Здраво, сега го гледам ова бидејќи истото ми се случува. Имам продолжен циклус и на 11тиот ден отидов на гинеколог, исто ми рече да ги земам тие капки 3*15. Дали имаше некоја нус појава од нив и колку време ги пиеше? Јас баш приметувам сега некоја чудна омалаксана болка во нозете до степен кајшто не можам да се движам. Утре ќе одам на контрола бидејќи веќе 3 дена ги пијам, ама чисто ме интересираше и твое искуство.
Ми касни 9ти ден. Пред три недели пиев апчиња налгесин с и ибупрофен, можда пет шест денови со ред, по неколку во ден. На гинеколог ми закажаа дури за две недели од сега. Прашањето ми е има ли шанси од апчињата да ми касни? А имав тој период и односи, ама не сврши во мене... Има ли место за паника?
Болна бев, и морав да ги пијам тие за болки.. По неколу во ден. Така можда терав 5 - 6 дена, плус температура
Здраво на сите, сакам да прашам нешто бидејќи премногу сум исплашена.. На 23 ти јули имав како кафеав исцедок и мислев дека тоа ќе трае само еден ден пред менструацијата бидејќи така ми е секогаш но еве веќе два дена ми е така а инаку имам баш обилни менструации со многу крв но овој пат не е баш така повеќе е како кафеаво со малку крв.. Утре ќе одам на гинеколог имам закажано но сакам да слушнам ваше мислење и совет дали на некоја и се има истото случено, ви благодарам❤️
Што направи на гинеколог,што ти рекоја? Инаку и јас од јуни па наваму пвие 3 месеци имам само 3 дена најмногу и тоа не обилно и после тоа како кафено малце, и ми мириса чудно и ме фаќа страв не знам што е а инаку ми доаѓа точно на денот не ми доцни ама не знам зошто ми трае помалце а пред јуни претходните месеци ми траело по 5 6 дена..
Може ли некој да ми одговори ако бил во слична ситуација?? Премногу сум исплашена секој ден плачам и се стресирам
Страв ми е нешто да не ми е многу лошо,а пред околу 2 недели и сонував искривени заби и видов дека тоа значи ќе се разболам од некоја болест и уште повеќе се уплашив
Леле девојко... Уште не си отишла на доктор? И дајте бре, не верувајте у се, само дополнителни стресови си праите. Глеаш дека си загрижена поради проблемот и на психа ти се одразува тоа па сонуваш безврска работи и си измислуваш триста сценарија. Ако чекаш и ако е нешто сериозно мислиш поарно ќе си напраиш? Иди веднаш, како 3 месеци ништо не преземаш, а се грижиш и нервираш, барем ќе знаеш што е. Може и за ништо се нервираш.
Секогаш исто не трае, со текот на годините се менува. Тоа што наредните 2 дена кафеаво е, и кај мене е така, првите 3,4 дена имам, наредните 2,3 дена е кафеаво. Плус јас и пред да пробие имам кафеаво. Во однос на ова јас мислам дека е нормално, ама тоа што има мирис оди на гинеколог да не имаш некоја инфекција. Ништо страшно не е, за се има решение Колку си години?
Оди на гинеколог ама ова не е страшно, инфекција ако имаш ќе добиеш терапија, вагиналети, нема што да се плашиш. Остави соновите што велат, тоа потсвеста работи, она што мислиме тоа сонуваме.
Хипотетички и да е нешто страшно (а верувам дека не е ), нема да ти помине ако се плашиш и не одиш на лекар. Не знам колку е на приватно, а мислам дека и секоја ординација си има свој ценовник. Само во твојов случај потребно и микробиолошки брисеви покрај ехото.