повтори. Искранјно паничам и незнам што да мислам. Дали некоја имала некое вакво искуство да ми каже дали е нешто сериозна работата? И не сум бремена ниту сум имала абортус
На мене така ми беше откако се породив и прв пат добив. Првин ме боцкаа со 3 инекции и ми ги дадоа истите капки да ги пијам и плус некои апчиња. Кај мене престана, сега менструацијата ми е нормална. И не можевме да дознаеме зашто крварев толку време и толку обилно. Ќе престане, не се плаши. Само пиј и Витамин Ц и јади цвекло, месо за да не ти ослабне крвта.
Породена сум пред година и половина циклус си добив на 40 дена . Си добивав најнормално на 27 дена. Сега добив на 18 дена. Знам дека не е ни за паника бидејќи прв пат ми се дешава да крварам помеѓу два циклуси но кога прочитав на гугл ми се стемна од дијагнозите. Дали се испитувале нешто дополнително вака при крварење а не е време за циклус...
Како да не ми се лоши кога ќе видам колку крв губам? Ова почна да ми се дешава последниве пати, претходно не иако долги години добивам.
Од глетката на крв ти се лоши или многу крвариш? Еве за споредба ќе ти кажам за да не се плашиш дека многу крв губиш. Во една нормална менструација, со траење од 7 дена се губат околу 30 мл крв. 7 дена ретко на кого му трае, најчесто 4-5. 30 мл ако го поделиш на 7, испаѓа околу 4 и пол милилитри крв да губиш дневно. Тоа е помалку и од мала лажичка. Сето друго на влошките е друго ткиво, не е крв. Да не се плашиш дека многу ќе искрвариш, 4-5 мл дневно се ништо. Телото може 10 пати повеќе од тоа да произведе крв дневно. Ако имаш ептен обилни и болни менструации, тоа на лекар.
Здраво, ве молам за совет дали некој бил со ситуација како мојата.. имав вонматерична во август, примав 3 дози метатраксат. Крварев скоро 2 месеци. После тоа менструацијата ми беше многу кратка и оскудна. Во октомври примив 2 доза вакцина за ковид. Па имав циста и пиев дабростон. Добив нормално и цистата пукна. Во ноември добив нормално, правев ХСГ и од тогаш немам циклус… 2 пати бев на лекар, бременост не е. Има еден фоликул кој стои така 1 месец, ендометриум тенок. Ми рекоа да пијам дабростон 5 дена по 2… Би ми било од помош било каков совет! Благодарам
Дали кратки менстуации се причина за грижа? Секој месец се пократко ми трае , обично 4 дена беше , е сега почна 3 дена само од кои првите два крвари нормално, а третиот нешто минимално. На интернет читам дека е нормано од 3 дена па се повеќе , ама ајде да ве прашам и вас за мислење
За нормално е нормално, ама и секој организам е различен и нешто ако ти е невообичаено оди на доктор за да си бидеш мирна. Кај мене е секогаш 6,7 дена кај другарка ми 3 дена. Секој е различен.
Здраво девојки. Сакам да прашам од што може да доцни менструација толку многу? Требаше да добијам на 27ми јануари си рачунам по месец јас. Но уште ми нема дојдено. Со дечко ми имаме односи правев случајно тест ама не ни се сомневав на бременост. Мене и онака не ми е редовна. Некогаш имам на месец точно некогаш 1 недела касни некогаш 2 некогаш неколку дена.