1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од emilijakaraivanova, 13 јануари 2010.

  1. jellyfish964

    jellyfish964 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво, сега го гледам ова бидејќи истото ми се случува. Имам продолжен циклус и на 11тиот ден отидов на гинеколог, исто ми рече да ги земам тие капки 3*15. Дали имаше некоја нус појава од нив и колку време ги пиеше? Јас баш приметувам сега некоја чудна омалаксана болка во нозете до степен кајшто не можам да се движам. Утре ќе одам на контрола бидејќи веќе 3 дена ги пијам, ама чисто ме интересираше и твое искуство.
     
  2. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    3.356
    Пол:
    Женски
    Ми касни 9ти ден. Пред три недели пиев апчиња налгесин с и ибупрофен, можда пет шест денови со ред, по неколку во ден. На гинеколог ми закажаа дури за две недели од сега. Прашањето ми е има ли шанси од апчињата да ми касни? А имав тој период и односи, ама не сврши во мене... Има ли место за паника?
     
  3. Michaelalala

    Michaelalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Тест направи?
     
  4. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    3.356
    Пол:
    Женски
    Не. Ме интересира дали може поради апчињата да касни
     
  5. Michaelalala

    Michaelalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Болна ли беше? Може да е од тоа, од стрес, од промена на клима..
     
  6. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    3.356
    Пол:
    Женски
    Болна бев, и морав да ги пијам тие за болки.. По неколу во ден. Така можда терав 5 - 6 дена, плус температура
     
  7. Michaelalala

    Michaelalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Епа може и тоа да е причината ама ако не ти дојде и ти касни уште неколку дена обавезно направи тест
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    7.578
    Пол:
    Женски
    Не, од тие апчиња неможе да доцни.
     
  9. selenophile11

    selenophile11 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, сакам да прашам нешто бидејќи премногу сум исплашена..
    На 23 ти јули имав како кафеав исцедок и мислев дека тоа ќе трае само еден ден пред менструацијата бидејќи така ми е секогаш но еве веќе два дена ми е така а инаку имам баш обилни менструации со многу крв но овој пат не е баш така повеќе е како кафеаво со малку крв..
    Утре ќе одам на гинеколог имам закажано но сакам да слушнам ваше мислење и совет дали на некоја и се има истото случено, ви благодарам❤️
     
  10. Angelaaa11

    Angelaaa11 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2023
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Што направи на гинеколог,што ти рекоја?
    Инаку и јас од јуни па наваму пвие 3 месеци имам само 3 дена најмногу и тоа не обилно и после тоа како кафено малце, и ми мириса чудно и ме фаќа страв не знам што е а инаку ми доаѓа точно на денот не ми доцни ама не знам зошто ми трае помалце а пред јуни претходните месеци ми траело по 5 6 дена..
     
  11. Angelaaa11

    Angelaaa11 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2023
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми одговори ако бил во слична ситуација?? Премногу сум исплашена секој ден плачам и се стресирам
     
  12. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Па не си го прави тој стрес на огранизомот 3 месеци. Појди на гинеколог на контрола.
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angelaaa11

    Angelaaa11 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2023
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Страв ми е нешто да не ми е многу лошо,а пред околу 2 недели и сонував искривени заби и видов дека тоа значи ќе се разболам од некоја болест и уште повеќе се уплашив;(
     
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.239
    Допаѓања:
    12.879
    Пол:
    Женски
    Леле девојко... Уште не си отишла на доктор?
    И дајте бре, не верувајте у се, само дополнителни стресови си праите.
    Глеаш дека си загрижена поради проблемот и на психа ти се одразува тоа па сонуваш безврска работи и си измислуваш триста сценарија.
    Ако чекаш и ако е нешто сериозно мислиш поарно ќе си напраиш?
    Иди веднаш, како 3 месеци ништо не преземаш, а се грижиш и нервираш, барем ќе знаеш што е.
    Може и за ништо се нервираш.
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.493
    Допаѓања:
    10.557
    Пол:
    Женски
    Секогаш исто не трае, со текот на годините се менува. Тоа што наредните 2 дена кафеаво е, и кај мене е така, првите 3,4 дена имам, наредните 2,3 дена е кафеаво. Плус јас и пред да пробие имам кафеаво.
    Во однос на ова јас мислам дека е нормално, ама тоа што има мирис оди на гинеколог да не имаш некоја инфекција. Ништо страшно не е, за се има решение
    Колку си години?
     
  16. Angelaaa11

    Angelaaa11 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2023
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    21 имам
     
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.133
    Допаѓања:
    124.924
    Пол:
    Женски
    Ние тука не сме јасновидци.
    Остај стравот.
    Оди кај гинеколог.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.493
    Допаѓања:
    10.557
    Пол:
    Женски
    Оди на гинеколог ама ова не е страшно, инфекција ако имаш ќе добиеш терапија, вагиналети, нема што да се плашиш.
    Остави соновите што велат, тоа потсвеста работи, она што мислиме тоа сонуваме.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angelaaa11

    Angelaaa11 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2023
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Фала ви за советите,ќе одам на гинеколог,само за ехо да не знаете колку се плаќа на приватно?
     
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Хипотетички и да е нешто страшно (а верувам дека не е ), нема да ти помине ако се плашиш и не одиш на лекар.

    Не знам колку е на приватно, а мислам дека и секоја ординација си има свој ценовник. Само во твојов случај потребно и микробиолошки брисеви покрај ехото.